Промовирани огласи »

Николовски: Над 180.000 пензионери ќе добијат платежни картички, пратениците да гласаат за ребалансот

Над 180.000 пензионери ќе добијат платежни картички, пратениците да гласаат за ребалансот

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година што е во собраниска процедура, се обезбедуваат 470 милиони евра за четвртиот сет економски мерки. Од нив, 27,6 милиони евра ќе бидат наменети за домашни платежни картички во вредност од 6.000 денари. Ова го истакна пратеникот од СДСМ, Илија Николовски.

Тој појани дека со оваа мерка, над 180.000 пензионери со пензија до 15.000 денари ќе добијат домашни платежни картички со кои ќе можат да пазаруваат, а покрај нив, платежни картички ќе добијат и лицата кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Николовски: Над 180.000 пензионери ќе добијат платежни картички, пратениците да гласаат за ребалансот

„Ова е директна помош за над 180.000 наши сограѓани, ова значи зајакнување на нивната куповна моќ и поттикнување на приватната потрошувачка. Ова е вистинска грижа за нашите највозрасни сограѓани. Ги повикувам колегите пратеници од сите политички партии да дадат поддршка и да го изгласаме ребалансот на Буџетот за 2020 година. Со тоа им помагаме на нашите сограѓани и помагаме на нашата македонска економија побрзо да излезе од економската криза што го има зафатено целиот свет“, рече Николовски.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев за повратот на средства за проектот „Викенд без ДДВ“ рече дека ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза, како што вели тој, граѓаните штедат пари.

- За оваа мерка ќе се вратат некаде околу 1,5 милион евра. Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање при обиколката на претоварната станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Премиерот рече дека иако само мал дел од предвидената сума за враќање на целиот ДДВ била искористена, тој вели дека прометот во некои ставки бил зголемен за пет пати.

- Доколку граѓаните сакаат, може да има следен викенд без ДДВ за две или три недели, но најверојатно ќе ги алоцираме останатите средства за друга намена, рече Заев.

Промовирани огласи »

Ограничување на бројот на патници во јавниот превоз за 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти по 23 часот, се новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, пренесува порталот а1 он. 

Целта на овој пакет мерки ќе биде да се намали ширењето на корона вирусот без директен респираторен контакт, бидејќи се поголем број од новозаразените не знаат каде и од кого се заразиле. 

Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледавме околностите од пандемијата. Состојбата во болниците е таква да целосно е спремна модуларната болница до Инфективната клиника, иако се уште таму нема сместено пациенти. Во однос на бројките еве гледаме и секаде во регионот се сголемуваат случаите. со есенскиот бран, рече Филипче. 

Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа. 

Промовирани огласи »

Волонтери ќе пазарат намирници за пензионерите – потребно е само да се пријавите

Почнувајќи од денеска, пензионерите нема потреба да излегуваат да пазарат

 Почнувајќи од денеска па се до 15 ноември во рамките на акција на МАПАС волонетрите ќе им помагаат на пензионерите преку набавка на секојдневни намирници.

-Волонтерската акција се одвива под мотото „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош” и ќе се реализира на територија на градот Скопје. Сите пензионери што сакаат да бидат дел од акцијата и да добијат помош, можат да се пријават на телефонскиот број 0800 11 800, информираат од МАПАС.

Целта на оваа акција, како што појаснуваат, е да им се помогне на пензионерите како една од најранливите категории во време на ограничено движење заради заштита од ширење на заразата, во обезбедување на секојдневните намирници. Обезбедувањето на намирниците за пријавените пензионери во рамките на акцијата ќе се одвива еднаш неделно, во општините во Скопје.

-За да се обезбеди што пошироко покривање на што поголем број на пензионери, беше организиран и јавен повик за пријавување на волонтери, кои ќе бидат дел од оваа акција. Досега се пријавија 80 волонтери кои заедно со волонтерите од МАПАС и пензиските друштва ќе ги набавуваат намирниците за пензионерите од Скопје, се вели во соопштението од МАПАС.

Волонтерската акција „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош” е дел од информативната кампања „Времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш”, која започна на 15 септември – Денот на пензиска свесност, чија цел е зголемувањето на свесноста кај младите за тоа дека вистинските одлуки за нивната пензија треба да ги донесуваат уште сега, односно со нивното прво вработување, а не пред пензионирање.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »