Промовирани огласи »

РКЕ: Можете да добиете надоместок за штета поради прекини во испораката на енергија со послаб квалитет од пропишаниот

ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури

Енергетските компании се подготвени за зимскиот период кој следува, производството на електрична енергија е стабилно, испораката е сигурна, а компаниите се соодветно екипирани согласно препораките од Министерството за здравство – ова е заклучокот од координативна средба што се одржа на иницијатива на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО и ЕВН.

„Изминатите месеци и во време на пандемија и вонредна состојба енергетските компании функционираа координирано и синхронизирано со што енергетскиот систем остана стабилен. Ова стекнато искуството е подготовка за зимскиот период кој следува. На состанокот ЕСМ информираше дека производството на електрична енергија е стабилно. ЕВН ја гарантира сигурноста на испорака на електрична енергија и брзо отклонување на дефектите. Воедно сакам да ги информирам граѓаните дека Универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија.

Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг. Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН Хоме ДОО Скопје да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема.

Сакам да ја информирам јавноста дека согласно член 197 став (3) од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и 96/19) сите потрошувачи имаат право и можат да се жалат и да добијат надоместок за штета поради прекини во испораката на енергија со послаб квалитет од пропишаниот.

Во Правилникот за определување на надоместок на штета има сет на мерки за заштита на ранливите потрошувачи при што е предвиден приоритетен третман на барањата кои ги поднесуваат ранливите потрошувачи за надоместок од претрпена штета поради несоодветен напон.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Промовирани огласи »

Компанија за производство на челик Џиангкси одлучи да ги награди своите вработени, вкупоно на бројка 4.116 луѓе со нов автомобил за секој човек поединечно. Оваа награда им следела од причина поради што имале надминување на зацртаната заработка, петта година по ред.

Корпорацијата „Џиангкси“ на своите вработени, неколку недели пред Денот на кинеската државност, им подари вкупно 2.933 возила Форд Територи и 1.183 Фолксваген Маготан. Според кинеските медиуми, фирмата тоа ја чинело 500 милиони јуани (74 милиони долари).

Компанијата соопшти дека ќе плати и за регистрација, петгодишно осигурување на автомобилот, како и данок за него.

За сето тоа, кинеската корпорација доби пофалби од своите следачи ширум светот.

Промовирани огласи »

Работа од дома: Пет грешки кои ѝ пречат на вашата кариера

Пет грешки што може да и наштетат на вашата кариера кога работите од дома

Во 2020 година, многу вработени навикнати да работат во канцеларија беа принудени да се префрлат на работа од дома. Затоа, прашањето е крајно релевантно денес: дали е реално да напредувате во вашата кариера додека работите од дома? Експертите споделуваат мислења во студијата на „Мари Клер“ кои грешки не треба да се прават во комуникацијата со раководството и како да се изгради вистинската стратегија за работа што ќе ви помогне да добиете унапредување со работа од далечина.

Самоизолацијата неколку месеци им овозможи на канцелариските работници да ги ценат придобивките од работата од далечина. На некои професионалци толку многу им се допадна овој формат на работење што решија да не брзаат назад во канцеларијата, туку да ја разгледаат можноста за полно работно време од далечина. Истражувањето спроведено во април 2020 година покажа дека 42 отсто од вработените во Русија немаат ништо против да работат од далечина, барем од време на време, а некои од нив би сакале да работат на тој начин континуирано. Главната грижа меѓу повеќето е дали ќе страдаат изгледите за кариера при работа од далечина. Менаџерите имаат тенденција да мислат дека домашната атмосфера го релаксира и го одвлекува вниманието на вработениот од работа – ова на крајот води до понеквалитетно извршени задачи во споредба со кога вработениот е буквално во видно поле на раководството. Затоа, пред сè, се соочувате со задача да го разбиете овој мит, а потоа да покажете иницијатива за извршување нови задачи и желба да преземете дополнителна одговорност.

Људмила Кислова, раководител на човечки ресурси во КФЦ Русија и ЗНД, зборува за грешките што можат да станат пречка за постигнување на посакуваното унапредување при работа од далечина.

Грешка 1. „Ги решавам сите прашања по пат на електронска пошта, не сакам да се јавувам, и непријатно ми е да ја вклучам видео-камерата“.

Кога работите од далечина, дискусијата за главните проблеми и задачи се спроведува преку е-пошта и работни разговори во мрежи и платформи на Интернет. Дигиталните канали ви помагаат брзо да одговорите на какви било прашања, но вашата комуникација со колегите ја прави безлична. Затоа е важно во комуникацијата да ги примените оние алатки што ќе го потсетуваат вашиот менаџмент и колегите дека сте жива личност преку вашиот изглед, говор, емоции и реакции. Користете видео и телефонски повици секогаш кога е можно. Заради вас и вашите колеги, барајте видео повици наутро. Вашиот елегантен изглед ќе му каже на менаџерот дека сте подготвени за работа и со помош на изрази на лицето и интонации ќе демонстрирате борбеност. Ако таков „радикален“ предлог не наиде на одговор, тогаш разговарајте за можноста за неделни повици. Со нивна помош ќе ги презентирате своите достигнувања и нови идеи, како и ќе воспоставите лична комуникација со менаџерот.

Грешка 2. „Ако задоцнам со задачата, сè е во ред. Ќе го испратам кога ќе можам “

При работа од далечина станува полесно да се види кој од вработените е навистина зафатен, а кој само имитира таква активност. Затоа, навременото и точно исполнување на обврските секогаш мора да останат ваш приоритет. Првото нешто што ќе треба да направите е да се докажете како дисциплиниран професионалец на кој не му е потребна надворешна контрола. Ова можеби звучи неправедно, но многумина веруваат дека телекомуникациите по дифолт се помалку ефикасни. Истражувањето на Гартнер од март 2020 година покажа дека 76 отсто од вработените кои работат од далечина не се сигурни во својата продуктивност, и покрај успешните минати задачи и резултати. Кога работите од дома, треба да бидете двојно повнимателни во управувањето со вашето време, бидејќи искушението да ве се одвлече вниманието од работа со домашните обврски или омиленото ТВ-шоу или серија е навистина големо.

Грешка 3. „Ако шефот мисли дека работам добро и можам да постигнам повеќе, тој самиот ќе ми понуди нова позиција“.

Запомнете дека активните вработени често постигнуваат повеќе од нивните поискусни, но молчеливи колеги, така што растот на кариерата зависи многу од вашата иницијатива. Ако мислите дека сте подготвени за унапредување, не чекајте да ве понудат – кажете му на вашиот менаџер за вашите намери. Дури и ако ве одбијат, барем ќе ги изјавите своите желби и амбиции. Исто така, голем број големи компании, како што е КФЦ, имаат практика да развиваат индивидуални планови за кариера или кариерни атласи што ги покажуваат потенцијалните можности за кариера на еден вработен. Консултирајте се со колегите од Одделот за човечки ресурси за тоа што треба да се стори за да се премине на следното ниво – кои компетенции треба да се развијат и кои програми за обука или развој треба да се совладаат. Обрнете внимание на уште една подеднакво важна точка – вистинскиот момент да разговарате за вашето унапредување.. Ако компанијата работи добро и нејзината позиција на пазарот е стабилна, тогаш не двоумете се да побарате време за разговараат со вас. Ако компанијата доживува криза или намалување на трошоците, тогаш може да вреди да се одложи дискусијата за подобри времиња.

Грешка 4. „Мојот менаџер веќе знае што можам да направам и колку добро работа“

Ако скромноста ве спречува да зборувате за вашиот напредок и достигнувања, тогаш има големи шанси да бидете унапредени дури по неколку години, па иако сега добро си ја извршувате работата. Мошне често резултатите од вашата работа треба да бидат презентирани во вистинското светло на вашето раководство, затоа воведете правило да ги споделувате вашите достигнувања со шефот еднаш неделно за време на разговор или во писмена форма. Накратко опишете ги задачите извршени во текот на неделата, забележете го напредокот на клучните проекти или укажете на областите за кои е потребно негово/нејзино внимание. Нагласете го влијанието на измените кои виет сте ги предложиле врз бизнисот – ова ќе му помогне на шефот да ги осознае вашите заслуги за целата компанија.

Грешка 5. „Немам време да учам, а и зошто – и онака имам доволно задачи“

Во врска со масовниот трансфер на канцелариски работници на работа од далечина во контекст на пандемијата, многу компании ги пренесоа своите иницијативи во онлајн формат. Стана можно да се учествува во веб-обуки, осеминари и едукативни програми без да го напуштите домот. Размислете кои вештини и компетенции треба да ги „напумпате“ за посакуваната позиција – и испланирајте ги соодветните часови во вашиот календар. (БГНЕС)

Промовирани огласи »

Лукаревска: Следува викенд без ДДВ, сите пратеници да ги поддржат измените на законот

Предлог законот со кој ќе се реализира мерката “Викенд без ДДВ”, ги помина филтрите на надлежните собраниски комисии

Предлог законот со кој ќе се реализира мерката “Викенд без ДДВ”, ги помина филтрите на надлежните собраниски комисии.

Ова проект е во интерес на граѓаните и токму затоа денеска ги повикувам сите пратеници да го поддржат.

Гласањето ЗА ќе значи на граѓаните да им се овозможи да го добијат назад целиот ДДВ за производите кои ќе ги купуваат во викендот меѓу 10 и 12 октомври.

“Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четвртиот сет на владините антикризни мерки, со што всушност се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.

350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ”, со оваа мерка, за време на продолжениот викенд на 10-11 и 12 октомври ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, како и компјутери или друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари.

Во рок од неколку дена, на трансакциските сметки на граѓаните ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ.

Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

Досега, за само една година преку мерката Мој ДДВ, веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.

Ние , како пратеници имаме должност да се грижиме и да работиме за интересите на граѓаните.

Викенд без ДДВ ќе значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет.

Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »