Промовирани огласи »

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО АЕРОДРОМОТ: Во терминалната зграда само со вакцина или негативен тест

Се сменија правилата за влез во терминалната зграда на Аеродромот во Скопје


ТАВ Македонија го смени Протоколот за управување со аеродромите во време на пандемија откако Владата донесе нови мерки и препораки за заштита од Ковид-19. Според новите правила од вчера од 21 часот влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување на еден од три сертификати односно пропусници. 


Граѓаните кои сакаат да влезат можат да го сторат тоа со сертификат за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19. За влез може да се приложи и потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од PCR, не постар од 72 часа. Влезот е овозможен и со брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.
„Ова не се однесува на лица под 18 години. Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување , стои во изветсувањето од ТАВ Македонија.

Промовирани огласи »

Од Mastercard најавуваат крај на една ера: Се откажуваат од картичните со магнетна лента

Од 2024 Mastercard ќе започне со повлекување на картичките со магнетна лента

Водечката технолошко-финансиска компанија „MasterСard“ објави дека одлучила да престане со издавање картички со магнетни ленти, пренесува „ВВС“.

До 2033-та година, ниту една од дебитните или кредитните картички на „MasterСard“ нема да имаат магнетна лента, а банките во многу региони, вклучувајќи ја и Европа, ќе можат да издаваат картички без ленти веќе од 2024-та година.

Веќе во 2006-та година, Обединетото Кралство се префрли на плаќање со картичка со помош на чип и ПИН, кој е широко користен низ остатокот од Европа, но магнетните ленти сѐ уште се користат во САД.

„MasterCard“ тврди дека чип картичките како и новите биометриски картички кои користат отпечатоци од прсти нудат поголема сигурност.

Магнетната лента беше развиена во 1960 -тите како дел од проектот на „IBM“ за создавање лични карти за персоналот на ЦИА.

Пандемијата, вели „MasterСard“, го истакна апетитот за различни начини на плаќање, а бесконтактните плаќања што можат да се извршат преку картичка или телефон се зголемија за повеќе од една милијарда трансакции во првиот квартал од 2021-ва година во споредба со истиот период од минатата година.

Промовирани огласи »

Чувствувајте се удобно во вашата канцеларија

Секогаш работете во пријатна канцелариска атмосфера

За време на пандемијата голем дел од луѓето работеа од удобноста на своите домови,но сепак дојде време многумина да се вратат во своите работни канцеларии.

Напуштањето на домот и враќањето во канцеларија може да биде стресно,бидејќи голем дел од луѓето не ги напуштаа своите домови повеќе од една година или пак доколку во меѓувреме сте се одлучиле да го промените работното место,имате и нови соработници кои треба дополнително да ги запознаете и да се вклопите со нив.

Без разлика во која од овие ситуации и да се наоѓате може да направите вашата канцеларија да биде пријатен и безбеден простор.Постојат многу работи со кои што може да направите во вашата канцеларија да владее пријатна атмосфера и да се чувствувате како дома. Може да ставите амбиентални светилки,убав и полн кауч,убави и смирувачки уметнички слики или пак некое растение за да го разубави просторот.

Сите овие додатоци во вашата канцеларија може да ви помогнат да се навикнете побрзо. Секогаш трудете се да работите во смирена атмосфера,да имате фер и коректен однос со вашите колеги и дозволете си да направите кратка кафе-пауза за да може да се опуштите и да бидете повеќе продуктивни во текот на работата.

Промовирани огласи »

СЕ ОГЛАСИЈА БАНКАРИТЕ: Надминат е проблемот со истечените лични карти, банките ќе прифаќаат и важечки пасош и потврдата од МВР

Откако граѓаните имаа големи проблеми и не миожеа да си извадат пензии и социјално од банка поради заглавениот Закон за лични карти

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, а со заложби за изнаоѓање решение и од страна на Народната банка, надминат е проблемот во врска со непреченото користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта.

Имајќи го предвид добиеното мислење известуваме за следното: Согласно со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како документ за идентификација на банкарските клиенти, покрај личната карта може да биде земена предвид и патната исправа (пасош). Оттука, граѓаните коишто имаат важечка патна исправа (пасош), а немаат важечка лична карта, услугите и производите од својата банка / штедилница може да ги користат со приложување на важечката патна исправа, објаснуваат банкарите.

Притоа, како што велат, се имаат предвид и законските одредби, согласно со кои важноста на одредени патни исправи се продолжува до 31.12.2021 година.

Во случаите кога граѓанинот – постоечки клиент на банка/штедилница не поседува ниту валидна патна исправа – пасош или патна исправа со важност продолжена до 31.12.2021 година, ниту валидна лична карта, за користење на услугите и производите на банката/штедилницата на којашто е клиент, ќе може својот идентитет да го потврди врз основ на увид во матичниот број на граѓанинот наведен во потврдата издадена од Министерството за внатрешни работи дека е поднесено барање за издавање на нова лична карта и дека постапката за издавање е во тек. Конкретно, станува збор за потврдата којашто редовно се издава при аплицирање (фотографирање) за нова лична карта, објаснуваат од МБА.

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки и штедилници веднаш започнуваат да го применуваат ваквиот начин на идентификување на клиентите коишто немаат валидна (важечка) лична карта, овозможувајќи им непречено користење на своите услуги и производи.

Истовремено ја известуваме јавноста дека согласно со добиеното мислење од Управата за финансиско разузнавање, банките и штедилниците се должни за клиентите коишто во моментот немаат ниту валидна лична карта ниту валидна патна исправа, во најкус можен рок од моментот на добивањето на важечка лична карта или патна исправа, да направат ажурирање на документите и податоците за клиентот. Оттука, клиентите коишто во моментот немаат ниту важечка лична карта ниту важечка патна исправа (пасош), по добивањето на нов документ треба да ја контактираат својата банка / штедилница, со цел навремено ажурирање на податоците, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »