Промовирани огласи »

Од 1-ви јули конечно без роаминг со соседните земји

Слободно ќе се зборува.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од 1ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Промовирани огласи »

Над 9.000 денари ќе изнесува К-15 годинава за вработените во јавната администрација.

Оваа година и тие ќе добијат К-15.  Од граѓанскиот синдикат УПОЗ информираат дека тоа е минималната сума која им следува на вработените со граѓанскиот колективен договор, а оние кои имаат и колективен договор на ниво на работодавец, според предвиденото во него, ќе добијат и повеќе.

Стопанството излезе со остри реакции за одлуката на Владата со ребалансот на буџетот да се одвојат пари за К-15 за административците. Сметаат дека тоа е непродуктивно. 

Работниците во приватниот сектор претходните години добиваа К-15. Обврската за исплата на регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15 беше воведена во 2014 година. Се предвидува дека работникот има право на овој регрес само доколку работел најмалку шест месеци во текот на годината кај еден ист работодавец. Овој приход се исплаќа еднаш годишно најдоцна до 31 декември во годината. 

  

Промовирани огласи »

Низ ЕУ ќе се патува со „зелен пасош“ – Еве кои се условите за добивање

Eвропратениците го одобрија воведувањето дигитални зелени сертификати од 1 јули, објави денеска Европскиот парламент.

Во Стразбур во вторникот вечерта на пленарната сесија , европратениците го одобрија воведувањето дигитални зелени сертификати од 1 јули, објави денеска Европскиот парламент.

Иницијативата беше претставена од Европската комисија на 17 март, по што беше покрената итна постапка за воведување на сертификатите.

Цел на иницијативата е да воспостави униформни европски правила за прекугранично движење пред летната туристичка сезона, да ги зајакне патувањата и да предизвика економско закрепнување, со отстранување на сомнежите создадени од различен национален карантин, тестирање и други мерки.

Дигиталниот зелен сертификат, кој ќе се применува за период од 12 месеци, ќе служи како доказ на три работи. Дека лицето било заболено, примило доза или имало негативен тест во последните 72 часа.

Тоа нема да биде предуслов за слободно движење и нема да се смета за патна исправа.

Сертификатот ќе биде достапен во дигитална и хартиена форма и ќе содржи QR-код. Истиот ќе се издава бесплатно од националните власти.

Обезбедени се и 100 милиони евра за набавка на тестови за да се направи тестирањето достапно и прифатливо за граѓаните.

Доколку некои држави одлучат да воведат дополнителни ограничувања, Агилар истакна дека „тие мора да им го кажат тоа на граѓаните 48 часа однапред и 24 часа пред да стапат на сила овие мерки“.

Дидие Рејндерс, комесарот за правда на ЕУ, рече дека дигиталниот зелен сертификат е резултат на заедничката посветеност на трите институции за постигнување конкретни резултати за граѓаните на ЕУ.

Промовирани огласи »

Утре се отвора нова зоолошка градина во Скопје

Ново катче со животни.

Во склоп на средното ветеринарно и земјоделско училиште „Браќа Миладиновци“ утре се отвора зоолошка градина. 

Оваа зоолошка градина во дворот на училиштето постои веќе повеќе години, која служела како практична настава за учениците, од утре таа официјално ќе биде отворена за сите посетители. 

Во моментов има дваесетина видови на животни или околу 50 единки. Лами, носести мечиња, пони коњчиња, елени, срни, домашни животни, како и многу птици се дел од зоолошката. 

Влезот е слободен, односно со донирање на симболична сума, секој ќе може да влезе, велат од училиштето. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »