Промовирани огласи »

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Во понеделник напладне Регулаторната комисија за енергетика во Македонија се очекува да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.

Според одлуката од минатиот понеделник малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продаваат за 63, односно 52,5 денари за литар.

Доколку се земе движењето на суровата нафта од типот Брент во текот на изминатата недела, не треба да се очекува некоја драматична промена на малопродажните цени на горивата, со оглед дека и тогаш и сега цената на барел од типот Брент според кој се утврдува и македонската цена беше и е околу 43 американски долари.

Промовирани огласи »

Во Словенија од понеделник на сите гранични премини ќе се издаваат решенија за задолжителен карантин

Словенија од понеделник воведува задолжителен карантин

Од понеделник, Словенија ќе издава решенија за задолжителен карантин на оние што доаѓаат од „црвените“ зони на сите гранични премини со Хрватска, потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија кои живееле во земји на „црвената листа“, со висок ризик поради епидемијата, како што се Србија, БиХ, Македонија, Косово и Црна Гора, а транзитираат низ Хрватска.

Изминатите три дена Словенија има регистрирано 19 нови случаи на заразени дневно, а владиниот портпарол Јелко Кацин денеса рече дека сите нови случаи биле од веќе познати жаришта, дека инфекцијата е потврдена со тестирање додека биле во изолација.

Промовирани огласи »

Од денеска Визер ги суспендира летовите од Македонија до Италија

Ќе има 120 и 100-отстотен поврат на сумата

Визер од денес ги суспендира сите летови помеѓу Италија и Македонија до 31 Јули. Нискобуџетната компанија најави дека ги воведува рестрикциите за патување како резултат на одлуката на италијанските власти наменети за летовите до нашата земја.

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air“, соопштија од Визер.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите, но за која треба подолго време да се реализира, и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. 

„Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети. – соопшти компанијата“, додаваат од таму.

Промовирани огласи »

Македонија и Албанија единствени во регионот без раст на БДП во вториот квартал

Европската комисија ги сумираше резултатите

Според податоците кои ги објави Европската комисија за растот на Бруто домашниот производ за замјите од регионот, односно за Западен Балкан плус Турција, може да се види дека Македонија и Албанија имаат најслаб резултат, односно немаат никаков развој во тромесечието што беше поклопено со епидемијата.

Албанија за месеците април, мај и јуни има негатива од минус 2,5 отсто, додека Македонија има незабележителен раст од само 0,2 проценти. Србија и Турција во последниот квартал имаат најдобри резултати од 4,0 и 4,5 отсто позитива,

Црна Гора има раст на БДП од 2,7, БИХ е со 2,0, додека Косово има 1,3 проценти.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »