Промовирани огласи »

Во Словенија од понеделник на сите гранични премини ќе се издаваат решенија за задолжителен карантин

Словенија од понеделник воведува задолжителен карантин

Од понеделник, Словенија ќе издава решенија за задолжителен карантин на оние што доаѓаат од „црвените“ зони на сите гранични премини со Хрватска, потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија кои живееле во земји на „црвената листа“, со висок ризик поради епидемијата, како што се Србија, БиХ, Македонија, Косово и Црна Гора, а транзитираат низ Хрватска.

Изминатите три дена Словенија има регистрирано 19 нови случаи на заразени дневно, а владиниот портпарол Јелко Кацин денеса рече дека сите нови случаи биле од веќе познати жаришта, дека инфекцијата е потврдена со тестирање додека биле во изолација.

Промовирани огласи »

Од денеска Визер ги суспендира летовите од Македонија до Италија

Ќе има 120 и 100-отстотен поврат на сумата

Визер од денес ги суспендира сите летови помеѓу Италија и Македонија до 31 Јули. Нискобуџетната компанија најави дека ги воведува рестрикциите за патување како резултат на одлуката на италијанските власти наменети за летовите до нашата земја.

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air“, соопштија од Визер.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите, но за која треба подолго време да се реализира, и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. 

„Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети. – соопшти компанијата“, додаваат од таму.

Промовирани огласи »

Македонија и Албанија единствени во регионот без раст на БДП во вториот квартал

Европската комисија ги сумираше резултатите

Според податоците кои ги објави Европската комисија за растот на Бруто домашниот производ за замјите од регионот, односно за Западен Балкан плус Турција, може да се види дека Македонија и Албанија имаат најслаб резултат, односно немаат никаков развој во тромесечието што беше поклопено со епидемијата.

Албанија за месеците април, мај и јуни има негатива од минус 2,5 отсто, додека Македонија има незабележителен раст од само 0,2 проценти. Србија и Турција во последниот квартал имаат најдобри резултати од 4,0 и 4,5 отсто позитива,

Црна Гора има раст на БДП од 2,7, БИХ е со 2,0, додека Косово има 1,3 проценти.

Промовирани огласи »

До утре треба да се издадат последните платежни картички како дел од третиот сет на економски мерки за надминување на последиците од корона кризата според зададениот рок. Граѓаните ќе можат да ги искористат најдоцна до 15 август. До 8 јули издадени се и предадени над 187 илјади домашни платежни картички од проектот „Купувам домашно“.

На списоците се најдоа над 324 илјади граѓани, во четири категории како добитници на платежната картичка.. Во првата група околу 114.000 илјади граѓани домашна платежна картичка во вредност од 9.000 денари добија лица со низок доход, приматели на социјална помош и активни баратели на работа, кои во минатата година немале поголеми приходи од 180 илјади денари, или годинава од јануари до април не повеќе од 60 илјади денари. Во втората група се околу 117 илјади лица кои добиваат по 3.000 денари за граѓани кои се во работен однос, но чии примања во првите четири месеци не надминуваат 60 илјади денари. 

Во третата група влегуваат младите од 16 до 29 години кои се дел од државното образование и кои добија финансиска поддршка по 3.000 денари, а во четвртата група се здравствените работници со поддршка од 40 отсто од последната нето-плата. 

Нина Ангеловска, министерката за финансии, веќе објави дека се прифатени дури 5.000 приговори за домашната платежна картичка испратени од средношколци и студенти, односно млади лица од 16 до 29 години. Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори.

Актуелната власт во предизборната кампања најави четврт сет на економски мерки за справување со последиците од корона-кризата со доделување платежни картички и за пензионерите кои имаат приходи до 15.000 денари, како и стечакните работници. невработените кои не се активни баратели на работа, како и секој самохран родител.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »