Компанијата Reddit во соопштение откри дека го купува ривалот на TikTok, Dubsmash. Во соопштението не беа откриени финансиските услови на зделката.
Dubsmash им овозможува на корисниците да создаваат и споделуваат видео содржини, а особено е популарен кај младата, разновидна публика. Жените сочинуваат 70% од корисниците на оваа апликација, а приближно 30% од корисниците активно ја користат секој ден, според „Reddit“.

Платформата со седиште во Њујорк овозможува повеќе од 1 милијарда прегледи на видеа месечно.
Тројцата ко-основачи на Dubsmash , Сошит Даш, Џонас Друпел и Тим Спехт, ќе се приклучат на Reddit со непосреден ефект. Додека Dubsmash ќе ја одржува сопствената платформа и бренд, нивните алатки за создавање видео ќе бидат интегрирани во Reddit.
Reddit им дозволува на корисниците да поставуваат и споделуваат свои видеа од 2017 година, а сегментот расте брзо. Бројот на објавени видеа на платформата е двојно зголемен во 2020 година, според компанијата.
„Возбудени сме што како компанија, воведувајќи ги нашите алатки и технологија ќе допринесеме во нивната страсна, рапидно растечка база на корисници", се вели во изјавата на Даш, Друпел и Спехт.
Во последниве години, платформите за социјални медиуми инвестираа многу во кратки видеа, поттикнати од успехот на TikTok и Snapchat. Facebook, Instagram, Google, лансираа свои производи дизајнирани да се натпреваруваат со TikTok.