Промовирани огласи »

Се отвораат аеродромите, протокот на патници ќе се нормализира

Граѓаните ќе можат да патуваат

Наскоро ќе се отворат скопскиот и охридскиот аеродром. 

Ваква одлука донесе Владата. 

„Владата денеска донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни“, информираат од Владата. 

На 15 март се затвори охридскиот аеродром, а потоа и скопскиот со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. 

Границите ќе се поминуваат без тестови за коронавирус, но и без обврска за карантин. 

Промовирани огласи »

Од петок угостителите можат да примаат гости и во внатрешноста на објектите

Владата на денешната седница донесе одлука од петок угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите

Владата на денешната седница донесе одлука од петок  угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите.

Од петок согласно одлуката на владарта повторно ќе може да почнат со работа и фитнес-центрите. На трговските центри им се враќа можноста да работат и во неделите.

“За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки“, напиша на својот ФБ профил премиерот Оливер Спасовски.

Промовирани огласи »

 
„Lucky days” од 22-28 јуни во „Нептун” - продажна акција со најголеми попусти! Овие “Среќни денови” потрошувачите ќе може да купуваат производи со најголеми попусти и до 60 рати со haPPy инстант кредитот. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.
 

 
Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овие 7 среќни денови!
„Нептун” има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. Целокупната понуда за “Lucky Days”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/
 
 

Промовирани огласи »

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се разговарало за процесот на отворање на границите, односно за тоа каков предлог да дадат до Владата, бидејќи ова е една од последните рестриктивни мерки за која се очекува наскоро и да се укине.

Од Комисијата за заразни болести велат дека ќе важат реципроцитетни мерки со државите а тоа ќе значи:

- За влез од Србија во нашава земја нема да се бара тест за корона вирусот, бидејќи и Србија не бара од нашите граѓани, истото ќе биде и со Албанија. Што се донесува до останатите соседни држави Грција најави отворање на границите на 1.јули, но се уште нема конкретни информации како ќе се одвива протокот на патници помеѓу нашата земја и Грција. Истовремено, остануваат затворени и границите со Бугарија, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор. 

Што се донесува, пак до отворањето на двата аеродроми во нашава земја, односно во Скопје и во Охрид, од Комисијата за заразни болести потврдуваат дека за ова воопшто не станало збор. 

-Се уште е рано, велат, и додаваат дека на некој од наредните состаноци ќе го отвориме и ова прашање. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »