Промовирани огласи »

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, во синоќешното гостување во „Дневник“ на Сител рече дека 34 дејности ќе можат да работат и в недела според драфт-верзијата на Законот за работни односи кој се очекува Владата да го испрати во Собранието

"Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела“, рече Битиќи, коментирајќи го предлог-законот кој Владата го најави уште во својата изборна програма.

Она за што се уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната.

И Сојузот на синдикати на Македонија потврди дека ќе има зголемена дневница и слободен ден за работа во денот недела.

Промовирани огласи »

Помалку од еден месец по напуштањето на Белата куќа, годишните извештаи за јавно објавување на финансии на Иванка Трамп и Џаред Кушнер покажуваат дека парот заработил меѓу 23,791,645 и 120,676,949 долари во комбиниран приход надвор од нивните поранешни позиции како помошник на претседателот и висок советник во Белата куќа.

Како и многумина од нас и тие се погодени од пандемијата која остави милиони невработени (всушност не се баш како сите нас). Во нивните финансиски обелоденувања за 2019 година, тие пријавиле комбиниран приход помеѓу 36.151.214 и 157.020.085 американски долари - што покажува забележителен пад кога ќе го погледнете опсегот на нивните приходи. 

Од каде доаѓа овој нејасен, но неверојатно висок опсег на приход? Па, Трамп пријави голем број фиксни исплати. И ова не е ново. Таа го направи овој договор со неколку субјекти за да спречи комплицирана ситуација во која требаше да има удел во перформансите на компаниите додека истовремено работеше во Белата куќа (поради голем судир на интереси).

Трамп, исто така, сè уште има интерес и прима исплати од хотелот „Трамп Интернешнл“ во Вашингтон. Во претходните години, таа добила скоро 4 милиони долари од овој финансиски холдинг; сепак, во 2020 година, таа пријавила дека добила само 1.463.449 долари. Нејзините пријавени приходи се движеле од некаде од 5 милиони до 25 милиони до 100 001 до 250 000 американски долари. Ненадејното намалување не е објаснето во нејзиниот извештај за финансиско обелоденување и нема запис за продажба на значителен дел од нејзиниот удел во имотот.

За разлика од претходните години, кога Трамп добиваше приходи од бизниси во кои, наводно, ги отстапила своите интереси пред да почне со владината работа, оваа година не добила никакви исплати.  Во тоа време, таа пријавила дека добила кирија или авторски права од 100.000 до 1.000.000 американски долари од Деловниот Фонд Иванка М. Трамп, кој е составен од нејзините различни брендирани модни компании и трговски марки. 

Но, кога зборуваме за исплати од кирија и авторски права, Кушнер, исто така, добива значителен пасивен приход од слични аранжмани благодарение на неговите инвестиции во недвижнини. Иако распродаде некои од нив кога влезе во државната служба, тој го задржа огромното мнозинство на имоти во своето портфолио што значи приход од милиони за кирија и хонорари секоја година.

Според неговиот извештај за финансиско обелоденување, тој имал контроверзна каматна стапка за фирмата за технологија на недвижнини Cadre, и покрај тоа што е означено како можен судир на интереси од моментот кога започнал да работи во Белата куќа. Во февруари 2020 година, тој конечно се обврза да го продаде својот удел од 25 до 50 милиони долари поради загриженост за меѓународните деловни зделки на компанијата.

Иако Трамп и Кушнер пријавуваат помалку приходи, тие не пријавуваат загуба. Милиони луѓе во САД доживеаа финансиска загуба и ќе продолжат да доживуваат нестабилност и по завршувањето на пандемијата. 

Промовирани огласи »

Ангажирањето на вистинскиот кандидат за отвореното работно место во компанијата е лесно кога имате јасен победник уште во процесот на интервјуирање. Но, што прават менаџерите кога се појавуваат подеднакво квалификувани кандидати за работа? Фрлањето паричка може да изгледа примамливо, но тоа не само што може да ги наведе на погрешен избор, туку и може да го намали ангажманот на вработените.

  • Кој од кандидатите повеќе би покажал подобри резултати при вршење на задачите?
  • Кое е „тајното оружје“ на секој од кандидатите?
  • Кој од нив ќе се вклопи во принципот на работа на компанијата?
  • Колкави се амбициите на кандидатите?

Овие 4 прашања најчесто успешно го издвојуваат кандидатот кој им е потребен на менаџерите за конкретното работно место. 

Кога се работи за резултатите, важно е кандидатот да има постоечки успех во браншата во која функционира. Настојувањето за конкретни факти и бројки им помага на менаџерите да одлучат дали баш тој кандидат одговара за потребите на работното место. 

Разговараат со вработените кои работат во одделот или се на истата позиција за да дознаат кои се најважните вештини при справување со обемот на работа. Или, ако го ангажираат првиот човек за отвореното работно место, контактираат со некој од нивната мрежа на вработени кој има практично искуство за истото работно место.

Потенцијалните вработени мора да се усогласуваат со принципите на вашата компанија, вклучително и работниот простор, а важно е и дали поседуваат вистински темперамент и емоционална интелигенција. Кандидатот кој подобро се вклопува во нивните постоечки принципи, најверојатно ќе биде еден од 19% кои ќе постигнат недвосмислен успех.

Амбицијата е меч со две острици. Високоамбициозните кандидати носат значителна мотивација и енергија на колегиумот, но ако менаџерите не им обезбедат простор за напредување, тие можат брзо да се истрошат преку потенцијалот за мобилност на нивната нова позиција.

Уникатноста пред сè!

Промовирани огласи »

Филипче: Во февруари стартува вакцинацијата со 200.000 кинески вакцини

Точниот датум не се соопштува сеуште

Со 200.000 кинеските вакцини во февруари ќе стартува масовното вакцинирање во земјава, а во следниот месец ќе продолжи со вакцините на „Астра Зенека“ од каде во март се очекуваат меѓу 25 и 51 илјади вакцини. Во фрижидерите меѓу вакцините на „Синофарм“ и „Астра Зенека“ во истиот период треба да се најдат и околу 13.800 „Фајзер“ вакцини. Од министерството за здравство не сакаат да лицитираат со прецизен датум кога би стигнале вакцините во февруари.

„НИЕ СМЕ ВО ЗАВРШНАТА ФАЗА ОД ПРЕГОВОРИТЕ И ПРАКТИЧНО ВО МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ ПРВАТА КОЛИЧИНА НА ВАКЦИНИ КОЈА ЌЕ ПРИСТИГНЕ ВО НАШАТА ЗЕМЈА ЌЕ БИДАТ КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ. НИЕ ПРАКТИЧНО ЦЕЛОКУПНИОТ ПРОЦЕС НА ИМУНИЗАЦИЈА, СОГЛАСНО ВЕЌЕ ПОДГОТВЕНИОТ СИСТЕМ, ЌЕ ГО ЗАПОЧНЕМЕ СО ТИЕ ВАКЦИНИ. СЕГА НЕ БИ ШПЕКУЛИРАЛ ВО ОДНОС НА ТОЧНИОТ ДАТУМ, МЕЃУТОА ЗА МНОГУ КРАТКО ВРЕМЕ ЌЕ ГО ЗНАЕМЕ И ТОА, ПОСЛЕ ШТО ИСТИОТ И ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ, А ЌЕ ПРИСТИГНАТ 200.000 ВАКЦИНИ. СО ТОА ЌЕ ПОЧНЕ ВАКЦИНИРАЊЕТО НА СИТЕ ПРИОРИТЕТНИ ГРУПИ“, ВЕЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО.

Договорите со кинеската компанија и со „Фајзер“ се очекува да се финишираат неделава, а Филипче информира дека и двете компании имале идентични барања за да се увезат вакцините во Македонија, но деталите, особено за цената, биле со клаузула деловна тајна.

„И ДВЕТЕ КОМПАНИИ ИНСИСТИРААТ ДОГОВОРИТЕ ДА СЕ ТАЈНОСТ“, ИНФОРМИРА ФИЛИПЧЕ.

Она што се знае е дека кинеските вакцини во земјава ќе се увезуваат преку директен договор со компанијата, при што целосната логистика околу транспортот на вакцините е обврска на Министерството за здравство.

Од „Фајзер“ пак освен што се чека на драфт договорот за директен увоза на 800.000 нивни вакцини во Македонија до крајот на годинава, од кои 5.800 во февруари, уште се чека и дозволата да се увезат и 8.000 вакцини кои ни ги вети Србија.

Вакцината на „Астра Зенека“ пак во земјава ќе стигнат преку Ковакс механизмот, од каде конечно одоговорот за вакцините стигна вчера.

„ПОМЕЃУ 100 И 170 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ЗА ПРВИТЕ ДВА КВАРТАЛА ОВАА ГОДИНА. СПОРЕД НИВНАТА НАЈАВА, КОЛИЧИНА ОД 25 ДО 30 ПРОЦЕНТИ ЌЕ СТИГНЕ ВО МЕСЕЦ МАРТ. А ’АСТРА ЗЕНЕКА’ ВЕРОЈАТНО ЗАТОА ШТО САМИОТ КОВАКС МЕХАНИЗАМ ИМАЛ НАЈЛЕСЕН ПРИСТАП КОН ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНАТА ОД ’АСТРА ЗЕНЕКА’. ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА МНОГУ ПОТЕШКО Е ДА СЕ СТИГНЕ ДО ВАКЦИНАТА НА ’ФАЈЗЕР’, СОГЛАСНО КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВО“, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ.

И кинеските и вакцините на „Астра Зенека“, како и на „Фајзер“ се вакцини кои се даваат во две дози. За набавка на руската вакцина која е исто така во две дози, засега, немало разговори.

Според Филипче 200.000 кинески вакцини ќе дозволат добар почеток и понатаму стабилен тек на вакцинацијата, за која списоците на приоритетните групи во следниот месец ќе бидат завршени. Досега е готов списокот на здравствените работници и на 14.000 лица од над 70 години, кои ќе бидат повикувани на вакцинација преку матичните лекари.

За информацијата дека во некои земји вакцината на „Астра Зенека“ не им се дава на лица постари од 65 години, Филипче вели дека тоа се уште не е влезено во официјалното упатство на вакцината и оти ќе се следат насоките на официјалните европски агенции задолжени за вакцини.

Филипче: Во февруари стартува вакцинацијата со 200.000 кинески вакцини

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »