Промовирани огласи »

Годинава нема да се плаќа персоналец за К-15 над минималната сума

Нема персоналец за К-15 над минималната сума за работниците

Компаниите кои годинава на своите работници ќе им исплатат К-15 во висина над минимално утврдената, односно повисока од 40 проценти од просекот на трите последни објавени републички плати, ќе бидат ослободени од плаќање данок за тие средства.

Ова било пренесено од владините претставници при презентацијата на петтиот пакет економски мерки на седницата на Економско-социјалниот совет во понеделникот. Претседателот на ССМ Дарко Димовски за весникот ВЕЧЕР вели дека ова е добро, стимулативно решение за работодавците да исплатат повисок регрес за годишен одмор. Освен ова, вели тој, со средствата што ќе им останат од неплатениот персоналец ќе можат да ги стимулираат работниците.

Промовирани огласи »

Само оние граѓани кои ќе примаат две дози од вакцината против Ковид 19 ќе можат да патуваат во странство

Вакцината сепак не ги штити 100 проценти граѓаните.

Само оние граѓани кои ќе примат две дози од вакцината против Ковид 19 ќе можат да патуваат во странство. Директорот на здравствен дом Скопје вели закажувањето оди строго преку веб порталот Вакцинација.мк и мој термин. Втората доза ќе се прима по 21 ден од првата. Имунизацијата ќе се врши во неколку скопски поликлиники и тоа во две смени. Дневно  по околу  200 граѓани ќе можат да дојдат на ред за вакцина во секој од диспанзерите.

Исијановски очекува во депото на клиниката Битпазар да пристинат над 100.000 вакцини по што ќе се распределат во главниот град. Медицински тимови од тројца лекари и  три медицински сестри ќе ги аплицираат вакцините за што веќе ја поминале обуката. 

Како член на комисијата за заразни болести Исијановски за сега вели не се предвидени нови рестриктивни мерки но се зависи од состојбата со новозаразени. Вакцината не ги штити 100 проценти граѓаните иако ќе допринесе населението да се чувствува по релаксирано, но се додека се на сила мерките, ќе носат маски. 

Промовирани огласи »

Вкупно 29 мерки кои вредат 160 милиони евра содржи петтиот пакет, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Од овие 97,7 милиони евра се директни буџетски средства.

Мерките, како што рече Заев се во четири столбови - директна финансиска помош за секторите, туризам занаетчиство индустрија за настани...

Вториот стол е за ликвидност која ќе се зголемува бескаматни кредити во кои ќе има и неповратна компонента

Третиот е креирање поволно деловно опкружување со ситемско редефинирање, намалување на парафискални давачки, а четвртиот е поддршката за граѓаните.

Првата мерка е финансиска поддршка за плати за вработените - вредна 1,920 милијарди денари. Ќе се оддржуваат плати за февруари и март годинава со што се очекува да се поддржи исплата на плати на 60.000 работници месечно. Финансиската поддршка ќе биде скалеста од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен за да се поддржат во домашните компании во зависност од тоа колкав е падот на приходот во месеците ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година. Значи трите месеци со истите три месеци од претходната година, рече премиерот.

Ги добиваат кои имаат пад во работењето повеќе од 30 отсто во тие месеци.

Мерката 1. е опциона и компаниите имаат можност да ја користат неа или мерката 2. Таа е кредити со камата нула во дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватни здравствени установи. Оваа мерка е во висина од 10 милиони евра и може да се аплицира во текот на оваа година. Во зависност од вкупниот поголем обем на работа и добивката скалесто може да добијат и неповратен дел од кредитот од 30 до 50 проценти од самиот кредит.

Ова е последно помагање со плати. Премиерот рече дека државата секако е овде за помош како што ќе има потреба.

Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои Петтиот пакет економски мерки креиран за да обезбеди ревитализирање, стабилност и развој на економијата во услови на здравствена криза.

Пакетот 5 за стабилна и развојна економија е креиран врз основа на континуираното следење на состојбата и економските параметри, како и преку консултации со сите чинители во општеството во насока на продолжување на мерките од претходните четири сета мерки.

Мерките што се опфатени имаат за цел рестартирање на економијата и враќање на стапките на економски раст во интервал од 4-5% од пред настапување на кризата, и за директна поддршка на стопанството, компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните за подобрување на животниот стандард и работните услови.

Заради остварување на наведените цели, вредноста на предлогот за Петтиот сет мерки е проценет на 9,773,100,000 денари или 158,912,195 евра.

Предлог мерките од Петтиот сет економски мерки се систематизирани во 4 главни столбови: 1. Директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните кои работат во секторите кои се уште имаат последици од пандемијата. 2. Финансиска поддршка на ликвидноста на граѓаните и приватниот сектор со цел задржување и/или зголемување на бројот на работниците како и процесот на заздравување на компаниите. 3. Креирање на поповолно деловно опкружување (Системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на други парафискални давачки и даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки). 4. Поддршка за граѓаните.

На оваа своја седница Владата го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство и ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, најдоцна до 25 февруари 2021 година.

На денешната седница Владата ја усвои Информацијата за Проектот за човечки капитал и за изработка на Стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Република Северна Македонија во соработка со групација Светска банка.

Проектот за човечки капитал претставува глобален одговор на групацијата Светска банка за мобилизација на земјите и партнерите, насочен кон унапредување на условите за живот и за зголемување на инклузивноста за економски раст на земјите партнери на Светската банка.

Со заклучок од денешната седница, за лица за контакт и координација на процесот за изработка на Стратегијата за унапредување на човечкиот капитал во земјата се назначени советниците на претседателот на Владата Нина Фити и Ванчо Узунов, а работната група ќе ја сочинуваат и претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2021 година на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник ); и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник ).

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја разгледа и усвои Информација со Предлог – барање за автентично толкување на членот 49 став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до Собранието на Република Северна Македонија.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »