Промовирани огласи »

Што претставува е-трговија?

Е-трговијата претставува начин за побрзо и полесно купување

Е-трговијата претставува купување на стоки и услуги преку интернет во замена за пари и податоци за завршување на трансакција. Првенствено е-трговијата се спроведува преку десктоп компјутер или мобилен телефон. Но, на кој начин всушност  функционира е-трговијата?

Иако е-трговијата може да се одвива преку повеќе електронски уреди,сепак мобилната верзија изнесува скоро две третини од сообраќајот во последните две години. Нешто повеќе од половина од реалната продажба се случила преку телефон.

Во зависност од видот и големината на платформата за е-трговија,клиентите може да имаат можност да пребаруваат по категории за оној производ што сакаат да го купат. Со тоа тие можат да направат и споредба помеѓу неколку продукти пред да одлучат што ќе купат. Откако клиентот ќе се одлучи што ќе купи,патот до купувањето треба да биде прилично лесен.

Голем дел од страниците за е-трговија нудат “Кошничка“,односно електронска количка која што клиентите можат да ја полнат со производите што ќе ги изберат и кога ќе завршат можат да платат за сите продукти наеднаш.

Секој што има пристап до интернет и средства за плаќање по електронски пат може да учествува во е-трговија. Е-трговијата функционира одлично поради нејзината погодност,големиот избор на производи,споредбата која може да се прави помеѓу производите,лесната и брза трансакција и испораката.

Промовирани огласи »

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО АЕРОДРОМОТ: Во терминалната зграда само со вакцина или негативен тест

Се сменија правилата за влез во терминалната зграда на Аеродромот во Скопје


ТАВ Македонија го смени Протоколот за управување со аеродромите во време на пандемија откако Владата донесе нови мерки и препораки за заштита од Ковид-19. Според новите правила од вчера од 21 часот влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување на еден од три сертификати односно пропусници. 


Граѓаните кои сакаат да влезат можат да го сторат тоа со сертификат за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19. За влез може да се приложи и потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од PCR, не постар од 72 часа. Влезот е овозможен и со брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.
„Ова не се однесува на лица под 18 години. Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување , стои во изветсувањето од ТАВ Македонија.

Промовирани огласи »

Од Mastercard најавуваат крај на една ера: Се откажуваат од картичните со магнетна лента

Од 2024 Mastercard ќе започне со повлекување на картичките со магнетна лента

Водечката технолошко-финансиска компанија „MasterСard“ објави дека одлучила да престане со издавање картички со магнетни ленти, пренесува „ВВС“.

До 2033-та година, ниту една од дебитните или кредитните картички на „MasterСard“ нема да имаат магнетна лента, а банките во многу региони, вклучувајќи ја и Европа, ќе можат да издаваат картички без ленти веќе од 2024-та година.

Веќе во 2006-та година, Обединетото Кралство се префрли на плаќање со картичка со помош на чип и ПИН, кој е широко користен низ остатокот од Европа, но магнетните ленти сѐ уште се користат во САД.

„MasterCard“ тврди дека чип картичките како и новите биометриски картички кои користат отпечатоци од прсти нудат поголема сигурност.

Магнетната лента беше развиена во 1960 -тите како дел од проектот на „IBM“ за создавање лични карти за персоналот на ЦИА.

Пандемијата, вели „MasterСard“, го истакна апетитот за различни начини на плаќање, а бесконтактните плаќања што можат да се извршат преку картичка или телефон се зголемија за повеќе од една милијарда трансакции во првиот квартал од 2021-ва година во споредба со истиот период од минатата година.

Промовирани огласи »

Чувствувајте се удобно во вашата канцеларија

Секогаш работете во пријатна канцелариска атмосфера

За време на пандемијата голем дел од луѓето работеа од удобноста на своите домови,но сепак дојде време многумина да се вратат во своите работни канцеларии.

Напуштањето на домот и враќањето во канцеларија може да биде стресно,бидејќи голем дел од луѓето не ги напуштаа своите домови повеќе од една година или пак доколку во меѓувреме сте се одлучиле да го промените работното место,имате и нови соработници кои треба дополнително да ги запознаете и да се вклопите со нив.

Без разлика во која од овие ситуации и да се наоѓате може да направите вашата канцеларија да биде пријатен и безбеден простор.Постојат многу работи со кои што може да направите во вашата канцеларија да владее пријатна атмосфера и да се чувствувате како дома. Може да ставите амбиентални светилки,убав и полн кауч,убави и смирувачки уметнички слики или пак некое растение за да го разубави просторот.

Сите овие додатоци во вашата канцеларија може да ви помогнат да се навикнете побрзо. Секогаш трудете се да работите во смирена атмосфера,да имате фер и коректен однос со вашите колеги и дозволете си да направите кратка кафе-пауза за да може да се опуштите и да бидете повеќе продуктивни во текот на работата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »