Промовирани огласи »

Усвоено: Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово

Одлуката стапува на сила од понеделник.

-Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, – напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19.

Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.

Промовирани огласи »

Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022

Учеството во лотаријата е бесплатно.

Од утре до 10 ноември ќе трае пријавувањето на лотаријата за зелена карта за 2022 година за Соединетите Американски Држави.

Пријавувањето е преку официјалната веб страна  dvprogram.state.gov, на која има целосни инструкции, кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани  преку програмата почнувајќи од 8 мај 2021 година.

Од Амбасадата на САД во Северна Македонија информираат дека учеството во лотаријата  е бесплатно и им препорачуваат на кандидатите да ги спремат и поднесат своите пријави што е можно порано.

-Кандидатите смеат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но секој кандидат е одговорен за тоа дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни.  Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот, дури и откако е извлечен како добитник.  Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една пријава. Поднесувањето на повеќе пријави ќе доведе до дисквалификување од лотаријата, појаснуваат од Амбасадата.

Секој кандидат треба да ја испечати потврдената страница од пријавата со својот единствен број и да ја зачува до 30 септември 2022 година, за да може да провери дали е извлечен.  Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

Тагови: зелена карта

Промовирани огласи »

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва, бензините поевтинуваат додека дизелот поскапува.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.34%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 1.50 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 59.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 61.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар, и еден литар дизел од вечерва ќе чини 50.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Промовирани огласи »

Понеделник 12 октомври ќе биде неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Ова произлегува од празничниот ден кој му претходи односно Денот на народното востание.

„Согласно со Законот за празниците, 11 октомври 2020 година (недела), Денот на народното востание, е државен празник. Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани, стои во соопштението.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.

Дополнително, тие денови се и меѓу деновите кои ќе потпаднат под таканаречениот Викенд без ДДВ. На 10, 11 и 12 октомври за се што ќе потрошите на македонски производи и на ИТ опрема ќе ви биде вратен ДДВ.

Владата вчера ги усвои измените на Законот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »