Промовирани огласи »

Која е компанијата која го купува Dubsmash?

Dubsmash им овозможува на корисниците да создаваат и споделуваат видео содржини, а особено е популарен кај младата публика.

Компанијата Reddit во соопштение откри дека го купува ривалот на TikTok, Dubsmash. Во соопштението не беа откриени финансиските услови на зделката.

Dubsmash им овозможува на корисниците да создаваат и споделуваат видео содржини, а особено е популарен кај младата, разновидна публика. Жените сочинуваат 70% од корисниците на оваа апликација, а приближно 30% од корисниците активно ја користат секој ден, според „Reddit“.

Платформата со седиште во Њујорк овозможува повеќе од 1 милијарда прегледи на видеа месечно.

Тројцата ко-основачи на Dubsmash , Сошит Даш, Џонас Друпел и Тим Спехт, ќе се приклучат на Reddit со непосреден ефект. Додека Dubsmash ќе ја одржува сопствената платформа и бренд, нивните алатки за создавање видео ќе бидат интегрирани во Reddit.

Reddit им дозволува на корисниците да поставуваат и споделуваат свои видеа од 2017 година, а сегментот расте брзо. Бројот на објавени видеа на платформата е двојно зголемен во 2020 година, според компанијата.

„Возбудени сме што како компанија, воведувајќи ги нашите алатки и технологија ќе допринесеме во нивната страсна, рапидно растечка база на корисници", се вели во изјавата на Даш, Друпел и Спехт.

Во последниве години, платформите за социјални медиуми инвестираа многу во кратки видеа, поттикнати од успехот на TikTok и Snapchat. Facebook, Instagram, Google, лансираа свои производи дизајнирани да се натпреваруваат со TikTok.

Промовирани огласи »

3 психолошки трикови кои ќе Ви помогнат да заштедите пари!

Сите ние сакаме да заштедиме повеќе пари - но генерално, голем дел од луѓето се соочуваат со проблеми околу заштедата. Погледнете го видеото и дознајте како да заштедите повеќе, а трошите помалку.

Сите ние сакаме да заштедиме повеќе пари - но генерално, голем дел од луѓето се соочуваат со проблеми околу заштедата. Научникот за однесување Венди Де Ла Роса проучува како секојдневните луѓе донесуваат одлуки за подобрување на нивната финансиска состојба. Погледнете го видеото и дознајте како да заштедите повеќе, а трошите помалку.

3 психолошки трикови кои ќе Ви помогнат да заштедите пари!

Промовирани огласи »

Фирмите и граѓаните ќе добијат помош и наредната година

Нова поддршка за граѓаните и фирмите за справување со последиците од корона кризата.

На почетокот на 2021 година ќе следи нова поддршка за граѓаните и фирмите за справување со последиците од корона кризата.

Премиерот Зоран Заев за најавениот петти пакет мерки и неговата содржина, како и временскиот термин од кога тој ќе важи, одговори дека наскоро следува процес на консултации со синдикатите, претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и сите чинители, за да бидат највнимателно таргетирани потребните мерки. Тој подвлече дека државата има проектирано средства за оваа намена и во Буџетот за 2021 година.

Според нивните  најави , наскоро за ова се очекуваат консултации и со Синдикатите, Стопанските Комори и другите социјални партнери. Целта како што додаваат, е таргетирање  на  оние кои се најпогодени од Ковид кризата

Портпаролот на Владата вели дека и овој пакет помош ќе личи на претходните.

„Со петтиот пакет ќе се постапува највнимателно, со цел да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните. Така беше и во текот на оваа година“, изјави на прес конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Досега со економски мерки се подржани најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на корона-вирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од 14.500 до 21.778 денари.30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од 14.500 до 21.778 денари.

Промовирани огласи »

Ќе има ли попис во 2021?

Може ли да се заштити пописот од манипулации?

Потребата од спроведување попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија, на некој начин веќе е издигната на ниво на препорака од европските институции (Европската комисија, Советот на Европа, Евростат) за исполнување на европските критериуми и стандарди од страна на македонската држава, пишува Нова Македонија.

Таквото барање (очекување) е изразено и во последниот извештај на Европската комисија, во кој се истакнува фактот дека попис на населението во Македонија не е извршен речиси две децении од 2002 година. Деновиве во македонското собрание повторно е влезен во процедура предлог-законот за попис на населението, овој пат со европско знаменце. Во новиот предлог, за разлика од претходниот, променети се датумите за одржување на пописот, односно истиот тој ќе се спроведе од 1 до 21 април 2021 година. Исто така во новиот предлог се дефинираат и носителите на збирки на податоци што ќе се користат при вкрстување на податоците, податок што не беше наведен во претходниот закон. Во новиот предлог се зголемува и бројот на пописни реони од 45 на 50.

И покрај тоа што сите политички чинители во земјата декларативно се залагаат за конечно спроведување на пописот, сепак активирањето на процедурите за негово законско регулирање редовно предизвикува престрелка со изјави и предлози на јавна сцена меѓу преставниците на власта и на опозицијата, на која вообичаено ѝ се придружуваат и претставници од етничките партии и заедници, секој со свој интерес и очекување од резултатите за пописот. Најновиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ пописот во април 2021 г. да се спроведува со земање отпечаток на прсти на присутните граѓани во земјата, со набавка на 10.000 уреди за читање отпечатоци од прсти, предизвика реакција на сомневања од министрите во Владата од редовите на СДСМ, за опструкција на пописот од страна на опозицијата. Аргументот на опозицијата за ваквиот предлог е процената дека со широкиот опфат на населението при пописот и на оние жители што подолго време не престојуваат во државата, резултатите можат да покажат дека Македонија има население од три милиони жители.

Различната аргументација меѓу власта и опозицијата на темата за пописот отвори и поширока дебата во јавноста и на социјалните мрежи. Роберт Милески, активист и еден од основачите на „Македонскиот национален совет“, укажува дека со пописот, пред сѐ, треба да се утврди колку население реално живее во државата, а не само да се евидентира колку се носители на македонско државјанство.

– Пописот е статистичка операција што треба да покаже колку жители има една држава, каде живеат тие, а не колку државјани! За второто има податок во МВР. За да се заштити пописот од манипулации постојат неколку начини. Јас пред многу години наведов неколку, меѓу кои беше и кросреференцирање (вкрстување) на бази на податоци од повеќе институции, како што се МВР, ПИОМ, банки и слично, а особено базите на МВР, кои евидентираат кога некој државјанин е излезен и кога влегол во Македонија. Може да се попише само државјанин што најмалку шест месеци од денот на пописот престојувал во Македонија. Сите други, според европски и светски стандарди – не се жители на Македонија, односно се жители на некоја друга држава. Нема логика еден ист човек да живее во Германија, таму да се води како жител, доаѓа во Македонија еднаш годишно по еден месец и истиот тој да биде попишан тука!… Според правилата на Евростат, јасно е како се изведува попис. Државјани на ЕУ што престојуваат подолго од шест месеци на територија на друга ЕУ-држава, автоматски стануваат и гласачи во таа општина каде што престојуваат.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »