Промовирани огласи »

Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради вирусот или ќе ги обавуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување средства за плата на работниците, е еден од предлозите на Сојузот на синдикатите на Македонија за најавениот петти пакет антикризни мерки.

-ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено како што тоа е утврдено и со четвртиот пакет на мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците што се покажа како повеќе од потребно поради повторната злоупотреба на средствата од финансиската поддршка за исплата на платите на работниците обезбедена од Владата, со оглед на тоа што и по 5-ти пат, газди, оставија работници без никаква егзистенција, а за тоа земаа средства од државата, соопшти денеска ССМ.

Дополнително, бараат еден од главните услови за добивање на финансиска поддршка да биде враќање на работниците кои биле испуштени од работа, а исто така и задолжително да биде по користењето на мерката работодавачите кои добиле финансиска поддршка за исплата на плати да ги задржат односно да нема отпуштање на работниците најмалку три месеци по завршување на мерката.

Од ССМ сметаат дека работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, треба да бидат исплатени во висина нивната плата, без нејзино намалување, а истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ и истите да имаат право на платено на породилно отсуство.

ССМ повторно предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид- 19, изолација и само изолација поради изложеност на Ковид- 19 да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон. -Нагласуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека во Правилникот за листа на професионалните болести како професионална болест треба да се смета заразата со Ковид- 19, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности и вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на Ковид- 19.“, а Министерството за труд и социјална политика да предложи предлог законско решение или предлог решение во Правилникот во најскоро време, велат од ССМ.

Тие предлгаат насочување кон спроведување на јавни набавки од страна на државните органи, исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите.

-ССМ, поаѓајќи од тоа што националните и светските компетентни институции укажуваат дека оваа нова нормалност предизвикана од Ковид – 19 ќе трае подолг период и во иднина, очекува покрај мерките за субвенционирање и помош, Владата да преземе поголем ангажман за обезбедување нови инвестиции од домашно и странско потекло и да обезбеди економски мерки за поефикасно прилагодување на компаниите за продолжување на економските потфати со цел да се обезбедат реални и одржливи работни места и обезбедување на егзистенција за сите граѓани, стои во соопштението.

Исто така, бараат Владата да води грижа, финансиската поддршка и инвестициите да се обезбедуваат за компании кои ги почитуваа законите и колективните договори, кои немаат злоупотребено средства од финансиската поддршка од државата и кои имаат неосновано отпуштено работници, како и да се задолжат компаниите кои ќе добијат од финансиската поддршка и инвестициите задолжително да ги вратат работниците на кои им го прекинале работниот однос.

Предлагаат и еден од условите за обезбедување на финансиска поддршка и инвестиции од страна на државата да биде синдикалното организирање во компанијата, за да можеме и ние како претставници на работниците да гарантираме и да го контролираме користењето на средствата, покрај другото за плата и социјална сигурност на работниците.

Според Сојузот на синдикатите на Македонија, треба да се преземат сите напори со петтиот пакет мерки да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја преживеат кризата, така што ќе можат нормално да се вратат на своите активности кога таа ќе заврши.

Сите мерки, смета ССМ, треба да бидат насочени кон зачувување на работните места, а во меѓувреме да се заштитат од невработеност и загуба на приходи и да се ублажат финансиските загуби. Луѓето кои се болни, кои се грижат за семејството или не се во состојба да работат заради корона вирусот, не треба да страдаат финансиски, па поради тоа, од страна на Владата, потребно е да се обезбеди финансиска помош за сите, порачуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Промовирани огласи »

Ивермектинот од денеска во аптеките по цена од 300 денари

Сите досегашни студии покажале дека стариот и евтин лек за паразити е безбеден и ефикасен против коронавирусот.

Ивермектинот од денеска легално ќе се продава во аптеките во Македонија. Ќе чини околу 300 денари и ќе се издава само со рецепт од матичен или специјалист. Од МАЛМЕД информираат дека 5 компании направиле увоз на лекот, а имало барања за дозволи за набавка уште од неколку фирми кои се занимаваат со ова дејност.

-Лекот ќе го има во доволни количини кај нас, ќе биде достапен таму каде што има потреба . Апелирам до граѓаните да не се нафаќаат на лекување на своја рака. Како и да е издавањето на лекот ќе оди на лекарски рецепт . Граѓаните да не прават залихи дома, изјави Лирим Шабани, директор на МАЛМЕД.

Освен во аптеките Ивермектинот ќе се користи и во болниците. Неколку здавствени установи пројавиле интерес да го набават бидејќи веќе е влезен во протоколите за лекување на Ковид пациенти. Лекот освен за третман може да се користи и превентивно, но во консултација со лекар. Сите досегашни студии покажале дека стариот и евтин лек за паразити е безбеден и ефикасен против коронавирусот.

-Сите налагаат на позитивни резултати, на тоа и ние се потпираме и затоа се овие забрзани процедури кои ги правиме за да го обезбедеме лекот, додаде директорот на МАЛМЕД Шабани.

Лекот почнал да се употребува пред повеќе од 3 децении, досега е пропишан на 3.7 милијарди рецепти ширум светот. Достапен е во повеќе форми, но за луѓето е дозволена само орална употреба.

Промовирани огласи »

Црна Гора го укина задолжителниот ПЦР тест

Мерките се олабавуваат

Министерката за здравство Јелена Боровиниќ-Бојковиќ ијави дека се укинува забраната за меѓуградски превоз за време на викендот исто така истакна и дека за влез во државата повеќе нема да биде потребен тест.

Бојковиќ кажа дека останува забраната за прославата на Василица.

– Забраната за прослава на Нова година според Јулијанскиот календар е забранета на отворено и во затворен простор, истакна Боровиниќ-Бојовиќ.

Таа наведе дека угостителските објекти ќе продолжат да работат од седум до 20 часот, но останува забраната за музика во живо.

Промовирани огласи »

Комисијата за енергетика предлага освен социјалните случаи субвенции за струја да се даваат и на пензионери со ниски пензии, граѓани со минимална плата и граѓани погодени од кризата, пишува Вечер пресс.

Целта како што велат од РКЕ е да се намали енергетската сиромаштија во државата, бидејќи поради кризата зголемен е бројот на граѓани кои останаа без работа и немаат пари да си ги платат сметките за струја. Предлог за зголемување на опфатот на ранливи категории потрошувачи кој ќе добиваат субвенции за струја од државата е доставен до Министерството за економија.

Во ранливи категории сега ќе влезат и домаќинствата во кои нема ниту еден вработен и кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приход, домаќинствата кои имаат невработено лице корисник на паричен надоместок од Агенцијата за вработување во висина на постојната социјална помош и е единствен приход во домаќинството, како и домаќинствата кои се со повеќе од два члена во кои има еден член што е пензионер и добива минимална пензија, односно е во првата група, и тоа е единствен приход во домаќинството. Исто така ќе бидат вметнати и домаќинства со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата чиј износ се движи во висина на постојана социјална парична помош и нема други приходи во домаќинствата. Дополнително, имајќи ги предвид проблемите кои ги предизвика кризата во економијата, од РКЕ предлагаат во ранливите потрошувачи да се вметнат и домаќинствата кои имаат невработено лице од 1 април 2020 година што е корисник на парична помош во случај на невработеност од Агенцијата за вработување.

Освен тоа, за ранливи категории потрошувачи остануваат да важат досегашните правила според кои не смее да им се исклучи струја во зимски месеци, не смее да бидат исклучени доколку не им се платени три сметки, можност за плаќање на рати, неплаќање надоместок за повторно вклучување… Целта, како што велат од РКЕ е преку субвенционирање на одредена сума од страна на државата да им се помогне на домаќинствата кои не се во финансиска состојба да ги подмират сметките.

Според претседателот, Марко Бислимовски засега не се очекува зголемување на цената на струјата и додава дека во кризата енергетските компании имале сериозен проблем со наплатата и со ликвидноста но дека сега ситуацијата се смирува полека.

-ЕСМ има обврски да ги обезбеди потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата и тоа по цена која сама си ја определува, бидејќи РКЕ повеќе не ја определува цената на ЕСМ за струјата. Според информациите кои ги имаме, сега цената на ЕСМ изнесува 38,8 евра за мегават час. Факт е дека имаме намалено производство од хидро капацитетите во државата кое пред сè се должи на лошата хидрологија која кон крајот на 2020 година ја имаше не само во нашата земја туку и во регионот и од тие причини имаше потреба од увоз на електрична енергија, но ЕСМ е обврзан во рамките на таа цена којашто ја понудил од 38,8 евра за мегават час да ги обезбеди потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата. Дали ќе увезува дополнително или не тоа од аспект на цена не е битно, бидејќи во калкулациите на РКЕ влегува цената која ја нуди ЕСМ и во рамките на таа цена ЕСМ ќе си ги покрие своите трошоци за увоз на електрична енергија, вели Бислимовски.

Според последните податоци на Министерството за труд и социјална политика по 1.000 денари месечен надоместок во време на грејна сезона добиваат 32 до 33 илјади домаќинства во државата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »