Промовирани огласи »

Илон Маск изјави дека на кандидатите за работа кои доаѓаат кај него на интервју им поставува исто прашање за кое тврди дека ги разоткрива лажговците. Како шеф на Tesla, SpaceX и ко-основач и основач на Neuralink и The Boring Company, 49-годишниот милјардер точно знае што прави кога станува збор за бизнис.

Плус, тој неодамна стана најбогатата личност на светот со нето вредност од 136 милијарди фунти, па не е изненадување што секој сака да го знае неговиот трик за вработување.

Прашањето е...

Маск не го интересира кое училиште го посетувал потенцијалниот вработен, ниту пак  кое е нивото на неговото образование, пренесува Daily Star. 

„Нема потреба дури и да има факултетска диплома, па дури и средно училиште“, изјави Маск за време на интервјуто за Авто Билд во 2014-та година.

Наместо тоа, таткото на седум деца бара „доказ за исклучителна способност“ кога станува збор за вработување нов персонал.

„Ако има евиденција на исклучително достигнување, тогаш веројатно е дека тоа ќе продолжи и во иднина“, рече тој.

Се разбира, лесно е некој да излаже во своето резиме или за своите достигнувања, но Маск има прашање што е дизајнирано да ги фати лажговците.

Говорејќи на Светскиот Владин Самит во 2017 година, Маск го откри прашањето кое го поставува на секој кандидат што го интервјуира: „Кажете ми за некои од најтешките проблеми на кои сте работеле и како ги решивте“.

Метод - Асиметрично управување со информации

Една студија објавена во „Весник за применети истражувања во меморијата и сознанието“ во декември 2020 година откри неколку пристапи за разоткривање лажговци засновани на техника за интервју за работа што всушност ја потврдува валидноста на техниката на Маск.

Еден таков метод се нарекува „Асиметрично управување со информации“ (AIM) и е дизајниран да му обезбеди на кандидатот јасни средства за да ја покажат својата невиност или вина пред оној кој го води интервјуто преку обезбедување детални информации.

„Ситните детали се најважни во форензичките истраги и можат да им обезбедат на истражителите факти за да ги проверат и да ги испрашаат сведоците“, напиша Коди Портер, еден од авторите на студијата и виш соработник на Универзитетот во Портсмут, во една статија за Тhe Conversation.

Таа конкретно изјави дека оние кои го водат интервјуто треба да им дадат до знаење на кандидатите дека „ Ако дадат подолги, подетални изјави за настанот од интерес, тогаш оној кој го води интервјуто ќе може подобро да открие дали ја кажуваат вистината или лажат“.

„За разлика од сериозните кандидати, лажговците сакаат да ја сокријат својата вина“, објасни Портер.

„Ова значи дека тие имаат поголема веројатност стратешки да ги премолчат информациите како одговор на методот AIM.“

„Нивната претпоставка е дека искажувањто повеќе информации ќе му олесни на оној кој го води интервјуто да ја открие нивната лага, па наместо тоа, тие даваат помалку информации.

Студијата, исто така, открила дека користењето на AIM методот може да ја зголеми веројатноста за откривање на лажговците на интервју за скоро 70 проценти.

Маск во интервјуто за Auto Bild додаде дека она што тој навистина сака да го знае е дали некој кандидат навистина го решил проблемот за кој тврди дека го решил.

Тој изјави: „Се разбира дека сакате да бидете сигурни дали кандидатот има некое значајно достигнување, дали тој бил навистина одговорен при решавање на проблемот, или некој друг бил поодговорен?

„Обично, некој што навистина морал да се избори со проблем, тој навистина ги разбира деталите и не ги заборава“.

 

Тагови: интервју за работа

Промовирани огласи »

Поврат на ДДВ кон фирмите од 397,4 милиони евра во 2020 година

Во 2020 најголем поврат на ДДВ кон фирмите, во споредба со изминатите години

 Минатата година во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, соопшти денеска Министерството за финансии.

Минатата година извршен е поврат на скоро 34 отсто од бруто наплатениот данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32 отсто, во 2018 од 31 отсто, во 2017 од 28 отсто, во 2016 од 26 отсто и во 2015 година од 28 отсто.

– Доколку се гледа во апсолутен износ, минатата година и покрај кризата, инјектирана е висока сума на средства по основ на поврат на ДДВ кон фирмите во споредба со претходните години. Ако минатата година е извршен поврат на 397,4 милиони евра, во 2019 година повратот изнесувал 403,9 милиони евра, во 2018 од 375,8 милиони евра, во 2017 година 315 милиони евра, во 2016 280 милиони евра и во 2015 година 283,5 милиони евра, стои во соопштението.

Од Министерството за финансии информираат дека редовниот и навремен поврат на ДДВ кон фирмите е од големо значење за ликвидноста во стопанството, особено во време на криза кога пристапот до средства е ограничен. 

Промовирани огласи »

Германија со историски најголем пад на БДП

Пандемијата ја „уби“ економијата

Најголем економски пат по светската економска криза е регистриран во Германија. 

Реалниот бруто домашен производ (БДП) лани се намалил за пет проценти, објави „Дестатис“. Падот е за 5,3 проценти. Во последните три месеци од 2020 година, економијата во Германија речиси стагнирала, со раст од само 0,1 процент во споредба со претходните три месеци, кога активностите скокнале за 8,5 проценти. Во вториот квартал, БДП има историски пад, за 9,7 проценти. Вториот бран на пандемијата и мерките за борба против неа особено ја погодиле личната потрошувачка, а економијата била поддржана од извоз на стоки и формирање на бруто фиксен капитал во градежништвото.  Економската активност на годишно ниво паднала за 2,9 проценти во четвртиот квартал од минатата година, по падот од 3,9 проценти во претходните три месеци. Податоците прилагодени на календарот покажуваат пад од 3,9 проценти, по падот од 4,0 отсто од јули до септември.

Пандемијата турна во рецесија повеќе земји во светот. 

foto freepik

Промовирани огласи »

5 ти пакет мерки: Ќе се бришат...

Заев даде детали

Бришење на каматите на долговите за сите граѓани, помош за сиромашните, во угостителството, транспортот, туризмот, на тутунарите, медиумите, е предвидено со петтиот сет мерки. 

Премиерот Зоран Заев во попладневниот дел од дебатата на седницата во Парламентот за пратенички прашања соопшти на што се планира да се однесува петтиот пакет економски мерки.

„Мерките се структурирани како мерки кон граѓаните, мерки кон работниците односно стопанството и мерки кон сиромашните, па потоа се таргетирани категории коишто се директно најпогодени. Има размислување да се помогне на сите граѓани. Мерката е да ги избришеме сите камати по долгови, коишто граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции, за долгови кои се постари од три месеци, под услов да си го регулираат на 12 рати долгот којшто го имаат. Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија. Целта ни е, не веднаш да го платат долгот, не можат веднаш, туку на 12 рати да склучат договори, но да ги избришеме комплетно каматите и со тоа да им олесниме. Имаме многу јавни претпријатија, државни и општински, коишто не може да ги наплатат и редовните сметки, заради тоа што ги книжат граѓаните како должници, а граѓаните не може и стари и нови сметки да плаќаат. Оттука намерата е да ги избришеме сите камати за долговите коишто се за физички лица, за граѓаните кои допираат до државните и општинските институции. Со законско решение тоа е можно“, рече премиерот Заев.

Тој оцени дека досегашните 4 пакети економски мерки дадоа ефикасни резултати и дека ќе се продолжи со помошта кон најсиромашните.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »