Промовирани огласи »

Бензините поевтинуваат, дизелот со иста цена

Бензините поевтини за половина денар по литар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 20.07.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,060 ден/кг.

Од 28.07.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,060 (денари/килограм)

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Почнува исплата на јулските пензии. Ќе се даваат од утре по групи во зависност од висината на пензијата.

„Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата“, информира Министерството за труд и социјална политика.

Во вторник, на 28.07.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари.

Во среда, на 29.07.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари.

Во четврток, на 30.07.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари.

Во петок, на 31.07.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна  картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник  28 јули. Тие можат да ја подигнат јулската пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика потсетува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Оттаму апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Истовремено потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Промовирани огласи »

Мажите од овие професии најмногу изневеруваат

Еве кои се деветте професии со кои луѓето најмногу изневеруваат

Денеска успеавме да пронајдеме на интернет едно навистина интересно австралиско истражување за неверството. Во ова истражување била дел и страницата за запознавање на партнер, Victoria Milan, и во него учествувале 5, 650 корисници.

Според ова истражување се покажало дека луѓето кои имаат голем притисок на работното место како во финансиите, спремни се да го изневерат својот партнер.

Еве кои се деветте професии со кои луѓето најмногу изневеруваат:

1. Финансии
2. Авио индустрија
3. Доктори
4. Бизнисмени
5. Спортисти
6. Уметници
7. Работа во ноќни клубови
8. Правна индустрија
9. Комуникации и односи со јавност

Промовирани огласи »

Си-Ен-Ен: Коронавирусот трајно ќе ја промени светската економија

Коронавирусот, најверојатно, ќе остави траен белег врз светската економија, донесувајќи трајни промени, но и важни лекции, проценува „Си-Ен-Ен“.

Коронавирусот, најверојатно, ќе остави траен белег врз светската економија, донесувајќи трајни промени, но и важни лекции, проценува Си-Ен-Ен.

Следењето на вирусот веројатно ќе стане дел од нашите животи, како што се безбедносните мерки по нападите од 11 септември. Важно е, смета телевизијата, да се инвестира во потребната инфраструктура за откривање на идните вирусни епидемии. Оваа инвестиција ќе ја заштити економијата во случај да се покаже дека заштитата од Ковид-19 е привремена.

Многу економии за време на пандемијата усвоија верзии за работа со скратено работно време. Како резултат на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата го компензира недостатокот на плати. Работата на далечина ќе стане почеста и постојат докази дека работењето од дома е исто толку продуктивно како и работењето во канцеларија.

Кризата предизвикана од пандемијата го забрза темпото на дигитална трансформација со натамошно проширување на е-трговијата и побрзо усвојување на телемедицината, видео конференции, учење преку Интернет, се наведува во текстот на телевиизјата.

Од друга страна, компаниите во меѓународниот синџир за снабдување се соочуваат со тешкотии. Веројатно многу од нив ќе ја сменат локацијата на нивно производство, а овој тренд нема да создаде нови работни места затоа што поголемиот дел од производството ќе биде автоматизирано.

Владите ќе бидат поголеми бидејќи играат улога на осигурител и последен инвеститор за време на кризата. Јавниот долг, како што се наведува, ќе се „надува“, создавајќи финансиски проблеми ширум светот.

Најважната лекција што може да се научи од пандемијата на Ковид-19 е важноста да се работи заедно за решавање на проблемите што влијаат врз целото човештво, се наведува во текстот на Си-Ен-Ен, и заклучува дека светот е многу посилен кога е пообединет отколку поделен.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »