Промовирани огласи »

HAPPY WEEK акција во Нептун со големи попусти и до 60 рати БЕЗ камата на цените со попуст! Од 20-ти до 27-ми јули, до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и синдикална продажба, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни цени со големи попусти. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, клима уреди, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за акцијата Happy Week, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/. 
 

 
 
Нептун Македонија има широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. Покрај овие услуги Нептун Македонија во соработка со ИутеКредит Македонија најави нова иновација. Наскоро ќе се лансира нова можност за купувачите да купуваат онлајн на рати преку нивната веб страна https://www.neptun.mk/. Оваа кредитна опција е за првпат воведена во нашата држава и ќе им овозможи на купувачите брз и едноставен начин да купат производ онлајн до 24 рати само во неколку минути без потреба од посета на продажен салон и физички доставување на документи. 
 

 
Овој јули Нептун го посвети на сите оние 300.000 домаќинства кои се дел од нивната “haPPy” лојална програма и имаат купувано производи изминативе шест години колку што и постои најголемата лојална програма во државава. Кампањата со назив “Нептун – Дел од вашиот дом” опфаќа повеќе категориски промоции во кои се опфатени најквалитетни уреди од најпознатите светски брендови по супер цени. Во кампањата на интересен начин се претставени секојдневни ситуации во кои голем дел од семејствата во нашата држава ќе се пронајдат. Видео рекламите од кампањата може да ги погледнете на линкот: https://bit.ly/3hgQCE9. 
„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.
 

Промовирани огласи »

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Во понеделник напладне Регулаторната комисија за енергетика во Македонија се очекува да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.

Според одлуката од минатиот понеделник малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продаваат за 63, односно 52,5 денари за литар.

Доколку се земе движењето на суровата нафта од типот Брент во текот на изминатата недела, не треба да се очекува некоја драматична промена на малопродажните цени на горивата, со оглед дека и тогаш и сега цената на барел од типот Брент според кој се утврдува и македонската цена беше и е околу 43 американски долари.

Промовирани огласи »

Во Словенија од понеделник на сите гранични премини ќе се издаваат решенија за задолжителен карантин

Словенија од понеделник воведува задолжителен карантин

Од понеделник, Словенија ќе издава решенија за задолжителен карантин на оние што доаѓаат од „црвените“ зони на сите гранични премини со Хрватска, потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија кои живееле во земји на „црвената листа“, со висок ризик поради епидемијата, како што се Србија, БиХ, Македонија, Косово и Црна Гора, а транзитираат низ Хрватска.

Изминатите три дена Словенија има регистрирано 19 нови случаи на заразени дневно, а владиниот портпарол Јелко Кацин денеса рече дека сите нови случаи биле од веќе познати жаришта, дека инфекцијата е потврдена со тестирање додека биле во изолација.

Промовирани огласи »

Од денеска Визер ги суспендира летовите од Македонија до Италија

Ќе има 120 и 100-отстотен поврат на сумата

Визер од денес ги суспендира сите летови помеѓу Италија и Македонија до 31 Јули. Нискобуџетната компанија најави дека ги воведува рестрикциите за патување како резултат на одлуката на италијанските власти наменети за летовите до нашата земја.

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air“, соопштија од Визер.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите, но за која треба подолго време да се реализира, и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. 

„Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети. – соопшти компанијата“, додаваат од таму.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »