Промовирани огласи »

Високите цени на златото ги принудуваат многумина да се одлучат за поевтини алтернативи како што е платината, која е за 46 проценти поскапа од почетокот на оваа година.

Платината во моментов е „занемарена ѕвезда“ на пазарот на скапоцени метали.

Нејзината цена на светскиот пазар достигна износ од 1.272 долари за унца кон средината на оваа недела, што е највисок износ од февруари 2021 година.

Малку подоцна, тој износ беше намален, што е сепак повеќе од една третина од цената на златото за унца. Имено, златото вчера се тргуваше за 3.430 долари, што е помалку од рекордните 3.500 долари за унца во април.

Побарувачката за платина особено се зголеми во Кина, која увезе 11,5 тони платина во април, што е најмногу во последната година.

Светскиот совет за инвестиции во платина (WPIC) очекува глобалната побарувачка за накит од овој скапоцен метал годинава да се зголеми за пет проценти.

Сепак, експертите од Банката на Америка предупредија дека зголемувањето на глобалната побарувачка за само еден процент би можело да го удвои дефицитот на овој скапоцен метал.

Тагови: злато платина

Промовирани огласи »

Вредноста на доларот е на најниско ниво во последните три години. 

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути минатата недела се намали на најниско ниво за повеќе од три години, но во петокот поради конфликтот меѓу Израел и Иран малку ја подобри својата вредност. 

Минатата недела индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, се намали за 1,1 процент на 98,14 поени. Вредноста на еврото се зголеми за 1,4 проценти и се тргуваше за 1,1550 долари.

Американската валута ослабе и во однос на јапонскиот јен, за 0,5 проценти, при што доларот се намали на 144,10 јени.

Намалувањето на вредноста на доларот која се случува втора недела по ред во голема мера се должи на неизвесноста на инвеститорите околу нејасната и каприциозна тарифна политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Поради тоа, индексот на доларот се намали на само 97,80 поени во четврток, што е најниско ниво од март 2022 година.

Тагови: долар Доналд Трамп

Промовирани огласи »

Според мнозинството испитаници во анкетата на МојеДело, состојбата на словенечкиот пазар на трудот ќе остане стабилна, но уделот на оние кои предвидуваат зголемување на невработеноста расте.

Анкетата, исто така, покажа дека 70 проценти од вработените активно или пасивно бараат нова работа, што е највисоко од пандемијата на Ковид-19, објавува SEEbiz.

Според резултатите од анкетата, 30 проценти од вработените активно бараат нова работа, што е за 15 проценти повеќе од минатата година и за 25 проценти повеќе од 2022 година.

Пазарот на трудот е пожив од кога било досега. Пониската перцепција за сигурност на работното место и желбата за подобри услови ги тераат луѓето да размислуваат за промена на работното место, ја сумираше анкетата Андреја Шобар, раководител на маркетингот на порталот.

Како што истакна МојеДело, платата веќе некое време не е главен мотиватор за вработените. Позитивната работна средина, рамнотежата помеѓу приватниот и работниот живот и близината до работното место станаа главни приоритети.

Позитивната работна средина беше истакната како најважен фактор од десет проценти повеќе испитаници во овогодинешната анкета отколку во минатогодишната.

Важноста на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, исто така, значително се зголеми, со 20 проценти повеќе споменувања отколку минатата година, додека интересот за динамична или разновидна работа значително се намали за 16 проценти.

Foto: Pexels.com

Тагови: нова работа Словенија

Промовирани огласи »

3 Јасни знаци дека е време за нова работа

Ако се пронајдеш барем во еден од овие – слушај го тој внатрешен глас што шепоти „време е да се движиме.“

Не е лесно да направиш чекор напред, но понекогаш е најздравата одлука што можеш да ја донесеш. Доколку се продаоѓаш во некои од овие знаци, размисли дали твоето работно место е она во кое се гледаш на долг рок. Не оставај времето да ја направи твојата одлука.

1. Веќе не растеш и не се развиваш

Работата ја знаеш „на слепо“, сè ти е рутина, а нови предизвици – никаде на повидок. Колку и да изгледа удобно, стагнацијата на долг рок те заморува и ја гаси мотивацијата.
👉 Време е да побараш средина каде ќе учиш, ќе растеш и ќе блескаш.

2. Не си во согласност со менаџерот

Твојот шеф има сосема поинаква визија од тебе – и уште полошо, не вложува во твојот развој. Ако нема простор за преместување или промена, ова може сериозно да го кочи твојот раст.
👉 Здрав однос со лидер е основа за напредок – ако го нема, време е за нова насока.

3. Културата е токсична

Озборувања, недоверба, прекршени граници… Звучи познато? Ако околината ти ја троши енергијата повеќе отколку што ти дава, тоа е големо црвено знаме.
👉 Запомни: токсична култура никогаш не вреди. Побарај место што те поддржува, не исцрпува.

Запомни – твојата кариера е твоја одговорност. Доколку не растеш, не се чувствуваш слушнат или не можеш да веруваш на луѓето околу себе... можеби е време да им кажеш: „Фала, следен!“ 

Тагови: нова работа отпуштање отказ работа под притисок совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »