Владата во следниот сет на економски мерки размислува директно да вбризгува готови средства кај граѓаните, односно домаќинствата со цел да се зголеми јавната и личната потрошувачка.

Една од варијантите е пари да добиваат граѓаните на своите сметки за да ја зголемат личната потрошувачка која поради корона кризата и стравот од неизвеснота се очекува значително да се намали.
ТВ 24 дознава за оваа мерка се планираат околу 70 милиони евра, од кои оцијалните случаи, невработените, младите, а посебно студентите, да добијат еднократна парична помош која би можела да стигне и до 10 илјади денари.
Парите ќе треба да се потрошот во одредени категории, а критериум на доделување ќе биде имотната состојба.
Од друга страна, не само што не се размислува да се кратат средства за капиталните инвестиции, туку да се троши и за нови проекти кои, инаку биле планирани за подоцна, со цел да се зголеми и јавната потрошувачка.
Третиот економски пакет што го најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, треба да биде прифатен од Владата, па ќе им се даде на разгледување на стопанствениците, а во него ќе има мерки и за туризмот и земјоделието, како и за други дејности.