Промовирани огласи »

Ангеловска: До крајот на неделата 100.000 платежни картички до граѓаните

Лицата кои се опфатени со уредбата, а кои поради техничка грешка ги нема на листата, ќе можат да поднесат приговор до утре.

До крајот на неделата се очекува да се дистрибуираат околу 100.000 картички од банките до корисниците на домашни платежни картички, а веќе 10.000 граѓани ги имаат добиено картичките и можат да ги користат, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на гостувањето во „Утрински брифинг“. 

– Нов податок што го имаме од утринава е дека до крајот на неделата се очекува да бидат дистрибуирани 100 илјади картички. 10 илјади граѓани веќе ги имаат добиено картичките,  може да плаќаат и да купуваат со тие платежни картички. И бидејќи најголемиот број од картичките е кај три од поголемите банки кои дистрибуираат, до крајот на неделата се очекува околу 100 илјади картички да завршат и да бидат дистрибуирани кај граѓаните. Интензивно секој ден се доставуваат, дистрибуираат, подигнуваат платежните картички, истакна Ангеловска. 

Лицата кои се опфатени со уредбата, а кои поради техничка грешка ги нема на листата, ќе можат да поднесат приговор до утре. 

–За време на викендот е одговорено на над 1.000 граѓани кои поднеле приговори. Се работи за дистрибуирани мејлови до соодветните институции, дали е тоа Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика... со цел да се проверат по матичен број, да се увиди дали се работи за техничка грешка и испуштање или за поднесен приговор, а лицето можеби не ги исполнува условите согласно уредбата. Сите кои треба да добијат, а поднеле приговор, ќе добијат платежна картичка, додека на останатите ќе им биде одговорено. Но, да имаме предвид дека процесот ќе потрае со оглед на големиот број мејлови, рече Ангеловска. 

Во однос на барањето на пасивните баратели на работа, министерката посочи дека ова е обемна мерка и дека се однесува на активните баратели на работа кои сакаат да бидат вработени. Лицата кои не бараат работа преку Агенцијата не соодвествуваат на таргет категоријата.

-Лимитот е поставен на одредено ниво и се работи за обемна бројка од 120 илјади. Да не заборавиме да напоменеме дека претседателот на Владата ги презентираше мерките и точно овој критериум на 17 мај беше посочен, така што 5.000 нови лица кои не биле пријавени како активни баратели се пријавија до 22 мај, до соодветниот рок. И тие лица влегоа во листата. Значи имаше и соодветен период во кој лицата кои бараат работа можеа да се пријават во Агенцијата за вработување, појасни Ангеловска. 

Таа посочи дека преку овие мерки се стимулира стопанството и економијата и се очекува да се амортизира ударот врз економијата. – Се е дизајнирано на тој начин да ги ублажи последиците врз економијата, подвлече Ангеловска. 

Промовирани огласи »

Од полноќ поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата, ова ќе биде новата цена од ноќеска

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапуваат за еден денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) ќе се продава за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40 денари за литар.

Со одлукаата на РКЕ за 0,273 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 24,886 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемните референтни цени на бензинот за околу 8,254 отсто и на дизелот за околу 6,666 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,206 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Промовирани огласи »

„Виз Ер“ ја продолжи до 13 јули суспензијата на сите летови од и до Македонија

Визер нема да лета од и до Македонија до 13 јули

Нискобуџетна авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 13. следниот месец.

-Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.  Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението.

Министерот за транспорт Горан Сугарески минатата денела изјави дека се разговара, но оти се уште е рано за одлука за отворање на аеродромите.

– Се разговара, но се уште е рано да се донесат такви одлуки, од страна на ТАВ беше побарано во наредниот период да се соопшти доколку Владата и Кризниот штаб одлучат да ги отворат, бидејќи ќе им требаат седум до 10 дена за тестирање. Се уште нема таква одлука, рече Сугарески.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродром Скопје.

Владата на седница во петокот утврди протокол за непречен транзит на странци преку Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродормот Скопје.

Промовирани огласи »

Странците можат да транзитираат низ Македонија, за македонските државјани неопходна изјава и корона тест

Странските државјани можат да тразнитираат низ Република Македонија, но смеат да се задржат во земјава максумум пет часа.

Странските државјани можат да тразнитираат низ Република Македонија, но смеат да се задржат во земјава максумум пет часа.

Според усвоениот владин протокол, транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска да не се излегува од автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу пет часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а да ја предата на излез на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот

Странските државјаните кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат гранични премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Аеродромот Скопје.

За македонски државјани, пак, граничните премини за излез од Северна Македонија се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.

При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »