Промовирани огласи »

Крај на ерата на евтини летови?

Дали евтините билети ќе станат минато?

Германското здружение за воздушен транспорт формулираше список на барања и им се обраќати на политичарите во форма на отворено писмо, со цел да се осигура дека оваа индустрија ќе расте кога ќе помине корона-кризата. Здружението ги застапува интересите на авиокомпаниите, аеродромите и контролата на летовите.

Здружението бара начин да го намали бројот на авиони во воздухот, бидејќи поради преоптовареноста на небото, понекогаш се чека со часови за одобрување да полета.

Тие забележуваат дека има компании кои ги намамуваат патниците со евтини билети за 9,99 евра. Здружението повикува на воведување анти-дампинг мерки и да се спречи паѓањето на цената на билетите. Идејата е да се ограничи минималната цена на билетот, во однос на сите такси, надоместоци и трошоци што ги има аеродромот. Бидејќи само еден данок во Германија е 12,90 евра, евтините билети ќе станат минато.

Според правилата на ЕУ, доколку летот се одложи повеќе од три часа, патниците имаат право на надомест на штета од 250 до 600 евра. Германците сакаат да го променат ова правило. Во моментот, нема пари да се враќаат ако има вонредни околности, а се случува судот да биде тој што ќе одлучи дали нешто е вонредна околност или не.

Здружението има уште еден проблем со ова правило. Ако летот од Мајорка до Хановер, на пример, треба да биде откажан поради технички проблеми, компанијата не е мотивирана да организира брз заменски лет во рок од три часа, бидејќи тоа е невозможно во тој период, па ако дефинитивно ќе плаќа надомест, тогаш заменскиот лет го организира дури за следниот ден.

Од Здружението сметаат дека луѓето попрво би пристигнале дома или на одмор на време, затоа тие бараат овој рок да се смени и да им се даде пет часа можно одложување.

Промовирани огласи »

СЗО: Пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година

Вирусот ќе продолжи да постои, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувања. Тоа е оптимистичката порака, рече Клуге.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека верува оти пандемијата на коронавирусот ќе заврши на почетокот на 2022 година.

Клуге за данската државна телевизија „ДР“ изјави дека ширењето на Ковид-19, сепак, ќе доминира во општеството и во 2021 година, но ќе биде многу поконтролирано од 2020 година.

Посочувајќи дека најлошите сценарија веќе завршија, тој кажа дека сега има повеќе информации за вирусот отколку во 2020 година, кога првпат почна да се шири.

Тој, меѓутоа, предупреди дека никој не може да биде сигурен за иднината на пандемијата.

-Вирусот ќе продолжи да постои, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувања. Тоа е оптимистичката порака, рече Клуге.

Експертот на СЗО додаде дека појавата на варијантите на вирусот е нормална и дека вирусот се обидува да се прилагоди, но брзото ширење на мутациите останува загрижувачка појава за СЗО.

Клуге рече дека мутациите нема да го стават вирусот надвор од контрола, но истакна дека земјите чии здравствени системи веќе биле под притисок може да се најдат под уште поголем притисок, принудувајќи ги многу сериозно да ги сфаќаат новите варијанти на вирусот.

Промовирани огласи »

Нов максимум: Биткоинот надмина вредност од 57.000 долари!

Биткоин ја достигна највисоката вредност до сега!

Биткоинот денес скокна над 57.000 долари, соборувајќи го својот последен рекорд од 54.880 долари. Вредноста на најпознатата криптовалута сега е околу 57.400 долари.

Од почетокот на 2021 година, оваа моќна монета се зајакна за 72 отсто, особено откако компанијата за е-возила, „Тесла“, објави дека вложила дури 1,5 милијарди долари во набавка на виртуелната валута.

Исто така, инвеститорите покажаа голем интерес за биткоинот, што го поттикна растот. Компаниите започнаа масовно да најавуваат прифаќање на биткоинот, и прашање на време е кога тие ќе станат регуларно платежно средство.

Промовирани огласи »

Осум невработени се борат за едно работно место

Тешко до работа

Teшко се доаѓа до работно место во Бугарија. Кај источниот сосед осум невработени се борат за едно работно место. 

Податоците по општини покажуваат уште поголеми разлики. Во 64 општини бројот на невработени лица за едно слободно место е под националниот просек (8), а во 12 општини тој е над 100.

Ова го покажуваат податоците на Институтот за пазарна економија за односот помеѓу бројот на невработени и бројот на слободни работни места заклучно со 31 јануари 2021 година, објави БГНЕС.

„Индикаторот е важен затоа што го зафаќа степенот на конкуренција на локалните пазари на труд и е чувствителен на двата главни фактори – понудата на работни места во канцелариите за вработување и побарувачката од страна на регистрираните невработени”, наведува Институтот.

Бугарија е една од најсиромашните земји во ЕУ. Платите во оваа земја се исто така меѓу најниските во унијата. 

foto freepik

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »