Не постои совршенство без разлика дали сте на работа, дома или на кое било друго место. Сите понекогаш правиме грешки. Како тренер Џон Вуден, еднаш рече: „Ако не правите грешки, тогаш не правите ништо“. Меѓутоа, кога грешката ќе се случи на местото каде што заработувате за живеење, ситуацијата е малку поинаква. Кога ќе направите грешка на работа, длабоко вдишете. Она што ќе го направите следно, ќе го одреди следниот тек на ситуацијата. Научете правилно да закрепнувате и да можете да претворите лош момент во животна лекција што ќе ја гради вашата кариера. Еве како:
Гледајте ги грешките како можности за учење
Ова помага да се има правилен став уште од самиот почеток. Перфекционистите имаат потешкотии да го направат овој чекор бидејќи тие своите грешки ги гледаат како неуспеси отколку како можности за учење. Запамтете дека навистина дознавате повеќе кога ќе направите нешто погрешно отколку кога ќе го направите исправно првиот пат. Откако ќе направите грешка имате можност да ги усовршите своите практични и витални вештини. Но, перфекционизмот стои на патот на учење. Може да направи да се чувствувате толку лошо за себе кога ќе се плеткате на работа што е скоро невозможно да се опоравите , а уште помалку да научите нешто од искуството. Затоа, обидете се да се фокусирате на грешките и гледајте ги како вистински можности за учење и раст.
Поднесете добро кога другите ќе згрешат
Културата на компанијата може да игра прилично голема улога кога станува збор за тоа како грешките поминуваат на работното место. Кога и да сте во можност секогаш придонесувајте на позитивен начин во канцеларијата. Понудете помош на вашите соработници кога се борат, бидете флексибилни и позитивни кога туѓа грешка негативно влијае на Вас.

Очекувајте ги грешките
Ако грешките се нормален дел од животот, тогаш зошто сте толку изненадени кога правите една? Првиот чекор за опоравување од грешка е да не бидете тотално зачудени од тоа. Природно е да се нервирате кога ќе откриете дека сте направиле нешто лошо на работа. Но, потсетете се дека грешките навистина се нормален дел од животот. Знаете дека сигурно сте направиле грешка во одреден момент - и големи се шансите дека ќе се случат грешки и во иднина.длабоко вдишете и опуштете се. Затоа, длабоко дишете и опуштете се. Потсетете се дека овие работи се случуваат.
Фокусирајте се на решенија
Не дозволувајте да се задржувате премногу долго на негативната страна. Нервирањето и лутината во ситуација кога ќе згрешите воопшто не ви помагаат. Наместо тоа, започнете да се фокусирате на наоѓање решение. Не треба да се посветувате на ниту еден пристап, туку само разгледувајте опции за идеи. Како можете да преземете соодветна одговорност за ова? Што можете да направите за да ги исправите работите? Наместо да се задржувате на вашата грешка, започнете да се фокусирате на обидот да најдете начин да го решите проблемот.
Оценете што се случило
Поминете некое време навистина да бидете искрени со себе за тоа што тргнало наопаку и зошто. Проценете што треба да направите поинаку во иднина за грешката да не се повтори. Разгледајте ги повратните информации на другите и сопственото знаење и навистина направете преглед на она што се случило. Брзавте од една до друга задача? Дали пропуштивте критичен чекор на патот? Ако не сакате да ја повторите својата грешка, мора навистина да разберете што тргна наопаку. Обидете се да најдете вистинска рамнотежа со ова.
Демонстрирајте раст
Постои голема разлика помеѓу тоа да се направи грешка еднаш и да се направи неколку пати. Вклучување во процесот на решавање проблеми сериозно ќе ви помогне да научите за грешките и да не ги повторувате. Оставете ја Вашата работа да зборува сама за себе. Нема потреба да го кажувате минатото и да ги потсетувате сите на Вашата грешка. Откако проблемот ќе се расчисти што е можно повеќе, оставете го зад вас. Потоа, започнете да се фокусирате на демонстрација на реален раст. Вистинските луѓе ќе забележат на крајот. Навистина е точно дека сите прават грешки. Важно е како да се опоравите од нив.