Промовирани огласи »

АЕК: Зголемени мрежните капацитети на телекомуникациските оператори, за очекување е да ја намалат цената

Зголемените мрежни капацитети треба да ги намалат цените на услугите на операторите

За најмалку два пати ќе се зголемат капацитетите за транспорт на сообраќајот на операторите на пазарот на електронски комуникации, што беа намалени поради оптовареност на мрежите откако поради кризата со КОВИД-19 најголемиот дел од населението ги извршува обврските он-лајн. На некои релации зголемувањето ќе биде дури и за четири пати, најави денеска Агенцијата за електронски комуникации.

Со  Уредба што е донесена на 10. месецов е овозможено дополнително доделување радиофреквенциски опсези и радиофреквенции на операторите на телекомуникацискиот пазар, откако е констатирано дека мрежните капацитети на операторите се доведени речиси до максимална искористеност и се соочуваат со многу интервенции во одржувањето на мрежите, а корисниците тоа го чувствуваат преку добивање услуги со несоодветен квалитет и повисоки сметки, особено во делот за интернет услугата.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави дека веќе почнала со доделување на фрекфенциите предвидени со Уредбата, потенцирајќи дека станува збор за бесплатни постапки за операторите, како и дека е за очекување тие да ги намалат цените кон крајните корисници по отстранетите недостатоци и олеснетата работа.

Од секојдневната комуникација со претставниците на операторите АЕК заклучиле дека во услови на корона вирус, кога најголемиот дел од населението ги спроведува секојдневните обврски од дома, онлајн, мрежните капацитети со кои располагаат операторите се доведени скоро до максимална искористеност и поради тоа е потребен и соодветен одговор на новонастанатата состојба. Тоа, појаснуваат, значи дека операторите се соочуваат со многу интервенции во одржувањето на нивните мрежи, а корисниците тоа го чувствуваат преку добивање на услуги со несоодветен квалитет и повисоки сметки, особено во делот за интернет услугата. Согласно постоечките законски решенија операторите се соочуваат со долготрајни постапки за зголемување на ресурсите во телекомуникациската инфраструктура, особено во транспортната мрежа и во радио пристапната мрежа.

-Имајќи го тоа во предвид, АЕК успешно одговори на  тековните предизвици. Имено, АЕК ги разгледа и ги зема предвид барањата на операторите, а уште повеќе и на крајните корисници, пред се, оние на бизнис заедницата и предложи серија на мерки до Владата за да се овозможи дополнително доделување на радиофреквенциски опсези и радиофреквенции. Овие предлог мерки резултираа со донесување на Уредба од 10/06/2020 каде се дефинирани овие мерки и што е уште повеќе битно, Уредбата прецизно кажува дека радиофреквенциите кои ќе се доделат ќе бидат бесплатни така што операторите нема да бидат финансиски оптоварени со што се очекува дека и крајните корисници нема да бидат дополнително финансиски оптоварувани, стои во соопштението што АЕК го објави на својата веб страница.

Со Уредбата со законска сила за начинот на користење на радиофреквенциски опсези за време на вонредна состојба се уредува:

– начинот на користење и плаќање на годишниот надоместок за 2020 година за користење на радиофреквенции во радиодифузна служба (радија) во радиофреквенцискиот опсег 87.5-108 MHz,

– начинот на издавање на привремено одобрение за проширување на постоечки радиофреквенциски линкови и привремено одобрение за дополнителни радиофреквенциски линкови,

– начинот на издавање на привремено одобрение за користење на слободен радиофреквенциски опсег заради обезбедување на широкопојасен пристап до услуги (broadband),

– начинот на издавање на привремено одобрение за користење на радиофреквенциските опсези: 1920-1935/2110-2125 MHz, 1945-1950/2135-2140 MHz или 1965-1980/2155-2170 MHz, како и

– начинот на доделување на броеви од Планот за нумерација наменети за обезбедување на услуги поврзани со пандемијата на COVID-19 вирусот или услуги кои се директно предизвикани од истата, за време на траење на вонредната состојба.

-Се што е наведено во Уредбата е бесплатно и АЕК веќе започна со доделување на наведените радиофреквенции. Во наведениот радиофреквенциски опсег од 2100 MHz, определени оператори го проширија нивниот досегашен капацитет за 100 проценти од досегашниот со кој располагаа. Исто така до АЕК, до овој момент се поднесени над 280 барања за зголемување на капацитетите во линковските врски на операторите. Овие барања стручните служби на АЕК веднаш започнаа да ги обработуваат за што ќе бидат издадени соодветни одобренија во најкус временски период при што капацитетите за транспорт на сообраќајот на операторите ќе се зголемат за најмалку два пати, а на некои релации дури и за четири пати,  соопшти АЕК.

После констатираните недостатоци, дополнуваат од АЕК, а за кои беа преземени мерки во областа на електронските комуникации и се олесни работата на операторите, во времетраење на вонредната состојба, за очекување е дека и од страна на операторите ќе се добие соодветен одговор, односно дека ќе дојде до намалување на цените на електронските комуникациски услуги кои ги обезбедуваат операторите кон крајните корисници.

Промовирани огласи »

Ваучери за финансирање ИТ-обуки за млади до 29 години

Владата донесе Уредба за доделување ваучери за млади лица за обука за дигитални вештини во вредност од 30.000 денари

Согласно со третиот сет економски мерки, Владата донесе Уредба за доделување ваучери за млади лица за обука за дигитални вештини во вредност од 30.000 денари. Ваучерите ќе покријат дел од трошоците за ИТ-обуките кои ќе бидат од најосновни до најнапредни дигитални вештини и програмирање. Вкупниот буџет е 150 милиони денари.

Како што соопшти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција, правните лица кои се заинтересирани за давање обуки за дигитални вештини треба да се пријават на повикот кој Министерството за образование и наука ќе го објави на 29 јуни, а пријавувањето ќе биде преку националниот портал за електронски услуги: www.uslugi.gov.mk.

Правните лица кои ќе се пријават, како и видот на обуките што ќе ги понудат, ќе бидат селектирани од Дигитален форум – независно тело со претставници од универзитети со ИКТ-студии, четирите стопански комори, ИКТ-експерти и двајца претставници од Владата. Целта е јавноста да биде сигурна дека селекцијата на обуките ќе биде транспарентна и согласно со потребите на пазарот на трудот.

Дигиталниот форум ќе ја утврди листата на даватели на обуки за дигитални вештини, како и самите обуки. Листата ќе биде јавно објавена од МОН. Младите лица самите ќе изберат видот на обука и правното лице што ќе ги обучува, согласно со нивните потреби и знаења.

Право на пријавување ќе имаат млади до 29 години  со најмалку  завршено средно образование. И тие ќе се пријавуваат преку порталот uslugi.gov.mk почнувајќи од 19 јули. Ќе добијат електронски ваучер во вредност од 30.000 денари кој потоа ќе можат да го искористат кај некој од понудувачите на обуките од утврдената листа.

Министерот Манчевски на прес-конференцијата рече дека ваучерите за ИТ-обуки ќе им помогнат на младите да ги подобрат своите дигитални вештини со што ќе станат и поконкурентни на пазарот на трудот и брзо да најдат работа.

-Се одлучивме за овој чекор со цел да им помоигнеме на младите лица за справување со последиците од економско-здравствената криза, но и да бидат конкурентни за работни места на кои платите се повисоки и поради евидентниот недостиг на ИТ-кадар. Пандемијата со КОВИД-19 донесе нови правила на работа и неопходно е сите да се прилагодиме на тоа. Дигиталната трансформација и вештини се наметнаа како неопходни како никогаш претходно, рече Манчевски.

При селекцијата на даватели на обуки ќе бидат земени предвид соодветноста на предложените обуки, а од друга страна истражувањата за потребите од дигитални вештини на пазарот на трудот. Постапката за аплицирање на фирмите, на граѓаните и употребата на ваучерите ќе биде целосно електронска.

Покрај ваучерите за ИТ-вештини наменети за млади лица, Владата донесе и две уредби за финансиска поддршка на средношколци и студенти од семејства со ниски примања, од 3.000 односно до 6.000 денари, за кои на заедничката прес-конференција со Манчевски информираше министерот за образование и наука Арбер Адеми.

МИА

Промовирани огласи »

Манчевски: Над 60.000 граѓани ја симнале СтопКорона, очекувам бројот да се зголеми

Изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски

Досега имаме над 60.000 симнати апликации СтопКорона. Често повторувам дека бројката не е мала, но навистина очекувам да е поголема, особено сега во ова време кога се олабавени рестриктивните мерки но и кога имаме зголемен број на заразени и многу е важно да ги користиме сите можни алатки за идентификација на контактите, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање за ефикасноста на апликацијата, Манчевски апелираше до граѓаните да ја симнат апликацијата, бидејќи таа не користи никакви лични податоци.

– Во текот на оваа недела ќе објавиме и независна ревизија од страна на независни експерти на апликацијата, со што уште еднаш ќе ги увериме граѓаните дека е апсолутно безбедна за користење и таа само може да им помогне на епидемиолозите во пронаоѓање на контактите доколку некој се потврди дека е позитивен во претходните 14 дена, рече Манчевски.

Промовирани огласи »

Градинките ќе се отворат навремено, деновиве целосно ќе заврши скринингот на вработените, најави Спасовски

Спасовски апелираше до граѓаните сите работи што ги предлага Комисијата, а како одлуки ги носи Владата да бидат испочитувани.

Премиерот Оливер Спасовски очекува градинките да се отворат навремено кога ќе биде завршен комплетно скринингот и кога ќе се почувствува дека и децата и вработените во градинките ќе бидат безбедни.

Тој информира дека вчера од Министерството за здравство бил известен оти уште некој ден ќе заврши целосниот скрининг на сите вработени во градинките, по што, најави, ќе се разговара прво во Комисијата за заразни болести, а потоа и во Владата за денот на отворањето на градинките.

– Ситуацијата со Ковид – 19  е непредвидлива секаде не само кај нас. Зависно од тоа како ние се однесуваме можеме да ја имаме предвидливоста пред нас, а одговорноста на секој еден човек, одржувањето дистнца, носење заштитна опрема ќе придонесе за подобрување на состојбата со Ковид – 19 , изјави премиерот Оливер Спасовски, кој заедно со заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ направија увид во градежните работи на нова, енергетски ефикасна градинка во Драчево, општина Кисела Вода.

Спасовски апелираше до граѓаните сите работи што ги предлага Комисијата, а како одлуки ги носи Владата да бидат испочитувани.

– Што повеќе почитуваме мерки, држиме дистанца, што повеќе носиме заштита опрема, толку повеќе че се враќаме во нормалниот живот во државата. Ковид – 19 е болест со која ќе мора да се научиме да живееме и понатаму, межутоа одговорното однесување мора да придонесе сето тоа да биде во рамки што може да ги поднесе и здравствениот систем и државата, рече меѓу другото Спасовски.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »