Промовирани огласи »

Пензиите за јуни ќе се исплатат предвреме почнувајќи од овој петок. 

Oва е овозможено со одлука на Владата. 

„На денешната седница на Владата беше разгледана информацијата за исплата на пензиите за јуни 2020 година, со утврден распоред за исплата на пензиите за месец јуни со цел да се избегне ризикот од КОВИД-19, според која сите банки дале согласност јунските пензии да бидат предвреме процесуирани за готовинска исплата во четири групи (денови) почнувајќи од 26.06.2020 година, како и согласност безготовинската исплата да се овозможи од 26.06.2020 година, односно јунските пензии да се користат преку банкомати и во трговска мрежа од 26.06.2020 година. За оваа цел, потребно е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.06.2020 година, а деловните банки од 26.06.2020 година да обезбедат пензионерите со јунските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа“, соопштија од Владата. 

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.6.2020 година (петок);За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2020 година (понеделник);За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2020 година (вторник); иЗа пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.7.2020 година (среда).

Промовирани огласи »

БРЗИНА НА ИНТЕРНЕТ ГЛОБАЛНО: Македонија се најде на 18-то место

Maкедонија високо рангирана

Македонија се најде на 18-то место според брзината на мобилниот интернет, објавено е на speedtest.net. 

Овие податоци се за мај 2020 година. 

Македонија добро котира на рангирањето каде се опфатени над 170 земји во светот. 

На 7-то место се најде Бугарија, Хрватска е на 11-то место, а Албанија е 14-та. 

Србија се најде на 28-то, а Црна Гора на 33-то место. 

Словенија е 38-ма, а Грција е 39-та на листата. 

Косово е на 58-то место на оваа листа. 

Промовирани огласи »

НЕ Е ГЕРМАНИЈА: Ова е најбогатата земја во Европа

Далеку пред Германците и Австријците

Луксембург e најбогата земја во Европа. 

Зад неа се најдоа Ирска, Данска, Холандија, Австрија и Германија.

Ова го покажуваат податоците кои ги објави европската статистичка агенција Евростат минатата недела.

Куповната моќ на граѓаните во Луксембург е 35 отсто над просекот на ЕУ. 

Од друга страна, Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина се на дното на листата. 

Овие три држави се најсиромашни и нивните граѓани имаат најмала куповна моќ. 

Ако ги погледнеме платите, во април македонските работници земале скоро 26.000 денари нето. 

Промовирани огласи »

Германија се соочува со рекордна невработеност

Поради кризата предизвикана од коронавирусот, бројот на невработени во Германија расте

Поради кризата предизвикана од коронавирусот, бројот на невработени во Германија може да ја надмине границата од три милиони за првпат после пет години, предупреди шефот на Федералната агенција за труд (БА), Детлеф Шеле.

– Во текот на летото, најверојатно, ќе ја поминеме границата од три милиони невработени, изјави Шеле за „Зидојче Цајтунг“.

Последниот пат во лето невработеноста беше толку голема пред десет години, а во однос на целата последен пат е забележана ваква тешка состојба на пазарот на трудот пред пет години.

Шеле се надева дека ситуацијата ќе се подобри после летото.

За да падне бројот на невработени во есен, потребно е сега во гастрономијата и туризмот да делува попуштањето на ограничувањата воведени поради коронавирусот, за да се придвижи светската трговија и да дејствува пакетот мерки за поттикнување на економијата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »