Промовирани огласи »

Употребата на ковид-пасошите почнува во март: Во авион само со влезница

Тоа е мобилна апликација која им помага на патниците да складираат и управуваат со информации поврзани со сертификати за тестирање на Ковид-19 или вакцинација.

Претставници на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) открија дека употребата на нивната „дигитална влезница“, (Travel Pass), треба да започне во март. Се очекува тогаш да започне да се користи од големите авиокомпании.

Тоа е мобилна апликација која им помага на патниците да складираат и управуваат со информации поврзани со сертификати за тестирање на ковид-19 или вакцинација. Апликацијата обезбедува поголема безбедност и ефикасност од печатените, т.е. хартиени документи.

ИАТА посочува дека нивните тимови работат на проектот во 12-часовни смени со цел да овозможат проектот да заврши што е можно побрзо, пишува Травемагазин.

Оттаму велат дека на овој начин, ќе се решат најголемите проблеми на авионската индустрија поврзани со моменталната пандемија.

Тие исто така додаваат дека ниту еден проект досега не се развил со вакво темпо. Брзиот развој на апликацијата може делумно да се припише на постојната технологија, вклучувајќи ја и апликацијата за бесконтактна идентификација.

Оваа апликација е развиена од ИАТА пред пандемијата, во партнерство со компанијата „Еверним“ (Evernym), која се занимава со решенија за дигитална идентификација.

Со развојот на Travel Pass, ИАТА исто така се обидува да реши потенцијален проблем поврзан со персоналот на аеродромот.

Во моментов, авиокомпанијата, која работи со околу 10% капацитет, користи 100% од својот персонал за да ги потврди сертификатите за тест на Ковид-19.

Промовирани огласи »

Заев: Добиваме 8.000 вакцини „Фајзер“ од Србија по набавна цена

Кога ќе пристигнат овие вакцини?

Премиерот Зоран Заев, денеска преку социјалните мрежи информираше дека Македонија ќе добие 8.000 дози од вакцината на „Фајзер“ од Србија кои ќе се платат по набавна цена, односно нема да ни бидат подарени, туку одделени за нас и самите ќе ги платиме.

„Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе ни помогне со вакцини од нивната набавка, кои ќе ги платиме по набавна цена.

Ова е чин на солидарност на нашиот сосед и зацврстување на нашето пријателството. Во тек се преговори околу техничките процеси за доставување на вакцините, а со првите дози ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните лица, возрасните и други ризични категории“, напиша Заев.

Промовирани огласи »

Поради новата година и поголемиот број на празници во месец јануари, Владата како и во поголемиот број на држави во Европа и светот на 18 декември донесе дополнителни заштитни мерки со што ги затвори угостителските објекти по 18 часот. Оваа одлука трае до 21 овој месец.

Како што се шпекулираше до сега најверојатно од 21 јануари ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Угостителите уште минатата недела поднесоа барање до министерството веднаш да им се дозволи да се вратат на старото работно време до 23 часот и доколку е потребно да се донесат нови постриктни протоколи, но Владата одлучи дека такво нешто пред 21 јануари не е возможно.

Одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести.

-Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, рече Бектеши.

Промовирани огласи »

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска по полноќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.

Од 19.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 63,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 65,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 54,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 54,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 30,823 (денари/килограм).

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »