Промовирани огласи »

ГРАЃАНИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ИМ СТУДИ - парното чека поладни денови

Навечер и наутро знае да не биде пријатно

Граѓаните од Скопје, особено оние чии домови не се на сонце, се жалат дека наутро и навечер им е навистина ладно.

Но, радјаторите во сите изминати денови се студени, бидејќи се уште не е вклучен систем за градско парно греење. 

Како што е познато, според новите правила, иако грејната сезона почнува официјлно на 15 октомври, сепак имаше шанса парно да се пушти уште на први месецов, доколку прогнозата за утрешниот ден говорела дека надворешната дневна просечна температура ќе биде под или 12 степени целзиусови. 

Очигледно дека досега, на три дена пред официјалниот старт на грејната прогноза, не се случила таква прогноза за граѓаните да почуствуваат топлина во својот дом.

Многумина беа принудени да уклучуваат или клима уреди, греалици ичи друг начини за затоплување додека да го премостат овој период. 

За утре и за среда се најавуваат пониски температури, но останува да видиме каков ќе биде очекуваниот просек и дали тоа ќе биде доволно за надлежните и за снабдувачите за да се приклучи парно. 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, за Фактор неодамна ги објасни правилата кои важат сега.

Имено, почнувајќи од први па се до 15 октомври, има можност да се пушти толинска енергија, но само доколку Регулаторната комисија за енергетика добие известување од Управата за хидрометеоролошки работи дека во текот на утрешниот ден надворешната дневна просечна температура ќе биде под или 12 степени целзиусови.

УХМР се раководи од прогнозата за следниот ден, и тоа за 24 часа, со тоа што ги собира очекуваните температури за секој час, и потоа збирот го дели со 24, со што се добива средната дневна просечна температура.

Такви известувања регулаторите добиваат секој ден, почнувајќи од завчера, па се до 15 октомври.

Како што е познато, до пред извесен период важеше правилото парно да се пушти доколку прогнозата е три дена по ред под 12 степени целзиусови во вечерните часови, но сега, како што вели Бислимовски, се применува ново правило, а тоа е со средната дневна температура. Според него, ова се направило со цел да се заштити интересот на граѓаните, односно да не се чека три дена за да се пушти парно ако е ладно, туку таква одлука да се носи ден за ден.  

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

И покрај тоа што над 1.300 вработени според Рамковниот договор седат дома, а со години земаат државна плата, договорите не можат да им бидат прекинати, дури и ако одбијат да работат во некоја од институциите. Ова вчера го изјави првиот вицепремиер Артан Груби.

„Нема законска можност за тоа да се реализира, за жал. Во некои од институциите самите вработени не сакаат да одат, во некои други случаи, институциите не ги прифаќаат затоа што би преферирале нови вработувања. Затоа и најавив усвојување можеби на посебен, специјален закон, само за оваа категорија, со кој би било обврзувачки, и институцијата и вработениот да го прифатат распределувањето“, вели Груби.

Според него, неблагодарно е да се даваат рокови до кога треба тие да бидат работно ангажирани, а тоа што седат дома, не е по нивна вина.

Промовирани огласи »

Сепак нема влез од полноќ без ПЦР тест во Србија, Бих и Црна Гора!

Македонските граѓани сепак од утре нема да можат во Србија, Црна Гора и БиХ без ПЦР тест

Останува само за „утеха“ влез без ПЦР тест во Косово. Во продолжение целото соопштение од Владата на Македонија.


1598
11 октомври 2020, 23:11
СподелиСподели

Во соопштението се вели:

„Владата на Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Македонија, без ПЦР тест.“

  

Промовирани огласи »

Бугарите ја зголемуваат минималната плата - каде сме ниe?

Ние сме далеку зад нив

Источните соседи ќе ја зголемат својата минимална плата. 

Таа од 1 јануари 2021 година ќе скокне за 20 евра, објави бугарскиот портал Новините. Така, во иднина, „минималецот“ ќе биде околу 325 евра.

Организациите на работодавачи се против зголемувањето.

Просечната плата во Бугарија во моментов е 665 евра.

Минималната плата е утврдена со закон во 21 земја на Европската унија, а во шест земји-членки е утврдена со колективни договори. 

Висината зависи од животниот стандард, но и од развојот на земјата.

Евростат објави дека Луксембург има највисок минималец меѓу земјите-членки на ЕУ  и тој изнесува 2.142 евра.

Германија иако важи за богата земја, сепак според висината на минималецот е зад неколку земји од ЕУ. 

Скандинавските земји имаат високи минимални плати. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »