Можно е многу скоро да се зголеми казната за неносење на заштитна маска.

Дека казните најверојатно ќе се зголемат, и дека за тоа се размислува, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Владата размислува за опцијата да ги зголеми казните за неносење маски, односно паричниот износ на казната за непочитување на оваа мерка против ширење на Ковид-19, а одлуката ќе зависи од проценката дали за тоа има потреба“, вели Спасовски.
Сега се предвидени казни од 20 евра за физички лица и од 500 до 2 000 евра во денарска противвредност за правни лица
Контролите ќе бидат зачестени за да се провери дали се почитуваат мерките.
Од 23 април задолжително е носењето маски.
Секој ден има од 300 до 600 луѓе кои се затекнати без маски. Состојбата е ваква за период од месец дена.
Последните 24 часа имаме 152 инфицирани, 2 починати и 126 оздравени од коронавирусот.
Зависно од состојбата со бројот на заразени, не е исклучена можноста за враќање на некои рестрикции.