Промовирани огласи »

Поради изборите, лични карти ќе може да се подигнат и денеска

Министерството за внатрешни работи информира.

Министерството за внатрешни работи информира дека управните служби при МВР на територијата на целата држава денеска за време на одржувањето на изборите ќе работат само за подигање лични карти.

Службата ќе работи во периодот од 7 до 19 часот, а со цел да им се овозможи на граѓаните, кои претходно поднеле барање, да си ги подигнат личните карти и да може да го остварат правото на глас.

Промовирани огласи »

Џек Ма продаде дел од акциите во „Алибаба“ за

Основачот на Алибаба продаде акции вредни 8,2 милијарди долари

Џек Ма, основачот на „Алибаба“, продал дел од акциите во таа кинеска компанија за електронска трговија за неколку милијарди долари, откако нивната вредност скокна за скоро 50 проценти, објави „Си-Ен-Ен Бизнис“.

Ма, кој е еден од најбогатите Кинези, со тоа го намали сопствениот удел во „Алибаба“ од 6,2 на 4,8 проценти, според годишниот извештај на компанијата за 2019 година, но не е прецизирано кога го сторил тоа или за колку пари.

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, сепак, пресметува дека според сегашната пазарна цена, тој удел на акции е околу 8,2 милијарди долари, пренесува Блиц.

Џек Ма минатата година се повлече од позицијата претседател на Извршниот одбор на компанијата на возраст од 55 години, велејќи дека ќе го посвети своето време на филантропија.

Алибаба во мај објави дека нејзините дигитални платформи сега претставуваат една шестина од вкупната продажба на мало во Кина и дека очекува уште поголем раст затоа што пандемијата со КОВИД-19 донесе уште повеќе клиенти и промет преку Интернет.

„Веруваме дека онлајн начинот на купување ќе остане составен дел од нашето секојдневие дури и по пандемијата “, рече извршниот директор на „Алибаба “, Даниел Џанг, во годишниот извештај.

Во моментов „Алибаба“ вреди околу 705 милијарди долари, што ја прави повредна компанија од Фејсбук, објави Си-Ен-Ен.

Промовирани огласи »

САД го обновуваат издавањето визи

Издавањето визи беше прекинато поради пандемијата со Ковид-19

Американските амбасади и конзуларни претставништва ќе го обноват издавањето визи во најскоро време, соопшти денеска Стејт департментот, но не прецизира точна дата.

Издавањето визи беше прекинато поради пандемијата со Ковид-19. Кога ќе се обнови издавањето визи ќе се одредува индивидуално од секоја Амбасада и Конзулат.

Секоја мисија ќе ги обнови нормалните конзуларни услуги во индивидуален поредок и согласно рамковната програма „Силна демократија“ за безбедно враќање на нашиот персонал во објектите на Департментот, изјави денеска за Еј-би-си претставник на Стејт департментот.

Тој додаде дека државниот орган „не може да укаже на конкретна дата кога секоја од мисиите може да ги обнови конзуларните услуги“ и посочи дека најдобро е оваа информација да се бара на веб-сајтот на конкретната Амбасада или Конзулат.

Промовирани огласи »

Поради здравствената криза во која се наоѓаме Австрија одлучи да го прошири списокот на земји за кои што ќе важи забраната за слетување  на австриските аеродроми на сите земји од Западен Блакна, вклучувајќи ја и Македонија.

Со новата уредба на Министерството за здравство листата била проширена од 8 на 18 држави. Од четвртокот на австриските аеродроми нема повеќе да може да следуваат авиони од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Модлавија и Египет.

Претходно забраната веќе важела за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат укинати летови од кон Скопје, Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Скопје, Тирана и Варна. Според уредбата постојат исклучоци, но во тоа влегуваат само “летови во интерес на Австрија”, како и слетување на товарни авиони, авиони кои префрлаат болни, или враќаат австриски државјани, односно пренесуваат медицински персонал или работници за помош во земјоделството.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »