Промовирани огласи »

Евростат: 57 проценти од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор

Кај нас во 2018 година, за кога последно има податоци на Евростат, 57,5 проценти од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор.

Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат.

Кај нас во 2018 година, за кога последно има податоци на Евростат, 57,5 проценти од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Овој процент е намален за 16 процетни во однос на 2010 година, кога 74,2 проценти од граѓаните не можеле да си дозволат еднонеделен одмор.

Во Европа, исто така, овој процент од 2010 година полека се намалува, кога 39 отсто од Европејците не можеле да си дозволат одмор.

Меѓу земјите членки на ЕУ Романија има највисок процент – 54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор минатата година, по што следат жителите на Грција – 49 процетни, Хрватска – 48, Кипар – 45 и Италија – 44 проценти.

На другиот крај од скалата, само 10 проценти од жителите на Шведска не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, по што следат Данска и Луксембург – 11 отсто, Финска – 12, Германија и Австрија – по 13 проценти.

Споредено со 2010 година, процентот на луѓе кои не може да си дозволат еднонеделен одмор надвор од својот дом секоја година бележи намалување во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Италија и Грција, каде е регистрирано зголемување од 4 и 3 проценти. Најголемо намалување е регистрирнао во Летонија – 35 проценти, Малта – 30 проценти, Бугарија и Полска по 27 проценти. (Крај)

извор: Плус инфо

Промовирани огласи »

Пановски: Враќање на полицискиот час навечер и државен карантин за сите кои одат на забави и прослави

Вакви мерки предлага професорот Никола Пановски за да се намали ширењето на корона вирусот во Македонија.

Полициски час ноќе и државен карантин на сопствен трошок за сите кои масовно ќе се собираат и журкаат. Вакви мерки предлага професорот Никола Пановски за да се намали ширењето на коронавирусот во Македонија. 

-Полициски час кој би бил ноќе и нема да влијае на економијата или многу малку ќе влијае. Сепак рестораните би можеле надвор да работат до 22-23 часот за да се спречи шетањето на младите навечер. Видовме што се случува по сите градови и допрва што ќе се случува во август. Очигледно дека државата не може да ги контролира сите места. Дури и газдите се спремни да платат илјадници евра и друг начин не гледам. Ова со пазарни инспекитори итн... Јас предложив да се забранат таквите собирања, ако се случат полицијата да ги однесе во државен карантин на нивни трошок. Тоа е ригорозна мерка, изјави за Сител проф.д-р Никола Пановски, професор по микробиологија.

Според професорот Пановски високите трицифрени бројки на заразени овој период се резултат на предизборната кампања, а наредните 3 до 4 дена ќе го чекаме и кластерот изборно славење.

-Секако дека е од пред избори, тоа се настани кои се случуваат во затворен простор. Во таа паника пред избори, трчање, често се заборава на мерките има викање знам како изгледа тоа...Сега ќе го чекаме за 3-4 дена за славењето и чекање на резултатите. Имаше пеење, прегрнување... додаде професорот Пановски.

Микробиологот смета дека е неопходна и поголема контрола од надлежните институции за задолжително носење маска и држење дистанца. 

-Не треба да се чека да се создаде нова Влада, може таа нема да се создаде никогаш, треба да делуваат овие што се сега, рече Професорот Пановски.

За професорот Пановски загрижувачки е и фактот што и понатаму се јавуваат кластери по фабриките и затоа е потребна едукација и за газдите и за работниците како да се заштитат и никако да не се превезуваат во ист автобус вработени во различни компании.

Промовирани огласи »

Од денеска пониски цени на горивата

ва се новите цени на гopивата

Цените на бензините од полноќ се намалија за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 сега се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит.

Се намали и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега се продава по 26,215 ден/кг.

– Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги за периодот од 1 јули до 15 јули 2020 година на берзанските цени на нафтените деривати покажуваат дека средната дневна берзанска цена на горивото Prem Unl 10 ppm, кое служи како основа за пресметка на цените на бензините, на медитеранската берза публикувана на Platts е повисока од 390 USD/тон. Ова значи дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата за примена на законот за акцизите за време на вонредна сосотјба, дополнителната акциза за безоловен бензин се намалува од 3 на 2 денари и истата е инкорпорирана во денешната одлука со која има намалување за 1,50 денари за литар на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, изјави претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.

Промовирани огласи »

Фондот за пензиско-инвалидско осигурување во својот тукушто објавен извештај за 2019 потврдува дека минатата година имало најмало зголемување на пензиите до сега, односно во последните 13 години за колку што е евиденцијата. Усогласувањето на пензиите било 0,7 отсто на 1 јануари 2019 и 0,4 отсто на 1 јули истата година, што значи вкупно биле усогласени за 1,1 проценти.

- Со извршените усогласувања, на пензиите, просечната пензија во декември 2019 изнесуваше 14.602 денари и истата во однос на 2018 година во износ од 14.445 денари е повисока за 1,1 проценти. Зголемувањето е резултат на извршеното редовно усогласување на пензиите во 2019 година, како и на висината на пензиите на новите корисници на пензија, гласи во извештајот на ПИОСМ.

Претходно најмало зголемување имало во 2010 кога тоа било 1,4 отсто. Најголемо е во 2008 кога било 21,66 проценти. Во 2018, односно една година пред изминатата, зголемувањето било 3,52 проценти, а во 2017 било само 1,59. Во 2007, првата година од евиденцијата, било 1,69 отсто. За 5 проценти и повеќе имало раст во 2009, 2013, 2014, 2015 и 2016.

Политиката на актуелната власт да се зголеми независноста на Фондот од државата дала резултати. Учеството на државата во финансирањето на структурата на фондот за пензии е намалено од 42,69 на 37,1 проценти. Државата дала 29,5 милијарди денари за пензии, односно 293 милиони денари помалку од 2018. 

Од друга страна, самиот фонд го зголемил своето учество во обезбедувањето на средствата за пензии и собрал за 10,26 проценти повеќе пари од придонесите за пензиско-инвалидско осигурување, односно безмалку 42 милијарди денари. 

Треба и да се каже дека тоа најмногу се должи и на зголемената стапка на пензиско осигурување кај платите од 18,4 проценти.

Лани биле евидентирани 324.039 пензионери, односно 6.761 корисници повеќе од 2018 и примиле пензија во износ од 73,1 милијарди денари, односно 4,5 милијарди повеќе од една година претходно.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »