Парламентот пред Нова Година го донесе новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој полицијата ќе може на сред автопат или на која било друга сообраќајница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај ако се посомнева дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена, објави Сакам да кажам.
Овие новини следуваат по масовното откривање на нерегистрирани приватни и возила на фирми и по неколку години, како и на технички неисправни возила, кои се најчестите предизвикувачи на тешки сооб раќајни не среќи. Од соо браќај ќе бидат веднаш отстранети сосе возилата, и возачите без положен возачки испит или со истечена возачка, како и на такви кои што управуваат возила под силни дејства на антиде пресиви, кои возат уморни, пијани или под дејство на некакви недозволени супстанци.

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените измени.
Ова значи дека големата бучавост, ширење чад од ауспухот, пребавното возење или неможноста на едно возило да закочи, т.е. да застане веднаш со сопирачките, ќе бидат сигнали за сообраќајната контрола и овластување за да се посомневаат во техничка неисправност, т.е. веднаш возилото да го застанат, да го исклучат од сообраќај и да го пратат на технички преглед. Сигнал за неисправност и овластување полицијата времено да го одзеде, е и ако возилото не е регистрирано.
Сите трошоци во ваквите случаи ги носи возачот, се вели во законот. Тој носи и една друга новина, а тоа е трајно губење на возачката дозвола.
Повеќе на sdk.mk со клик ТУКА.