Промовирани огласи »

Наскоро ќе почне да се дава трета доза вакцина и во Македонија

Третата доза ќе биде Фајзер, без разлика со која вакцина претходно биле имунизирани граѓаните.

Третата доза вакцина против ковид 19 во Македонија се очекува да се примени наскоро, пишува Алсат.

Првично, властите планираат со третата доза да ги имунизираат лицата со загрозен имунитет и здравствените работници, додека за останатите жители во земјава сѐ уште нема дефинитивен став дали треба или не да се имунизираат со третата доза.

Директорот на Институтот за имунологија во Скопје вели дека кај нас третата доза ќе биде Фајзер, без разлика со која вакцина претходно биле имунизирани граѓаните.

Промовирани огласи »

Статистика објави дека просечната плата изнесува 28.540 денари

Статистички има раст на платите

Просечната плата во јули била 28.540 денари. 

Таа е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42.627, што е за 4,9 отсто повисока од јули 2020 година.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1  отсто), Уметност, забава и рекреација (14.2 отсто) и Други услужни дејности (13.5 отсто).

Но, во земјава растат и трошоците за живот. Веќе има зголемување на дел од цените на прехранбените продукти, а дел допрва ќе поскапуваат. 

Синдикалната кошница за август годинава изнесува 34.342 денари, а зголемена е за 214 денари во однос на претходниот месец јули. 

Промовирани огласи »

ЕДНАШ НЕДЕЛНО ЌЕ СЕ ЛЕТА НА РЕЛАЦИЈА Санкт Петербург – Скопје: Еве ги деталите

Санкт Петербург – Скопје, нова авиолинија на „Нордвинд Ерлајнс“ 👇

Секој вторник ќе може да патувате авионски на релација Санкт Петербург – Скопје.

Новата авиолинија првиот лет ќе го почне од денес кога на скопскиот аеродром треба да слета авионот на „Нордвинд Ерлајнс“ во 13:35 часот.

Информациите се дека првично летот ќе се одвива само во вторник.

Овој лет на погореспоменатата авиокомпанија следат откако во јуни стартуваа директните летови Москва - Скопје.

Промовирани огласи »

ПОПИШАНИ НАД МИЛИОН ГРАЃАНИ: Еве колкумина се попишале од странство

193.370 лица се самопопишале а се водат во странство. Во тек е попишувањето на лица и домаќинства а досега официјално според државниот завод за статистика, се попишани 1.037.309 лица. Според надлежните, нема бојкот за попишувањето а не се пишуваат ниту

193.370 лица се самопопишале а се водат во странство.

Во тек е попишувањето на лица и домаќинства а досега официјално според државниот завод за статистика, се попишани 1.037.309 лица.

Според надлежните, нема бојкот за попишувањето а не се пишуваат ниту казни.

Уште девет дена остануваат до крајот на рокот за попишување.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »