Промовирани огласи »

НЕ Е ГЕРМАНИЈА: Ова е најбогатата земја во Европа

Далеку пред Германците и Австријците

Луксембург e најбогата земја во Европа. 

Зад неа се најдоа Ирска, Данска, Холандија, Австрија и Германија.

Ова го покажуваат податоците кои ги објави европската статистичка агенција Евростат минатата недела.

Куповната моќ на граѓаните во Луксембург е 35 отсто над просекот на ЕУ. 

Од друга страна, Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина се на дното на листата. 

Овие три држави се најсиромашни и нивните граѓани имаат најмала куповна моќ. 

Ако ги погледнеме платите, во април македонските работници земале скоро 26.000 денари нето. 

Промовирани огласи »

Германија се соочува со рекордна невработеност

Поради кризата предизвикана од коронавирусот, бројот на невработени во Германија расте

Поради кризата предизвикана од коронавирусот, бројот на невработени во Германија може да ја надмине границата од три милиони за првпат после пет години, предупреди шефот на Федералната агенција за труд (БА), Детлеф Шеле.

– Во текот на летото, најверојатно, ќе ја поминеме границата од три милиони невработени, изјави Шеле за „Зидојче Цајтунг“.

Последниот пат во лето невработеноста беше толку голема пред десет години, а во однос на целата последен пат е забележана ваква тешка состојба на пазарот на трудот пред пет години.

Шеле се надева дека ситуацијата ќе се подобри после летото.

За да падне бројот на невработени во есен, потребно е сега во гастрономијата и туризмот да делува попуштањето на ограничувањата воведени поради коронавирусот, за да се придвижи светската трговија и да дејствува пакетот мерки за поттикнување на економијата.

Промовирани огласи »

Се отвораат аеродромите, протокот на патници ќе се нормализира

Граѓаните ќе можат да патуваат

Наскоро ќе се отворат скопскиот и охридскиот аеродром. 

Ваква одлука донесе Владата. 

„Владата денеска донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни“, информираат од Владата. 

На 15 март се затвори охридскиот аеродром, а потоа и скопскиот со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. 

Границите ќе се поминуваат без тестови за коронавирус, но и без обврска за карантин. 

Промовирани огласи »

Од петок угостителите можат да примаат гости и во внатрешноста на објектите

Владата на денешната седница донесе одлука од петок угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите

Владата на денешната седница донесе одлука од петок  угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите.

Од петок согласно одлуката на владарта повторно ќе може да почнат со работа и фитнес-центрите. На трговските центри им се враќа можноста да работат и во неделите.

“За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки“, напиша на својот ФБ профил премиерот Оливер Спасовски.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »