Промовирани огласи »

Oд Здружение на информатичко-комуникациски технологии  реагираат по изјавата на Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество  и администрација во Владата на РСМ.

Во врска со изјавата на министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, изнесена вчера преку профил на социјалната мрежа Facebook, a поврзана со протестот на македонските оператори одржан на 21.6.2020 година, во која меѓу другото вели, цитираме: „Со прекинот на телевизиските канали од страна на операторите е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации“,  како домашни компании со странски капитал и носечките оператори во земјава претставени преку Здружението на информатичко-комуникациски технологии, остро се спротивставуваме на овие тврдења и при тоа нагласуваме дека во целост ги почитуваме  сите законски прописи кои се однесуваат на нашето работење и шокирани сме од јавно упатената закана преку социјалните медиуми, наведуваат од Здружението. 

„Во насока на вистинито информирање на јавноста истакнуваме дека протестот кој го спроведоа македонските оператори во текот на вчерашниот ден е реакција на безизлезноста и институционален отпор и апел за што побрза реакција од страна на надлежните поради неуставните обврски наметнати со последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесени во нетранспарентна постапка како последна точка од работата на Собранието на денот на неговото распуштање – 16.02.2020 година, како и Уредбата со законска сила донесена на 29.5.2020 година со која ни се наметна ретроактивна обврска за пререгистрација на сите странски ТВ содржини кои веќе се регистрирани во АВМУ и тоа во рок од 60 дена.

Овие законски одредби за нас претставуваат ситуација на Виша сила кои значат реална можност од 8.8.2020 година комплетно исклучување на сите телевизиски канали со што ќе бидат оштетени корисниците на сите оператори, а тоа влијае на правото на избор на ТВ содржини на сите македонски граѓани. Сето тоа не` примора да преземеме акција за да ја подигнеме јавната свест кон проблемите со кои се соочуваме во моментот.

Потсетуваме дека и покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, состојбата со реемитување на телевизиски канали се` уште нема решение и како резултат на оваа состојба бевме принудени да го активираме најавениот времен прекин во реемитувањето на сите телевизиски програми, освен јавниот сервис МРТ и да ја прикажеме реалноста што ќе следува од 8 август 2020 година, доколку не се најде соодветно решение за овој проблем. Прекинот е протест против постојните  акти на државата кои го спречуваат нашето нормално работење, а протестот претставува гарантирана уставна категорија и основен правен инструмент во секое демократско општество. Како оператори кои застануваат во одбрана на јавниот интерес и правата на корисниците, сметаме дека не смее да биде ограничено правото на изразување, посебно не со јавно упатена закана преку социјалните медиуми и сме непријатно изненадени од ставот на министерот да констатира или изрекува казни или други забрани дотолку повеќе што повреда на Законот за електронски комуникации може да констатира само овластен инспектор од Агенцијата за електронски комуникации.

Како и до сега остануваме отворени за соработка и апелираме да биде разгледано предложеното решение за измена на Законот и на подзаконските акти кои доколку се прифатат ќе добиеме прифатливо решение што ќе превенира ескалација на потенцијалниот медиумски и информативен мрак и ќе придонесе кон донесување на регулативна рамка во согласност со Европските директиви во областа на аудиовизуелните медиумски услуги. Ние понудивме и решение на проблемот, кое со малку добра волја може многу брзо да се имплементира.

Што се однесува до корисниците, како оператори и во нашата најава на протестот ги информиравме дека ќе бидат обештетени во согласност со законските обврски“, стои во реакцијата. 

Промовирани огласи »

Maкедонците, Албанците и Босанците имаат најниска куповна моќ во Европа. 

Македонците имаат 43 отсто куповна моќ во однос на европскиот просек, Албанците се на последно место во Европа со 40 отсто, а зад нас се само уште Босанците со 42 отсто. 

За споредба, просечниот Романец е речиси двојно побогат од просечниот Македонец. 

Според податоците на Евростат, просечната куповна моќ на Романците во 2019 година изнесувала 79 проценти од европскиот просек, а таа на просечниот Македонец само 43 проценти од европскиот просек. 

Поголема куповна моќ од нас имаат Словенците, Хрватите, но и Турците со 68 отсто и Црногорците со 60 отсто од просечна Европа. Србите  имаат 49 отсто од европскиот просек. 

Во Источна Европа најдобро котираат Чесите со 85 отсто од европскиот просек. 

Промовирани огласи »

НА УДАР 59 МИЛИОНИ РАБОТНИ МЕСТА: Пандемијата и роботизацијата ќе создадат колапс

Mилиони луѓе ќе ги изгубат работните места

Koронавирусот и роботизацијата загрозуваат десетина милиони работни места. 

Над  20 отсто од работниците ќе мора да се доквалификуваат. 

За десет години, во Европската унија околу 53 милиони работни места ќе бидат роботизирани. 

Истражувањето на институтот „Мекинси“ покажа дека скоро 59 милиони лица во ЕУ, односно 26 отсто од вкупниот број на вработени, би можеле за краток рок да се соочат со економските последици од пандемијата и рестриктивните мерки. 

Нив ги очекува намалување на работните часови и плати, или привремено или постојано прекинување на работниот однос.

Бројот на европското работоспособно население ќе опадне за околу 13,5 милиони, односно за околу четири проценти до крајот на деценијата, а падот особено ќе биде изразен во Германија со околу четири милиони и Италија со околу 2,5 милиони помалку.

Промовирани огласи »

СРЕДНОШКОЛЦИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Денес тестирање за упис во училиштата

Борба за место во гимназиите и здравствените струки

Министерството за образование и наука информира дека јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број на ученици со ист број на поени од предвидениот број на ученички места, утре (22. јуни) ќе организираат квалификациони тестирања.

Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование. Додека, за учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили) ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште.

Единствено до сега скопската гимназија „Орце Николов“, соопшти дека нема да има квалификациони. Сите 301 ученик кои се пријавиле на конкурсот со успех 5.00 се примени и таму ќе бидат формирани 9 паралелки. Во оваа гимназија ќе има тестирање само во билингвалните паралелки по англиски јазик, по предметот англиски јазик. Има 145 пријавени ученици со 75 бода, а се примаат 136 во 4 паралелки.

Тагови: средношколци

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »