Промовирани огласи »

ЕВН Македонија со нов проект „ЛОСТ“ за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи

ЕВН Македонија со нов проект „ЛОСТ“ за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи

ЕВН Македонија со задоволство ја најавува новата програма за стипендии „ЛОСТ“ за која ќе можат да конкурираат студентки и студенти со ниски семејни месечни примања запишани на електро-енергетските насоки на некој од електротехничките факултети во земјава. За поддршка на 10 студентки и студенти, кои потекнуваат од семејства со вкупни месечни примања пониски од две минимални плати, во текот на една учебна година, ЕВН ќе одвојува по 8000 денари месечно и ќе овозможи учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој.

Можност да добијат стипендија имаат и кандидатки и кандидати кои за прв пат годинава сакаат да се запишат на факултет. Услов за добивање на стипендија ќе биде да бидат примени како студенти на соодветните факултети.

Обврска на стипендистите е редовно да ги полагаат испитите од тековната година.

Сите заинтересирани своите прашања и апликации можат да ги испратат електронски на [email protected] до 30 септември 2020.

При доделувањето на стипендии ќе се овозможат еднакви можности и правичен третман на сите, без оглед на нивниот пол, религија, национална припадност, раса, вид на попреченост или политичка припадност.ЕВН Македонија веќе 10 години доделува стипендии за студентите на енергетските насоки на Електротехничките факултети. Досега се доделени 50-ина стипендии, и дел од стипендистите веќе ја развиваат својата професионална кариера во ЕВН. Со овие активности интересот за насоките кои се поддржани од ЕВН Македонија од година во година е се поголем, а со тоа и бројот на стручни кадри кои се иднината на енергетиката во земјава.

Промовирани огласи »

Битиќи: Четвртиот пакет економски мерки во септември

Додека траат постизборните преговори, нема нова помош за кризата

Фатмир Битиќи, претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека четвртиот пакет на економски мерки за справување со корона-кризата ќе следува дури во септември.

- Пакетот ќе биде донесен дури откако ќе завршат преговорите на партиите и формирањето на Владата. Очекувам во август да биде формирана Владата, а во септември да биде донесен новиот пакет на економски мерки кој ќе им помогне на граѓаните, како што тоа го направивме со платите од 14.500 и платежните картички, рече Битиќи.

Тој претходно најави дека рокот за издавање на домашните платежни картички е продолжен и во текот на оваа недела, по прифаќањето на дел од приговорите и по проширувањето на други групи на добитници.

Промовирани огласи »

СТОП за возењето под дејство на алкохол! Ова лето безбедноста нека ти биде на прво место!

РСБСП: Никогаш немојте да возите под дејство на алкохол, затоа што тоа носи смрт на патиштата!

Управување на моторно возило под дејство на алкохол е еден од најсериозните прекршоци кој го прават одредени возачи.  Да се управува моторено возило под дејство на алкохол значи да се нема ниту најмала почит кон себе, кон сопствениот живот, кон семејството, кон другите учесници во сообраќајот и кон општеството во целина.  Со жалење може да се констатира дека и покрај сѐ,  одредени поединци  се уште се осудуваат да седнат позади воланот и тогаш  кога се под дејство на алкохол. 

Покрај слабиот карактер и комплетната неодговорност, една од причините за еден возач  да седне  „пијан “ позади воланот е потценувањето на ризикот и опасноста дека може да се случи сообраќајна незгода и убедувањето дека на кратко растојание може да се управува моторно возило и под дејство на алкохол.  Во однос на оваа констатација РСБСП со потсетување дека ниту еден возач кој учествувал во сообраќајна незгода со фатални последици не ни претпоставувал дека тоа може да му се случи токму нему и со потсетување дека  ниту еден возач,  не тргнал  под дејство на алкохол, да управува моторно возило на патување од 1000 км, напротив, најголем број од возачите кои биле под дејство на алкохол и кои учествувале во сообраќајна незгода со тешки и фатални последици, патувале на пократка дестинација а многу често патувале во рамките на населеното место или регионот во кој престојуваат или живеат.

Водејќи се од тоа, РСБСП со потсетување, совети и пораки до возачите:

    •   Возач под дејство на алкохол не смее да започне да управува возило во сообраќај на пат. 

    •  Дозволено количество алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 г/кг. Кај професионалните возачи и возачите почетници, не е дозволено никакво количество алкохол во крвта (0,09 г/кг). Глобата за непочитување на оваа законска обврска изнесува од 225 до 375 евра во денарска противвредност.

     •  Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

     •  Управувањето на моторно возило под дејство на алкохол носи закана за одземање на возачката дозвола до 12 месеци.

Истражувањата покажуваат дека алкохолот ја намалува возачката способност, ја намалува концентрацијата и ја намалува функцијата на сетилата за слух и вид. Возачите под дејство на алкохол не се во способност благовремено да ги препознаат ризиците и опасностите во сообраќајот и се склони кон преземање на ризик и ги потценуваат последиците од сообраќајните незгоди.

РСБСП потсетува дека како последица на неодговорното учество во сообраќајот, изминатата година во Република Северна Македонија, 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5164 лица беа  повредени.

Согласно тоа,  РСБСП со апел до сите возачи:

„Оваа лето безбедноста нека ви биде на прво место. Никогаш немојте да возите под дејство на алкохол затоа што возењето под дејство на алкохол носи смрт на патиштата!“

Промовирани огласи »

Еврото падна на најниско ниво за 18 месеци, доларот зајакнува

Доларот во подем, еврото паѓа

Влијанието на еврото на меѓународните пазари за валути ослабна и забележа најголем пад за 18 месеци, додека доларот забележа зајакнување бидејќи инвеститорите не сакаа да преземат ризик по најновите ескалации на напнатоста во односите меѓу Кина и САД.

За време на синоќешното тргување еврото за момент достигна највисоко ниво во последните 18 месеци и се продаваше за 1,1547 долари, откако челниците на земјите членки на Европската унија постигнаа договор за неопходниот пакет помош за поттикнување и опоравување на економијата погодена од корона кризата. Но, откако утрово се зголеми напнатоста во американско – кинеските односи, неговото влијание се намали на 1,1521 долари.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на оваа валута во однос на останатите шест највлијателни светски валути во овие околности зајакна за 0,2 отсто достигнувајќи 95,292 бодови, но се задржа до неодамна најниското ниво за временски интервал од четири месеци.

Во изминатите 24 часа инвеститорите ризикуваа, но нивниот интерес се промени утрово откако кинеското министерство за надворешни работи објави дека САД на 21. јули побарале од Кина да го затвори конзулатот во Хјустон. Од Пекинг испратија силна осуда за ваквиот чекор и најавија противмерки.

Доларот за време на претходните тргувања беше притиснат и од загриженоста на инвеститорите дека договорот за новиот американски пакет со фискални поттикнувања би можел да доцни.

Влијанието на кинескиот јуан исто така забележа опаѓање во однос на доларот на странските пазари под влијание на најновите ескалирања на напнатите односи на 7,0028 јуана за долар.

– Сето ова се случува бидејќи дојде до уште поголемо затегнување на односите меѓу САД и Кина. Тоа додаде масло на огнот, изјави Кристи Тан, валутен аналитичар во Националната банка на Австралија.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »