Промовирани огласи »

Осумчасовно работно време: Губење на време

Во текот на осумчасовното работење ја губиме концентрацијата, ни опаѓа продуктивноста, се намалува квалитетот на она што го работиме.

Малкумина се оние кои работејќи на некој проект активно ќе работат осум часови. Не, всушност ги нема! Тоа не е возможно, дури и да мислите дека сте работеле, верувајте мозокот и телото повремено се одмарале.

Во текот на осумчасовното работење ја губиме концентрацијата, ни опаѓа продуктивноста, се намалува квалитетот на она што го работиме, често грешиме, не обрнуваме доволно внимание, а и сето ова остава тешки последици на нашето здравје.

Секое седење на компјутер кое е подолго од 3-4 часа предизвикува симптоми на физичка нелагода и ментален замор. Работниците тогаш ја губат нивната способност да ја извршат квалитетно својата работна задача. Идеално би било после три часа работа да направите нешто сосема друго,бидејќи на овој начин му се дава можност на мозокот да ја собере потребната сила.

Што ја зголемува продуктивноста

Промената на активностите или одморот ја зголемуваат продуктивноста бидејќи на тој начин се спречува падот на енергијата. Во реалноста, повеќе работници се приморани да работат иако нивото на ментална енергија е ниско. Затоа такви се и нивните резултати. Монотонијата ја попречува креативноста.

Кое е решението?

Идеално е да го поделите работниот ден на неколку сегменти. Некои компании ја проучија сериозноста на овој проблем, па затоа во своите канцеларии вметнаа топол оброк, фитнес центар и катчиња за релаксација. Проблемот е во тоа што овие работи се скапи за работодавецот, а и повеќето имаат средства но не сакаат ова да го спроведат, сметајќи дека тие ги плаќаат вработените за да работат, а не да се релаксираат.

Би било одлично доколку може да се скрати ова осумчасовно работење, тогаш работниците би биле повеќе одморени и при извршување на работните задачи би обезбедиле поголем квалитет. Се до овој момент, ние работниците, на секои два до три часа ќе се обидеме да направиме мала пауза со цел да си ја повратиме силата.

Промовирани огласи »

Нови цени на горивата од полноќ

Од полнoќ нoви цени на гoривата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недели малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 0,50 денар/литар.

Промовирани огласи »

Подгответе се за зимското сметање на времето – стрелките одат еден час назад Центар | пред еден час

Следната недела се менува начинот на сметање на времето.

Следната недела се менува сметање на времето, односно се преминува кон зимско сметање на времето.

Утрото меѓу сабота и недела на 24 и 25 октомври, стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад

Во недела на 25 октомври, во 3 часот наутро стрелките ќе се вратат еден час наназад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Промовирани огласи »

Николовски: Над 180.000 пензионери ќе добијат платежни картички, пратениците да гласаат за ребалансот

Над 180.000 пензионери ќе добијат платежни картички, пратениците да гласаат за ребалансот

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година што е во собраниска процедура, се обезбедуваат 470 милиони евра за четвртиот сет економски мерки. Од нив, 27,6 милиони евра ќе бидат наменети за домашни платежни картички во вредност од 6.000 денари. Ова го истакна пратеникот од СДСМ, Илија Николовски.

Тој појани дека со оваа мерка, над 180.000 пензионери со пензија до 15.000 денари ќе добијат домашни платежни картички со кои ќе можат да пазаруваат, а покрај нив, платежни картички ќе добијат и лицата кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Николовски: Над 180.000 пензионери ќе добијат платежни картички, пратениците да гласаат за ребалансот

„Ова е директна помош за над 180.000 наши сограѓани, ова значи зајакнување на нивната куповна моќ и поттикнување на приватната потрошувачка. Ова е вистинска грижа за нашите највозрасни сограѓани. Ги повикувам колегите пратеници од сите политички партии да дадат поддршка и да го изгласаме ребалансот на Буџетот за 2020 година. Со тоа им помагаме на нашите сограѓани и помагаме на нашата македонска економија побрзо да излезе од економската криза што го има зафатено целиот свет“, рече Николовски.

извор: Makfax

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »