Промовирани огласи »

До 31 јули Грција ја продолжи забраната за Македонците

Грција се уште не ги отвора границите за Македонија.

Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на лица од Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година”.

Одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, а се однесува на Македонија, на Албанија и на Турција, вчера беше објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.

Забраната не се однесува на: грчки државјани, на лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Промовирани огласи »

Визер ги суспендира летовите меѓу Македонија и Италија

Авиокомпанијата Визер соопшти дека од 31 јули ги суспендира сите летови помеѓу Италија и Македонија

Авиокомпанијата Визер соопшти дека од 31 јули ги суспендира сите летови помеѓу Италија и  Македонија. Ова, според најавата, е како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Македонија.  

-Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Визер сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Визер. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, соопштуваат од Визер.

Промовирани огласи »

Од денеска затворена бугарската границата за македонските граѓани

Одлуката е донесена поради влошување на епидемиолошката ситуација во земјата.

Бугарија воведе привремена забрана за влез на сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство, од 16 јули до 31 јули.

Одлуката е донесена поради влошување на епидемиолошката ситуација во земјата и се однесува на сите гранични премини, воздушни, железнички и копнени патишта.

Исклучок од забраната е дозволата за македонските државјани да транзитираат преку Бугарија со цел нивно враќање во државата. Транзитот се дозволува единствено во случаи кога може да се гарантира неодложно напуштање на територијата на Бугарија, се додава во соопштението.

Бугарската агенција „Новините“ јавува дека истите правила како за Македонија важат и за Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија и Турција.

Промовирани огласи »

Поради изборите, лични карти ќе може да се подигнат и денеска

Министерството за внатрешни работи информира.

Министерството за внатрешни работи информира дека управните служби при МВР на територијата на целата држава денеска за време на одржувањето на изборите ќе работат само за подигање лични карти.

Службата ќе работи во периодот од 7 до 19 часот, а со цел да им се овозможи на граѓаните, кои претходно поднеле барање, да си ги подигнат личните карти и да може да го остварат правото на глас.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »