Промовирани огласи »

Twitter: Трамп никогаш повеќе на нашата социјална мрежа Кајгана | пред еден час

Твитер му забрабрани секаков пристап на Трамп засекогаш

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш повеќе не може да има Twitter налог, изјави финансискиот директор на социјалната мрежа, Нед Сегал.

Вака нашите правила функционираат: Кога еднаш сте отстранети од нашата платформа, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, директор или поранешен или актуелен функционер, изјави Сегал за CNBS.

Тој додаде дека правилата се одредени за да не можат луѓето да поттикнуваат насилство, а доколку тоа го направат тогаш се отстрануваат од Twitter, така да никогаш не можат да се вратат.

Ако Трамп се одлучи повторно да се кандидира за претседател нема да може да има налог, посочи Сегал.

Во јануари трајно е укинат налогот на Twitter на Трамп, по упадот на неговите приврзаници во Конгресот.

Промовирани огласи »

Според најновите податоци, WhatsApp доживеа ненадеен пад на новите преземања во услови на голем пораст на популарноста за ривалските апликации за пораки како „Сигнал“ и „Телеграм“.

Преземањата паднаа за повеќе од 2 милиони во периодот од 5-12 јануари во споредба со претходната недела, намалувајќи се на 10,6 милиони.

Податоците на фирмата за анализа на апликации Sensor Tower, откриваат дека оваа бројка сега е помала од таа на „Сигнал“ и „Телеграм“, кои забележаа 17,8 милиони и 15,7 милиони преземања соодветно во истиот временски период.

Намалувањето на побарувачката за апликацијата во сопственост на Фејсбук следи по раширеното незадоволство од тоа како ги третира податоците на корисникот.

Поп-ап порака испратена до нејзините 2 милијарди корисници ги замоли да ги прифатат Условите на услугата за нејзината политика за приватност пред 8 февруари или во спротивно ќе го изгубат пристапот до апликацијата.


Корисниците надвор од Велика Британија и Европа сега ќе бидат предмет на договор за споделување на податоци помеѓу WhatsApp и Facebook, кој ќе гледа приватни детали како телефонски број, IP адреса и информации за прелистувачот.

Егзодусот го испаничи тимот на WhatsApp, кој неделава објави реклами на цела страница во весниците во Индија, барајќи од корисниците да не се откажуваат од апликацијата.

„WhatsApp ја почитува и заштитува вашата приватност“, се вели во пораката, која се појави на насловната страница на „Индијан експрес“ и „Хинду“, како и во осум други весници.

„WhatsApp не може да ги гледа вашите приватни пораки, или да ги слуша вашите повици, а не може ниту Facebook. Секоја приватна порака, фотографија, видео, говорна порака и документ што ќе им ги испратите на вашите пријатели, семејство и соработници во единечните или групните разговори се заштитени со енкрипција од крај до крај. Секој разговор останува меѓу вас “.

Исто така, значителен број конзервативни корисници ја напуштија платформата откако Facebook им се придружи на останатите големи социјални платформи во забраната на Доналд Трамп и неговите најекстремни следбеници од нивните платформи.

Масивниот прилив на нови корисници кон „Телеграм“ го натера основачот на апликацијата да ја опише како „најголемата дигитална миграција во историјата на човештвото“.

Промовирани огласи »

Првата пратка вакцини за Македонија пристигнува утре од Србија

Утре ќе пристигнат вакцини во Македонија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре на граничниот премин Табановце ќе ја достави првата пратка вакцини за Македонија, објави а1он.

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче ќе ја пречека спрската делегацијата предводена од претседателот Александар Вучиќ.

Промовирани огласи »

Дали работникот што ќе работи во недела ќе добие 50% повисока дневница и слободен ден?

На кого ќе му биде дозволено да работи во недела?

Законското решение кое овозможува недела да биде неработен ден е во последни подготовки. Многу брзо се очекува предлог Законот да влезе во собраниска процедура. Во примена новиот Закон за работни односи кој ќе предвидува нови правила за недела да биде неработен ден се очекува да почне да се применува на терен од септември. Синдикатите ја поздравуваат оваа иницијатива но бараат строга контрола од страна на инспекторатот за труд. Бизнисмените сметаат дека загубите во оваа криза дополнително ќе се продлабочат.

Со последната измена на Законот за работни односи се предвидува недела да биде неработен ден. Ова Законско решение предвидува ден на неделен одмор, велат од Министерството за труд и социјална политика. Исклучок се дејностите кои се неопходни за непречено функционирање на општеството и дејности во кое е неопходно одржување на континуитет на работниот процес. Исклучоците се однесуваат во делот на пример: снабдување со вода, отстранување на отпад, сообраќајот, како копнен така и воздушен и воден транспорт. Социланата и здравствена заштита, пожарникарската служба, царинската служба, објави bankometar.mk.

„За работниците кои ќе работат во недела предвиден е надомест на плата кој што е соглсасно закон и колективен договор. Дополнително работникот во овие дејности кои се наведени како исклучоци во предлог законот покрај надоместокот за работа во недела ќе добиваат и слободен ден за што се уште се преговара во Економско – социјалниот совет. Надзорот ќе биде на државниот инспекторат за труд, работодавачите од наведените дејности од исклучоците, мора да пријават дека дел од нивните работници на одредени работни позиции ќе работат во недела. Доколку државниот инспекторат за труд направи увид, по допрен глас, или по друга пријава од страна на работници и се утврдат прекршување на правилата тогаш се препишува казна затворање од 15 до 30 дена, тоа уште се договара. И прекршочна мерка во паричен износ согласно законот за прекршоци“, велат од министерството за труд и социјална политика.

Според планот, во недела ќе работат бензинските пумпи, трговијата со струја, секој вид на транспорт, угостителскиот сектор, медиумите, болниците, телекомуникацискиот сектор, противпожарната служба, погре балните услуги, комуналните дејности, музеите, зоолошките градини и останати дејности кои овој период се дефинираат. Во делот на трговската мрежа, предлог Законот предвидува да работат само трговски објекти до 200 квадратни метри површина кои се во склоп на бензиски пунпи на граничните премини на аеродромите, автобуските станици и железничките станици. Останатите трговски објекти законското решение вели дека нема да работат во недела, додаваат од ресорното министерство.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »