Промовирани огласи »

Ангажирањето на вистинскиот кандидат за отвореното работно место во компанијата е лесно кога имате јасен победник уште во процесот на интервјуирање. Но, што прават менаџерите кога се појавуваат подеднакво квалификувани кандидати за работа? Фрлањето паричка може да изгледа примамливо, но тоа не само што може да ги наведе на погрешен избор, туку и може да го намали ангажманот на вработените.

  • Кој од кандидатите повеќе би покажал подобри резултати при вршење на задачите?
  • Кое е „тајното оружје“ на секој од кандидатите?
  • Кој од нив ќе се вклопи во принципот на работа на компанијата?
  • Колкави се амбициите на кандидатите?

Овие 4 прашања најчесто успешно го издвојуваат кандидатот кој им е потребен на менаџерите за конкретното работно место. 

Кога се работи за резултатите, важно е кандидатот да има постоечки успех во браншата во која функционира. Настојувањето за конкретни факти и бројки им помага на менаџерите да одлучат дали баш тој кандидат одговара за потребите на работното место. 

Разговараат со вработените кои работат во одделот или се на истата позиција за да дознаат кои се најважните вештини при справување со обемот на работа. Или, ако го ангажираат првиот човек за отвореното работно место, контактираат со некој од нивната мрежа на вработени кој има практично искуство за истото работно место.

Потенцијалните вработени мора да се усогласуваат со принципите на вашата компанија, вклучително и работниот простор, а важно е и дали поседуваат вистински темперамент и емоционална интелигенција. Кандидатот кој подобро се вклопува во нивните постоечки принципи, најверојатно ќе биде еден од 19% кои ќе постигнат недвосмислен успех.

Амбицијата е меч со две острици. Високоамбициозните кандидати носат значителна мотивација и енергија на колегиумот, но ако менаџерите не им обезбедат простор за напредување, тие можат брзо да се истрошат преку потенцијалот за мобилност на нивната нова позиција.

Уникатноста пред сè!

Промовирани огласи »

Филипче: Во февруари стартува вакцинацијата со 200.000 кинески вакцини

Точниот датум не се соопштува сеуште

Со 200.000 кинеските вакцини во февруари ќе стартува масовното вакцинирање во земјава, а во следниот месец ќе продолжи со вакцините на „Астра Зенека“ од каде во март се очекуваат меѓу 25 и 51 илјади вакцини. Во фрижидерите меѓу вакцините на „Синофарм“ и „Астра Зенека“ во истиот период треба да се најдат и околу 13.800 „Фајзер“ вакцини. Од министерството за здравство не сакаат да лицитираат со прецизен датум кога би стигнале вакцините во февруари.

„НИЕ СМЕ ВО ЗАВРШНАТА ФАЗА ОД ПРЕГОВОРИТЕ И ПРАКТИЧНО ВО МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ ПРВАТА КОЛИЧИНА НА ВАКЦИНИ КОЈА ЌЕ ПРИСТИГНЕ ВО НАШАТА ЗЕМЈА ЌЕ БИДАТ КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ. НИЕ ПРАКТИЧНО ЦЕЛОКУПНИОТ ПРОЦЕС НА ИМУНИЗАЦИЈА, СОГЛАСНО ВЕЌЕ ПОДГОТВЕНИОТ СИСТЕМ, ЌЕ ГО ЗАПОЧНЕМЕ СО ТИЕ ВАКЦИНИ. СЕГА НЕ БИ ШПЕКУЛИРАЛ ВО ОДНОС НА ТОЧНИОТ ДАТУМ, МЕЃУТОА ЗА МНОГУ КРАТКО ВРЕМЕ ЌЕ ГО ЗНАЕМЕ И ТОА, ПОСЛЕ ШТО ИСТИОТ И ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ, А ЌЕ ПРИСТИГНАТ 200.000 ВАКЦИНИ. СО ТОА ЌЕ ПОЧНЕ ВАКЦИНИРАЊЕТО НА СИТЕ ПРИОРИТЕТНИ ГРУПИ“, ВЕЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО.

Договорите со кинеската компанија и со „Фајзер“ се очекува да се финишираат неделава, а Филипче информира дека и двете компании имале идентични барања за да се увезат вакцините во Македонија, но деталите, особено за цената, биле со клаузула деловна тајна.

„И ДВЕТЕ КОМПАНИИ ИНСИСТИРААТ ДОГОВОРИТЕ ДА СЕ ТАЈНОСТ“, ИНФОРМИРА ФИЛИПЧЕ.

Она што се знае е дека кинеските вакцини во земјава ќе се увезуваат преку директен договор со компанијата, при што целосната логистика околу транспортот на вакцините е обврска на Министерството за здравство.

Од „Фајзер“ пак освен што се чека на драфт договорот за директен увоза на 800.000 нивни вакцини во Македонија до крајот на годинава, од кои 5.800 во февруари, уште се чека и дозволата да се увезат и 8.000 вакцини кои ни ги вети Србија.

Вакцината на „Астра Зенека“ пак во земјава ќе стигнат преку Ковакс механизмот, од каде конечно одоговорот за вакцините стигна вчера.

„ПОМЕЃУ 100 И 170 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ЗА ПРВИТЕ ДВА КВАРТАЛА ОВАА ГОДИНА. СПОРЕД НИВНАТА НАЈАВА, КОЛИЧИНА ОД 25 ДО 30 ПРОЦЕНТИ ЌЕ СТИГНЕ ВО МЕСЕЦ МАРТ. А ’АСТРА ЗЕНЕКА’ ВЕРОЈАТНО ЗАТОА ШТО САМИОТ КОВАКС МЕХАНИЗАМ ИМАЛ НАЈЛЕСЕН ПРИСТАП КОН ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНАТА ОД ’АСТРА ЗЕНЕКА’. ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА МНОГУ ПОТЕШКО Е ДА СЕ СТИГНЕ ДО ВАКЦИНАТА НА ’ФАЈЗЕР’, СОГЛАСНО КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВО“, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ.

И кинеските и вакцините на „Астра Зенека“, како и на „Фајзер“ се вакцини кои се даваат во две дози. За набавка на руската вакцина која е исто така во две дози, засега, немало разговори.

Според Филипче 200.000 кинески вакцини ќе дозволат добар почеток и понатаму стабилен тек на вакцинацијата, за која списоците на приоритетните групи во следниот месец ќе бидат завршени. Досега е готов списокот на здравствените работници и на 14.000 лица од над 70 години, кои ќе бидат повикувани на вакцинација преку матичните лекари.

За информацијата дека во некои земји вакцината на „Астра Зенека“ не им се дава на лица постари од 65 години, Филипче вели дека тоа се уште не е влезено во официјалното упатство на вакцината и оти ќе се следат насоките на официјалните европски агенции задолжени за вакцини.

Филипче: Во февруари стартува вакцинацијата со 200.000 кинески вакцини

Промовирани огласи »

FutureLearn штотуку објави студија за технолошко знаење кај современата работна сила, а резултатите открија дека само 30,6% од професионалците сметаат дека факултетот ги подготвил доволно добро за работното место.

Имајќи предвид дека половина од испитаниците во студијата рекле дека недостатокот на неопходните технолошки способности ги спречиле во работата што ја сакаат, можеби ќе сакате да станете проактивни во однос на вашата надградба.

Microsoft Office Suite

Совладувањето Microsoft Office Suite се смета како да е нешто застарено или како очигледна ставка во биографијата, но тоа е далеку од вистината. Всушност, тоа е вештина што сите треба да ја знаат пред да влезат на пазарот на работна сила, па затоа е рангирана како број 1.

Информациска писменост

Информациската писменост беше втора најважна вештина нагласена од страна на анкетираните професионалци. Но, од што се состои? „За да биде писмено со информации, едно лице мора да може да препознае кога е потребна информацијата и да има способност да ја лоцира, процени и ефикасно да ја искористи истата“, велат од Здружението на Американските Библиотеки.

Google Suite 

Google Drive е веднаш зад „Microsoft Office Suite“, кога се работи за врвните програми што луѓето ги користат во еден типичен работен ден, а Google Suite беше рангиран на четвртото место според важноста на вештини.

Значи во ваш најдобар интерес е да знаете како да го користите пакетот алатки на Google за општ успех во работата.

Владеење на општоприфатен оперативен систем

Дали повеќе користите Mac или компјутер? Колку добро можете да се снајдете и да ги решите проблемите со вашиот компјутер? 

На крајот на краиштата, совладувањето на општопрофатен оперативен систем значи дека ќе бидете попродуктивни додека ги завршувате своите задачи. 

Софтвер за онлајн состаноци

Не е изненадувачки тоа што познавањето на софтверите како Zoom се наоѓа меѓу најважните 5 вештини периодов. Пандемијата си го направи своето и ги натера организациите и компаниите да се навикнат на работа од дома со тоа што состаноците секако мора да се одржат, а поради безбедност, тоа мора да биде на дистанца.

Промовирани огласи »

На големо се гради трговскиот центар Скопје ист гејт: Доаѓаат H&M, Spar, Billa?

Видео, како изгледа трговскиот

До каде е изградбата на трговскиот центар East Gate mall - компанијата објави видео од активностите на терен. Првичните најави од летото 2020 годна беа дека трговскиот центар ќе биде готов годинава односно сезоната есен-зима 2021 година.

East Gate Mall е дел од модерниот и современ повеќенаменски комплекс Скопје East Gate. Трговскиот центар на ретаил пазарот во Скопје треба да донесе на 20 нови светски модни брендови на малопродажна површина од над 20.000 квадратни метри. Тогаш беше најавено дека во овој трговски центар ќе ја има најголемата Зара на Балканот. Веќе се потпишани комерцијални услови и договори за закуп, а според информациите на Фактор кои се неофицијални во трговскиот центар ќе има и H&M, полските LPP и CCC. 

Според нашите информации влез на пазарот разгледуваат освен германски ЛИДЛ и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу нив и познатите SPAR и BILLA. Сите планираат да влезат токму во овој трговски центар.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »