Промовирани огласи »

Во февруари исплата за скенирани фискални во четвртиот квартал од 2020

УЈП информира кога ќе бидат исплатени парите од скенираните сметки во последните 3 месеци од 2020 година

 Следниот месец на граѓаните кои скенирале фискални сметки во последните три месеци од 2020 година преку апликацијата МојДДВ ќе им бидат вратени 6,1 милион евра. 


895
Објавил: 21 јануари 2021, 15:16
СподелиСподели

Управата за јавни приходи информира дека во текот на февруари ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во четвртото тримесечје од 2020 година, односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година .

Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милион евра.

УЈП апелира заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на ЕПДД.

Од направената проверка и анализа, правата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

Промовирани огласи »

Расте бројот на невработени - колку лица изгубиле работа поради пандемијата?

Обесхрабрен работник е најновиот феномен кој корона кризата го донесе на македoнскиот пазар на труд. Тоа се луѓе кои изгубиле надеж дека воопшто можат да најдат работа.

Обесхрабрен работник е најновиот феномен кој корона кризата го донесе на македoнскиот пазар на труд. Тоа се луѓе кои изгубиле надеж дека воопшто можат да најдат работа. Податоците на статистика покажуваат дека од април до септември работа изгубиле околу 25.000 работници, но стапката на невработеност остана речиси иста. Според експертите, токму обесхрабреноста ќе треба да биде врвен приоритет на Владата оваа година.

Жените, младите, неформалните работници беа први на удар на корона кризата. Во услови на затврени градинки и училишта, жените мораа да чуваат деца. Младите пак, најчесто се вработени на определено време, секој трет млад работник е со ваков статус.

Раст на бројот на невработени бележи и Агенцијата за вработување. Бројот на невработени од март до декември лани според нивата евиденција се зголемил за близу 50.000, но нивните податоци покажуваат дека само 17.000 од се директна последица на корона кризата.

Промовирани огласи »

Ги знаете ли вашите права како потрошувач: Имате право на замена на било кој производ во рок од 15 дена

Секојднево пазарите - важно е да ги знаете Вашите права

Организацијата за заштита на правата на потрошувачите во Македонија, во оваа брошура детално информира за вашите права како потрошувач. Дали сте знаеле дека парите можат да ви бидат вратени во рок од 15 дена доколку производот не одговара на вашите потреби.

Исто така, може да направите замена на било кој производ во рок од 15 дена. Тоа не е добра волја на продавачот, тоа е ваше законско право.

Погледете ги останатите корисни информации:

Промовирани огласи »

Во Грција ќе може да влезат и невакцинираните, кажа министерот за туризам на земјата

Вака ќе изгледа едно патување кај јужниот сосед

Во никој случај нема да биде услов за некој да влезе во Грција, да мора претходно да прими вакцина, потенцираше министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис во гостување во програмата на Скаи Тв.

На предложените сертификати за вакцинација, Теохарис јасно стави до знаење дека вакцинацијата нема да биде услов некој да може влезе во земјата, а за невакцинираните ќе има брзи тестови. Но, здравствената комисија ќе одлучува дали тие ќе бидат извршени или не на сите.

“Би сакал да разјаснам што нашата земја им предложи на другите членки на ЕУ. Како прво, се чини дека писмото имаше ефект што сакавме да го постигнеме, односно да ја “протресеме“ Европа за да може конечно да се координира. Координацијата е неопходна и нашата земја е во првите редови во оваа област. Не смееме да направиме чекор назад. Минатата година имавме ограничувања во движењето на туристите. Оваа година мора да има движење на туристи. Првата опција е брз тест, кој е и побезбеден и поевтин и ќе ни овозможи да ги намалиме непријатностите за патниците“, изјави Теохарис.

Тој очекува престојното лето да биде подобро од ланското. Исто така истакна дека навиките на потрошувачите се смениле и дека никој не резервира патување шест или осум месеци однаред, како во минатото.

Тагови: туризам

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »