Промовирани огласи »

Се уште нема отворање на градинките

Скринингот е при крај. Сега за сега нема да препорачам да се отворат градинките, вели Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче појасни дека се уште е рано да се отворат градинките, а целта е да се заштитат и постарите затоа што децата се преносители на вирусот.

Можат да заболат со многу лесна форма меѓутоа ќе страдаат и постарите. Многу малку се деца и практично нема дете кое има тешка клиничка форма, но сметаме дека се уште е рано градинките да се отворат. Скринингот е при крај. Сега за сега нема да препорачам да се отворат градинките. Ќе ја следиме ситуацијата, бројките, анализата, контактите па ќе донесеме соодветна одлука, рече Филипче.

Тој најави дека ќе претстои интензивна работа на протоколите за училиштата во однос на тоа дали да работат со намален број ученици кои ќе престојуваат во училницата или во две смени, или со запазување колку што може во рамки на една училница исто како што сега се организираат настаните со курсеви, едукации и тн.

За сето тоа постојат овие епидемиолошки принципи. Сметам дека треба да се запазат. Се повеќе се нудат онлајн програми не само кај нас, во светот, веројатно некаква таква комбинација на онлајн програми со физичко присуство во училниците ќе биде не само кај нас, насекаде во светот, наведе Филипче.

Промовирани огласи »

Без обврска за тест и карантин само во Србија, Албанија и Косово

Македонските граѓани без обврска за тест и карантин може да патуваат само во Србија, Албанија и Косово

Македонските државјани моментно без обврска за валиден ПЦР тест за коронавирус и карантин од земјите во соседството можат да патуваат само во Србија, Албанија и Косово.

Албанија со одлука на тамошната Влада границата за странски и домашни државјани ја отвори на 1 јуни, при што не се предвидени посебни протоколи, освен вообичаените  мерки за носење заштитна маска и одржување физичка дистанца.

За влез во Србија, од 22 мај нема потреба од негативен тест на коронавирус или посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.

Косовските власти исто така ги отворија копнените граници за сите соседни земји, за домашните и за странски државјани. Не е потребен тест ниту карантин, или самоизлоација при влез во земјата. Се врши само проверка на температурата на лица по случаен избор од страна на здравствен тим.

Но, иако, со одлука на Владата од 17 јуни отворени се сите гранични премини во државата, остануваат да важат активните мерки за заштита од ширење од коронавирусот, а обврската за задолжителен ПЦР тест и карантин при влез во земјава ги обесхрабрува граѓаните да заминат на патување вон границите.

Имено, за влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Исто така останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на РМ нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест. Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок.

Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

Владата претходно го дополни и Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Македонија, и од денеска протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ нашата територија. Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

Влез во земјите од соседството и регионот

За патување во Бугарија и Грција како земји членки на ЕУ важат насокоите дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули, годинава, Така за влез во Р. Бугарија не е дозволен за македонските државјани, освен за транзитирање кон Република Македонија или кон држава членка на ЕУ (под одредни услови). Забраната се однесува на сите гранични премини во периодот од 18 јуни до 30 јуни. При транзитирањето не е задолжителен ПЦР тест, ниту карантин или самоизолација.

Од 15 јуни грчките власти ги отворија границите за поголем дел од граѓаните на ЕУ, но не и за нашите државјани, за кои влез ќе биде можен од 1 јули. Исклучок се возачите на камиони. Забраната за влез од С.Македонија во Грција важи и за странските државјани кои транзитираат низ нашата земја, вклучително и државјани на ЕУ.

На 1 јуни Црна Гора ги отвори своите граници за 130 земји во кои бројот на активни случаи е помал од 25 на 100.000 жители и ги укина повеќето преземени мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот. Условот за бројот на активни случаи го прави неможно патувањето на наши државјани во оваа земја.

За Словенија е потребен ПЦР тест доколку доаѓаш од држава која има неповолна епидемиолошка слика. Словенците имаат список на држави којшто го менуваат во зависност од развој на настани. С.Македонија е во листата земји заедно со Србија, Косово и БИХ чии граѓани при влез во земјата мораат да доставам тест не постар од три дена или 72 часа. Потоа одат 14 дена во самоизолација … државен карантин кај нив нема. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ако се работи за граѓанин кој нема постојана или привремена адреса на живеење, во самоизолација останува на адресата каде ќе биде сместен. Од ова правило се изземени транспортерите, односно возачите на камиони. Тестот во Словенија чини 96 евра, а резултатите ги добиваш за најмногу 24 часа. За земјите од ЕУ не е потребен тест, и нивните граѓани можат да влегуваат надвор од таканаречените „влезни точки“ каде што медицински лица ти мерат температура и слично.

Во Хрватска ако имаш резервација во хотел или слично не е потребен ПЦР тест. Ова се однесува на трети земји не и за тие од ЕУ.

Австрија се граничи со земји на ЕУ и протокот на луѓе е регулиран во координација со ЕУ. За граѓаните од Западен Балкан, вклучително и за нашата земја, важат правилата кои се носат во Брисел.

Информација за режими на движење и правила за транзит на државјани на Република Македонија во други земји,во Евопа и пошироко, во контекст на пандемијата со Ковид 19 објави МНР на својата веб страница.

Наскоро целосно отворање на границите

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека за време на викендов  ќе се разговара за целосно отворање на границите односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела.

– Претходната одлука беше одлука да се отворат сите затворени гранични премини со препораките што важат сега, но со оглед на тоа што во целиот регион епидемиолошкит ризик е еднаков, еве веќе се отвораат и аеродроми, се отвора цела Европа, насекаде во светот и секаде се препорачуваат истите мерки, секаде важат истите принципи на превенција. Така што одлуката ќе биде да се отворат границите целосно, без карантини и без ПЦР тестирање. Ќе носиме одлука и ќе дискутираме викендов некаде за почетокот на следната недела, рече Филипче.

Според него, со отворањето на границите во целиот регион, карантините ја губат смислата заради тоа што веќе ќе има слободен проток на граѓани, возила итн.

– Јас, практично на секои два три дена имам билатерални контакти и телефонски разговори со сите  министри за здравство од соседните земји како Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија со цел да ги споделиме искуствата, динамиката на одвивањето на новооткриени случаи. Ние донесовме одлука дека сите странци од околните соседни земји  доколку се затекнат во нашата земја и ќе покажат симптоми или се сомнителни или се јавуваат во болница, ќе добијат бесплатно лекување, рече Филипче.

Тој очекува дека и сите соседи ќе покажат солидарност околу третирањето на нашите државјани кои се затекнати во нивните земји, заради тоа што, како што рече, една ваква силна пандемија со ваков ризик во сите земји е идентичен.

Авиосообраќајот се уште затворен

Наспроти патниот, авионскиот сообраќај во земјата се уште е во прекин. Министерот за транспорт Горан Сугарески минатата недела изјави дека се разговара, но оти се уште е рано за одлука за отворање на аеродромите.

Во меѓувреме, нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер најави дека до 13 јули ја продолжува суспензијата на летови до и од Македонија поради продолжувањето на рестрикциите за патување наменети за сите странски летови.

Промовирани огласи »

Викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите, без тестови и карантин

Со отворањето на границите во целиот регион, посочи министерот, карантините ја губат смислата заради тоа што веќе ќе има слободен проток на граѓани, возила.

За време на викендов  ќе се разговара за целосно отворање на границите односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Отворањето на границите е нешто што бара регионална координација на сите земји во регионот. Проценката е дека сите имаме сличен или ако не ист епидемиолошки ризик, исти карактеристики за време на првиот бран и временски во однос на интензитетот и со очигледно исти карактеристики, само што ние сме први кои изреагиравме. Но, многу е битно да имаме координација за да се следат сите контакти доколку тоа е потребно. Ние ќе разговараме за отворање на границите за време на викендот и одлука ќе донесеме на почетокот на следната недела, изјави Филипче за ТВ 21.

Со отворањето на границите во целиот регион, посочи министерот, карантините ја губат смислата заради тоа што веќе ќе има слободен проток на граѓани, возила итн.

– Јас, практично на секои два три дена имам билатерални контакти и телефонски разговори со сите  министри за здравство од соседните земји како Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија со цел да ги споделиме искуствата, динамиката на одвивањето на новооткриени случаи. Ние донесовме одлука дека сите странци од околните соседни земји  доколку се затекнат во нашата земја и ќе покажат симптоми или се сомнителни или се јавуваат во болница, ќе добијат бесплатно лекување, рече Филипче.

Тој очекува дека и сите соседи ќе покажат солидарност околу третирањето на нашите државјани кои се затекнати во нивните земји, заради тоа што, како што рече, една ваква силна пандемија со ваков ризик во сите земји е идентичен.

Во врска со тоа како ќе се третираат членовите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кои треба да пристигнат во земјава за да ги набљудуваат претстојните парламентрани избори, Филипче истакна дека за сите наши или странски граѓани кои ќе доаѓаат од надвор ќе важат истите протоколи и нема да има никакви исклучоци.

Промовирани огласи »

АЕК: Зголемени мрежните капацитети на телекомуникациските оператори, за очекување е да ја намалат цената

Зголемените мрежни капацитети треба да ги намалат цените на услугите на операторите

За најмалку два пати ќе се зголемат капацитетите за транспорт на сообраќајот на операторите на пазарот на електронски комуникации, што беа намалени поради оптовареност на мрежите откако поради кризата со КОВИД-19 најголемиот дел од населението ги извршува обврските он-лајн. На некои релации зголемувањето ќе биде дури и за четири пати, најави денеска Агенцијата за електронски комуникации.

Со  Уредба што е донесена на 10. месецов е овозможено дополнително доделување радиофреквенциски опсези и радиофреквенции на операторите на телекомуникацискиот пазар, откако е констатирано дека мрежните капацитети на операторите се доведени речиси до максимална искористеност и се соочуваат со многу интервенции во одржувањето на мрежите, а корисниците тоа го чувствуваат преку добивање услуги со несоодветен квалитет и повисоки сметки, особено во делот за интернет услугата.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави дека веќе почнала со доделување на фрекфенциите предвидени со Уредбата, потенцирајќи дека станува збор за бесплатни постапки за операторите, како и дека е за очекување тие да ги намалат цените кон крајните корисници по отстранетите недостатоци и олеснетата работа.

Од секојдневната комуникација со претставниците на операторите АЕК заклучиле дека во услови на корона вирус, кога најголемиот дел од населението ги спроведува секојдневните обврски од дома, онлајн, мрежните капацитети со кои располагаат операторите се доведени скоро до максимална искористеност и поради тоа е потребен и соодветен одговор на новонастанатата состојба. Тоа, појаснуваат, значи дека операторите се соочуваат со многу интервенции во одржувањето на нивните мрежи, а корисниците тоа го чувствуваат преку добивање на услуги со несоодветен квалитет и повисоки сметки, особено во делот за интернет услугата. Согласно постоечките законски решенија операторите се соочуваат со долготрајни постапки за зголемување на ресурсите во телекомуникациската инфраструктура, особено во транспортната мрежа и во радио пристапната мрежа.

-Имајќи го тоа во предвид, АЕК успешно одговори на  тековните предизвици. Имено, АЕК ги разгледа и ги зема предвид барањата на операторите, а уште повеќе и на крајните корисници, пред се, оние на бизнис заедницата и предложи серија на мерки до Владата за да се овозможи дополнително доделување на радиофреквенциски опсези и радиофреквенции. Овие предлог мерки резултираа со донесување на Уредба од 10/06/2020 каде се дефинирани овие мерки и што е уште повеќе битно, Уредбата прецизно кажува дека радиофреквенциите кои ќе се доделат ќе бидат бесплатни така што операторите нема да бидат финансиски оптоварени со што се очекува дека и крајните корисници нема да бидат дополнително финансиски оптоварувани, стои во соопштението што АЕК го објави на својата веб страница.

Со Уредбата со законска сила за начинот на користење на радиофреквенциски опсези за време на вонредна состојба се уредува:

– начинот на користење и плаќање на годишниот надоместок за 2020 година за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба (радија) во радиофреквенцискиот опсег 87.5-108 MHz,

– начинот на издавање на привремено одобрение за проширување на постоечки радиофреквенциски линкови и привремено одобрение за дополнителни радиофреквенциски линкови,

– начинот на издавање на привремено одобрение за користење на слободен радиофреквенциски опсег заради обезбедување на широкопојасен пристап до услуги (broadband),

– начинот на издавање на привремено одобрение за користење на радиофреквенциските опсези: 1920-1935/2110-2125 MHz, 1945-1950/2135-2140 MHz или 1965-1980/2155-2170 MHz, како и

– начинот на доделување на броеви од Планот за нумерација наменети за обезбедување на услуги поврзани со пандемијата на COVID-19 вирусот или услуги кои се директно предизвикани од истата, за време на траење на вонредната состојба.

-Се што е наведено во Уредбата е бесплатно и АЕК веќе започна со доделување на наведените радиофреквенции. Во наведениот радиофреквенциски опсег од 2100 MHz, определени оператори го проширија нивниот досегашен капацитет за 100 проценти од досегашниот со кој располагаа. Исто така до АЕК, до овој момент се поднесени над 280 барања за зголемување на капацитетите во линковските врски на операторите. Овие барања стручните служби на АЕК веднаш започнаа да ги обработуваат за што ќе бидат издадени соодветни одобренија во најкус временски период при што капацитетите за транспорт на сообраќајот на операторите ќе се зголемат за најмалку два пати, а на некои релации дури и за четири пати,  соопшти АЕК.

После констатираните недостатоци, дополнуваат од АЕК, а за кои беа преземени мерки во областа на електронските комуникации и се олесни работата на операторите, во времетраење на вонредната состојба, за очекување е дека и од страна на операторите ќе се добие соодветен одговор, односно дека ќе дојде до намалување на цените на електронските комуникациски услуги кои ги обезбедуваат операторите кон крајните корисници.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »