Промовирани огласи »

Поврат на ДДВ кон фирмите од 397,4 милиони евра во 2020 година

Во 2020 најголем поврат на ДДВ кон фирмите, во споредба со изминатите години

 Минатата година во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, соопшти денеска Министерството за финансии.

Минатата година извршен е поврат на скоро 34 отсто од бруто наплатениот данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32 отсто, во 2018 од 31 отсто, во 2017 од 28 отсто, во 2016 од 26 отсто и во 2015 година од 28 отсто.

– Доколку се гледа во апсолутен износ, минатата година и покрај кризата, инјектирана е висока сума на средства по основ на поврат на ДДВ кон фирмите во споредба со претходните години. Ако минатата година е извршен поврат на 397,4 милиони евра, во 2019 година повратот изнесувал 403,9 милиони евра, во 2018 од 375,8 милиони евра, во 2017 година 315 милиони евра, во 2016 280 милиони евра и во 2015 година 283,5 милиони евра, стои во соопштението.

Од Министерството за финансии информираат дека редовниот и навремен поврат на ДДВ кон фирмите е од големо значење за ликвидноста во стопанството, особено во време на криза кога пристапот до средства е ограничен. 

Промовирани огласи »

Германија со историски најголем пад на БДП

Пандемијата ја „уби“ економијата

Најголем економски пат по светската економска криза е регистриран во Германија. 

Реалниот бруто домашен производ (БДП) лани се намалил за пет проценти, објави „Дестатис“. Падот е за 5,3 проценти. Во последните три месеци од 2020 година, економијата во Германија речиси стагнирала, со раст од само 0,1 процент во споредба со претходните три месеци, кога активностите скокнале за 8,5 проценти. Во вториот квартал, БДП има историски пад, за 9,7 проценти. Вториот бран на пандемијата и мерките за борба против неа особено ја погодиле личната потрошувачка, а економијата била поддржана од извоз на стоки и формирање на бруто фиксен капитал во градежништвото.  Економската активност на годишно ниво паднала за 2,9 проценти во четвртиот квартал од минатата година, по падот од 3,9 проценти во претходните три месеци. Податоците прилагодени на календарот покажуваат пад од 3,9 проценти, по падот од 4,0 отсто од јули до септември.

Пандемијата турна во рецесија повеќе земји во светот. 

foto freepik

Промовирани огласи »

5 ти пакет мерки: Ќе се бришат...

Заев даде детали

Бришење на каматите на долговите за сите граѓани, помош за сиромашните, во угостителството, транспортот, туризмот, на тутунарите, медиумите, е предвидено со петтиот сет мерки. 

Премиерот Зоран Заев во попладневниот дел од дебатата на седницата во Парламентот за пратенички прашања соопшти на што се планира да се однесува петтиот пакет економски мерки.

„Мерките се структурирани како мерки кон граѓаните, мерки кон работниците односно стопанството и мерки кон сиромашните, па потоа се таргетирани категории коишто се директно најпогодени. Има размислување да се помогне на сите граѓани. Мерката е да ги избришеме сите камати по долгови, коишто граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции, за долгови кои се постари од три месеци, под услов да си го регулираат на 12 рати долгот којшто го имаат. Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија. Целта ни е, не веднаш да го платат долгот, не можат веднаш, туку на 12 рати да склучат договори, но да ги избришеме комплетно каматите и со тоа да им олесниме. Имаме многу јавни претпријатија, државни и општински, коишто не може да ги наплатат и редовните сметки, заради тоа што ги книжат граѓаните како должници, а граѓаните не може и стари и нови сметки да плаќаат. Оттука намерата е да ги избришеме сите камати за долговите коишто се за физички лица, за граѓаните кои допираат до државните и општинските институции. Со законско решение тоа е можно“, рече премиерот Заев.

Тој оцени дека досегашните 4 пакети економски мерки дадоа ефикасни резултати и дека ќе се продолжи со помошта кон најсиромашните.

Промовирани огласи »

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска соопшти дека војниците кои ќе навршат 45 години возраст доколку не сакаат да продолжат со рбаота во државна институција ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата.

„Оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра. Доколку работеле 25 години, тоа се 25.000 евра за нов почеток“, рече министерката.

Таа се заблагодари на Синдикатот на одбраната за заедничкото решавање на прашањето на уште една категорија војници во Армијата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »