Промовирани огласи »

Си-Ен-Ен: Коронавирусот трајно ќе ја промени светската економија

Коронавирусот, најверојатно, ќе остави траен белег врз светската економија, донесувајќи трајни промени, но и важни лекции, проценува „Си-Ен-Ен“.

Коронавирусот, најверојатно, ќе остави траен белег врз светската економија, донесувајќи трајни промени, но и важни лекции, проценува Си-Ен-Ен.

Следењето на вирусот веројатно ќе стане дел од нашите животи, како што се безбедносните мерки по нападите од 11 септември. Важно е, смета телевизијата, да се инвестира во потребната инфраструктура за откривање на идните вирусни епидемии. Оваа инвестиција ќе ја заштити економијата во случај да се покаже дека заштитата од Ковид-19 е привремена.

Многу економии за време на пандемијата усвоија верзии за работа со скратено работно време. Како резултат на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата го компензира недостатокот на плати. Работата на далечина ќе стане почеста и постојат докази дека работењето од дома е исто толку продуктивно како и работењето во канцеларија.

Кризата предизвикана од пандемијата го забрза темпото на дигитална трансформација со натамошно проширување на е-трговијата и побрзо усвојување на телемедицината, видео конференции, учење преку Интернет, се наведува во текстот на телевиизјата.

Од друга страна, компаниите во меѓународниот синџир за снабдување се соочуваат со тешкотии. Веројатно многу од нив ќе ја сменат локацијата на нивно производство, а овој тренд нема да создаде нови работни места затоа што поголемиот дел од производството ќе биде автоматизирано.

Владите ќе бидат поголеми бидејќи играат улога на осигурител и последен инвеститор за време на кризата. Јавниот долг, како што се наведува, ќе се „надува“, создавајќи финансиски проблеми ширум светот.

Најважната лекција што може да се научи од пандемијата на Ковид-19 е важноста да се работи заедно за решавање на проблемите што влијаат врз целото човештво, се наведува во текстот на Си-Ен-Ен, и заклучува дека светот е многу посилен кога е пообединет отколку поделен.

Промовирани огласи »

Ќе седнат ли децата во клупите и со колкава дистанца меѓу нив, колку ќе бидат скратени часовите?

Наставниот кадар и родителите подолго време ги поставуваат прашањата, а од Министерството за образование ветуваат одговори.

До 10-ти август ќе се знае како ќе се одвива училишната настава во наредната учебна година. Ќе седнат ли децата во клупите и со колкава дистанца меѓу нив, колку ќе бидат скратени часовите, ќе бидат ли воведени дополнителни смени и крајно, каде ќе има настава со далечинско учење, а каде со физичко присуство?

Наставниот кадар и родителите подолго време ги поставуваат прашањата, а од Министерството за образование ветуваат одговори во наредните две недели.

“До 10-ти август ќе ги имаат сите тие информации. Нема потреба за паника. Има модели, треба да се усогласат и не е ништо задоцнето. Има снимање на состојбата, бројноста на учениците во паралелките, бараме просторни можности за оние училишта кои немаат капацитети, значи сите тие аспекти се разгледуваат”.

Наставник сам во училница и држи настава. Сликата може да стане реалност во случај на далечинско учење. Учениците дома, но наставниците материјалот да го предаваат од своето работно место – е еден од предлозите на работната група од Бирото за развој на образованието.

Сепак, од Министертвото најавуваат дека наставата со физичко присуство е приоритет при носењето на планот.     

“Она што и наставниците и директорите и родителите го бараат од нас е дека ништо не може да ја замени наставата со физичко присуство. И се додека постои и најмала алтернатива и можност за безбедно реализирање на наставата со физичко присуство, ние ќе правиме обиди да ја реализираме на таков начин”.

Од МОН велат дека најверојатно во функција ќе бидат повеќе модели на настава, во зависност од епидемиолошката слика во земјава. Со ова се согласува и опозицијата, иако смета дека барањето соодветен модел за настава од септември е задоцнето.

“Колку што ми е мене познато, ниту во Берово, ниту во Делчево, ниту во Виница нема заразени. Тие деца можат да почнат со настава сосема нормално, се разбира по скратена програма, за да бидат рамноправни со другите ученици. Таму каде што има најмногу заразени нека оди наставата он лајн”.

Расправата по сите модели и протоколи за тоа како ќе изгледа наставата од 1-ви септември почнува утре, а крајниот збор ќе го има Комсијата за заразни болести.

Промовирани огласи »

Нови цени на горивата од полноќ

Денес на точно на пладне Регулаторна ќе ги соопшти новите цени на горивата

Денеска напладне Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените на бензините се намалија за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит.

Се намали и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега се продава по 26,215 ден/кг.

Останува да видиме дали и денеска не очекува намалување на цените.

Промовирани огласи »

Плата само за преживување, за храна и сметки

Колку пари трошите за задоволување на основните животни потреби за еден месец?

Само за храна и сметки граѓаните  трошат над половина од својата плата. Според податоците од Државниот завод за статистика за минатата година, во просек 43,1% од месечната заработка се трошела за храна и безалкохолни пијалоци, додека за комуналните сметки се одвојувало 10,8% од приходите.

За споредба, Хрватска е една од земјите членки на Европската Унија, каде за храна се троши најмногу од семејниот буџет. Додека Македонците трошат скоро половина, Хрватите за храна трошат околу една четвртина од месечната заработка, додека европскиот просек се движи околу 12%.

Инаку, околу 8% од месечната заработка Македонците ја освојувале за отплата на кредити.
Најмалку од месечниот буџет се одвојува за образование и културни активности.

Статистиката покажува дека лани трошоците на живот се зголемиле за 0,8 процентни поени споредено со претходната година. Најголем пораст на цените има кај храната, сите видови пијалоци и тутунот, а намалување на трошоците е регистрирано кај облеката, обувките, превозот и домувањето.

Според последните податоци, на едно просечно четиричлено семејство месечно му се потребни 33.487 денари за задоволување на основните животни потреби.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »