Промовирани огласи »

Заев: Добиваме 8.000 вакцини „Фајзер“ од Србија по набавна цена

Кога ќе пристигнат овие вакцини?

Премиерот Зоран Заев, денеска преку социјалните мрежи информираше дека Македонија ќе добие 8.000 дози од вакцината на „Фајзер“ од Србија кои ќе се платат по набавна цена, односно нема да ни бидат подарени, туку одделени за нас и самите ќе ги платиме.

„Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе ни помогне со вакцини од нивната набавка, кои ќе ги платиме по набавна цена.

Ова е чин на солидарност на нашиот сосед и зацврстување на нашето пријателството. Во тек се преговори околу техничките процеси за доставување на вакцините, а со првите дози ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните лица, возрасните и други ризични категории“, напиша Заев.

Промовирани огласи »

Поради новата година и поголемиот број на празници во месец јануари, Владата како и во поголемиот број на држави во Европа и светот на 18 декември донесе дополнителни заштитни мерки со што ги затвори угостителските објекти по 18 часот. Оваа одлука трае до 21 овој месец.

Како што се шпекулираше до сега најверојатно од 21 јануари ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Угостителите уште минатата недела поднесоа барање до министерството веднаш да им се дозволи да се вратат на старото работно време до 23 часот и доколку е потребно да се донесат нови постриктни протоколи, но Владата одлучи дека такво нешто пред 21 јануари не е возможно.

Одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести.

-Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, рече Бектеши.

Промовирани огласи »

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска по полноќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.

Од 19.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 63,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 65,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 54,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 54,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 30,823 (денари/килограм).

Промовирани огласи »

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Оваа година тоа е денешниов ден понеделник 18-ти јануари. Во светот, овој ден е познат како Blue Monday, или тажниот понеделник. На лошото расположение на луѓето се смета дека влијае состојбата по новогодишните празници, ладното време и исчекувањето на пролетта и летото.

Нептун Македонија, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство, се потруди на граѓаните на нашата држава овој “Blue Monday” да им биде еден од најсреќните денови во годината! Нептун денес организира голема акција со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со најголеми попусти и супер понуди. Акцијата Само еден најсреќен ден нуди најголеми попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Застапени се одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите, изберете од најдобриот избор и уживајте во овој најсреќен ден!

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »