Промовирани огласи »

Бугарите ја зголемуваат минималната плата - каде сме ниe?

Ние сме далеку зад нив

Источните соседи ќе ја зголемат својата минимална плата. 

Таа од 1 јануари 2021 година ќе скокне за 20 евра, објави бугарскиот портал Новините. Така, во иднина, „минималецот“ ќе биде околу 325 евра.

Организациите на работодавачи се против зголемувањето.

Просечната плата во Бугарија во моментов е 665 евра.

Минималната плата е утврдена со закон во 21 земја на Европската унија, а во шест земји-членки е утврдена со колективни договори. 

Висината зависи од животниот стандард, но и од развојот на земјата.

Евростат објави дека Луксембург има највисок минималец меѓу земјите-членки на ЕУ  и тој изнесува 2.142 евра.

Германија иако важи за богата земја, сепак според висината на минималецот е зад неколку земји од ЕУ. 

Скандинавските земји имаат високи минимални плати. 

Промовирани огласи »

За трипати зголемен прометот од македонски производи во првиот ден од Викенд без ДДВ. 

Управата за јавни приходи известува дека согласно обработените податоци, во првиот ден од Викенд без ДДВ  (10.10.2020) прометот од македонски производи е зголемен за трипати. Граѓаните кои вчера  ја искористиле оваа мерка, ќе им се врати целосниот ДДВ за купените македонски производи / услуги како и компјутерска опрема во рок од 15 дена од издадената сметка односно до крајот на Октомври 2020 година.

Мерката трае заклучно со понеделник, а граѓаните сметките треба да ги скенираат во рок од 3 дена по нивното издавање.

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Од утре во Косово и во Србија се патува без ПЦР тест. 

Артан Груби, првиот вицепремиер на Владата, изјави дека од утре граѓаните на нашата земја ќе може да патуваат во двете соседни земји  без ПЦР тест.

„Како што е познато, веќе долго време граѓаните на Албанија доаѓаат во нашата земја без никаков тест, и нашите граѓани патуваат во Албанија без тест. Од утре се надевам дека тоа ќе биде случај и со Косово и со Србија“, изјави Груби.

Сепак, премиерот Зоран Заев повика да се патува само ако е неопходно. 

Во целиот регион бројот на заразени расте.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година,  за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема  (http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/povlasteni_danocni_stapki/pregled/8),  со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ, ќе може да го вратат целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки, информираат од УЈП. 

За враќање на целиот износ на данокот, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по истекот на овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се пресметува со 20% од платениот ДДВ во фискалната сметка исто така и надминатиот износ од вкупниот промет ќе се пресметува согласно редовната пресметка односно 20 %.Враќањето на целосниот износ на ДДВ ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »