Промовирани огласи »

Градот Скопје и годинава ќе ги отвори вратите за натпреварувачите од целиот свет кои ќе учествуваат во најмасовната спортска манифестација во нашата земја – Виз ер скопскиот маратон 2021. Деталите за одржувањето на 17-от по ред маратон кој ќе се трча во недела, на 3 октомври 2021 година, беа соопштени на денешната прес-конференција на која се обратија градоначалникот Петре Шилегов, спортскиот директор на Виз ер скопскиот маратон, Кире Синадиновски и атлетичарите Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски.

  • Гордост ми е што годинава, и покрај светската ковид пандемија продолжуваме да го одржуваме Скопскиот маратон, кој стана заштитен знак на нашиот град. Маратонот од година во година расте и стана најголем маратон на Балканот, за што сакам да им честитам на организаторите. Преку оваа традиција стара повеќе од деценија и половина Градот Скопје ги мотивира граѓаните да почнат да се занимаваат со спорт и рекреација. Градот Скопје работи на подобрување токму на таа инфраструктура за да обезбедиме подобри услови за рекреација и за спортување - тартан патеката во Градскиот парк овозможува да се вршат подготовки дури и на професионално ниво. Во организацијата на маратонот годинава се вклучени стотици волонтери и професионалци што е гаранција дека, како и секогаш, маратонот ќе помине во најдобар ред - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Тој се заблагодари на сите вклучени, како и на организаторите на трката кои напорно работат на популарноста на маратонот.

  • Градот Скопје обезбеди целосна логистичка и делумна финансиска помош на организаторите на маратонот, а за учесниците во маратонот, некаде над 7.000 луѓе годинава, што е една фантастична бројка, службите и јавните претпријатија на Градот Скопје се ставаат целосно на располагање со цел во недела да имаме чисти, безбедни и добри коридори за трчање. На нашите рекордери им честитам за нивните значајни успеси во оваа најтешка трка, а на сите учесници им пожелувам добра трка и забава – додаде Шилегов.

Годинешниот Скопски маратон ќе се одржи со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од Ковид 19. Според организаторите, пријавени се околу 7.000 натпреварувачи од 40 земји од светот, со особен фокус на домашните атлетичари.

Стартот на полумаратонот, маратонот и штафетниот маратон ќе биде на 3 октомври (недела) во 8 часот, додека стартот на трката на 5.000 метри е во 8:10 часот од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Натпреварувачите ќе трчаат од стартот, по улицата Бледски договор до булеварот Илинден, десно по булеварот до крстосницата со улицата Љубљанска и по неа право на Московска, па десно по улицата Војвода Васил Чакаларов, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, по улиците Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска република, Трета македонска бригада, Фрањо Клуз, булеварот Јане Сандански до крајот (раскрсница со булевар Србија), пред семафорот со булевар Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по булевар Јане Сандански, Фрањо Клуз, Трета  македонска бригада, Крушевска република, 11 Октомври, по Димитрие Чуповски до раскрсницата десно на булевар Свети Климент Охридски до булевар Илинден, лево кај Влада на Република Северна Македонија до целта, платото пред СЦ „Борис Трајковски“.

Промовирани огласи »

Јунајтед Ерлајнс ги отпушта вработните кои одбиваат да се вакцинираат

„Јунајтед ерлајнс“ отпушта 600 невакцинирани работници

Речиси 600 вработени во Јунајтед Ерлајнс се соочени со отказ поради непочитување на политиката на компанијата за вакцинација против ковид 19.

Мнозинството од 67.000 вработени во компанијата го обезбедиле доказот за вакцинација, кој авиокомпанијата со седиште во Чикаго го побара уште во август. Нивните вработени мораа да обезбедат доказ за вакцинација, или доказ за примање на првата или втората доза од вакцината до крајниот рок на 27 септември.

Речиси 600 работници (593) кои ја одбија вакцината против коронавирус и не поднеле барање за изземање од верски или здравствени причини, сега се соочуваат со губење работа.

Нашата причина за барање да се вакцинираат сите вработени со седиште во САД беше едноставна-да се заштитат нашите луѓе и вистината е оваа: секој е побезбеден кога сите се вакцинираат и барањата за вакцина функционираат, изјавија извршниот директор Скот Кирби и претседателот на компанијата Брет Харт.

Во САД скоро сите што починале од ковид-19 не биле вакцинирани


Можеби ова беше тешка одлука, но зачувувањето на нашиот тим секогаш беше наш приоритет, велат од компанијата.

Дополнителни 2.000 вработени побараа ослободување од новата политика на фирмата. Претходно беше кажано дека оние што се ослободени ќе бидат ставени на привремен, неплатен одмор од втори октомври. Но, тие планови сега се во мирување откако шест вработени поднесоа тужба со која ја оспоруваат ваквата политика.

Промовирани огласи »

Откако „Ројтер“ објави дека Европската Унија (ЕУ) повеќе не гарантира европска иднина за Балканот, следува уште еден шок од Брисел, откако протече уште еден документ според кој што слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање.

ЕУОбсервер утрово го објави ексклузивниот интерен документ на земјите членки во ЕУ - Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата” на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.

Веста одекнува во време кога претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го посетува регионот.

Во контекст на ова, пред неколку дена Франција најави заострување на визниот режим за земјите од Магреб. Франција вели дека има посебно проблем со барања за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека Германија се жали на барања од Албанија и другите три земји од Источното партнерство.

Македонците пак и претставуваат проблем на Белгија, каде ова лето невообичаено се зголемиле барањата. „Нерегуларните” барања за азил од Грузијасе зголемени за повеќе од 50 отсто. За да се активира механизмот за суспензија на слободниот визен режим потребно е зголемување од 50 отсто.

Промовирани огласи »

Сојузот на стопански комори бара продолжување на грејс периодот за враќањето на кредитите од кредитната линија Ковид 3, кои беа дистрибуирани преку Развојна банка, а кои доспеваат на крајот на овој месец.

Како причина го наведуваат фактот што иако економската состојба во земјава се подобрува, ризиците се уште остануваат високи.

Економски состојби во изминатиот период се подобрени, со очекување за постепено и стабилно закрепнување на економија од ефектите на пандемијата во оваа и во наредната година. Но сепак, и покрај поволните движења, неизвесноста во поглед на растот и натаму е висока, ризиците околу проекциите се претежно надолни на краток рок, а најпогодените сектори се уште работат со ограничувања. Во таа насока, а со цел одржување на и така кревката финансиска ликвидност на претпријатијата, ја потенцираме неопходноста за носење одлука за продолжување на грејс периодот за враќање на овие кредфити, велат од ССК во своето соопштение до јавноста.

Согласно објавениот јавен повик за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од Ковид, односдно Ковид 3, беше предвидена директна финансиска поддршка на микро и мали трговски друштва, трговски поединци и занаетчии со рок на отплата до три години, со вклучен грејс период до шест месеци. 

Имајќи предвид дека здравствено-економската криза е се уште присутна, а деловната активност се извршува со ограничувања, обврската за враќање на кредитите добиени преку кредитната линија Ковид 3 кај претпријатијата може да предизвика дополнително нарушување на финансиската нестабилност.

Во таа насока, истакнуваме дека е важно  создавање на можност за одложување на рокот на отплата на бескаматниот кредит од кредитната линија Ковид 3, односно продолжување на грејс периодот, по примерот како што беше направено со Ковид 2 кога со одлуки на Владата, Развојна банка објави јавен повик, со кој се понуди можност за кредитокорисниците на кредити од втората бескаматна кредитна линија Ковид 2, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 месеци.

Барањето за пресликување на истото решение и за кредитната линија Ковид 3 испратено е до Владата на РСМ, до Развојна Банка, како и до Министерството за финансии кое е договорна страна во овој случај, но засега се уште нема одговор.

Постапувањето по поднесеното барање ќе придонесе кон одржување на активноста и ликвидноста на деловните субјекти во услови на криза. Истакнуваме и дека за поддршка на реалниот сектор треба да се размислува се додека имаме на сила рестриктивни мерки за извршување на деловната активност, бидејќи кризата трае премногу долго, а микро и малите претпријатија поради ограничени резерви се најчувствителни и најмалку отпорни на кризни состојби .

Од друга страна пак тие од вкупниот број на активните деловни субјекти во земјава дури 99,8 отсто влегуваат во групата на микро, мали и средни претпријатија. Малите и средните претпријатија, вклучувајќи ги тука и микропретпријатијата, во македонската економија учествуваат со 80 отсто во креирањето на вработеноста во приватниот сектор, што покажува дека тие се всушност столбот на нашата економија“, велат од Сојузоит на стопански комори. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »