Промовирани огласи »

Од полноќ поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата, ова ќе биде новата цена од ноќеска

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапуваат за еден денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) ќе се продава за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40 денари за литар.

Со одлукаата на РКЕ за 0,273 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 24,886 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемните референтни цени на бензинот за околу 8,254 отсто и на дизелот за околу 6,666 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,206 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Промовирани огласи »

„Виз Ер“ ја продолжи до 13 јули суспензијата на сите летови од и до Македонија

Визер нема да лета од и до Македонија до 13 јули

Нискобуџетна авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 13. следниот месец.

-Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.  Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението.

Министерот за транспорт Горан Сугарески минатата денела изјави дека се разговара, но оти се уште е рано за одлука за отворање на аеродромите.

– Се разговара, но се уште е рано да се донесат такви одлуки, од страна на ТАВ беше побарано во наредниот период да се соопшти доколку Владата и Кризниот штаб одлучат да ги отворат, бидејќи ќе им требаат седум до 10 дена за тестирање. Се уште нема таква одлука, рече Сугарески.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродром Скопје.

Владата на седница во петокот утврди протокол за непречен транзит на странци преку Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродормот Скопје.

Промовирани огласи »

Странците можат да транзитираат низ Македонија, за македонските државјани неопходна изјава и корона тест

Странските државјани можат да тразнитираат низ Република Македонија, но смеат да се задржат во земјава максумум пет часа.

Странските државјани можат да тразнитираат низ Република Македонија, но смеат да се задржат во земјава максумум пет часа.

Според усвоениот владин протокол, транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска да не се излегува од автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу пет часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а да ја предата на излез на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот

Странските државјаните кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат гранични премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Аеродромот Скопје.

За македонски државјани, пак, граничните премини за излез од Северна Македонија се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.

При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.

Промовирани огласи »

Србите се израдуваа откако Македонија им дозволи транзит до Грција

За нив не е забрането летувањето

Српските медиуми масовно ја пренесуваат синоќешната одлука на македонската Влада со која странски државјани ќе можат да останат во Македонија најмногу пет часа пред да излезат од земјата.

Северна Македонија само ќе го отвори преминот Богородица / Евзони кон Грција, кој од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Србија, додека Дојран останува затворен.

Владата на Северна Македонија усвои протокол за транзит на туристите на премините од аеродромот Скопје, Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Скопје.

Како што беше најавено по владината седница, транзитот на туристи подразбира влез на едниот граничен премин и излез на друг, а ќе може во Северна Македонија да останат максимум пет часа без скршнување од рутата.

Ова ќе биде потврдено со изјава која патниците ќе ја пополнат на влезот во Македонија, а потоа ќе ја предадат на граничната полиција кога ќе ја напуштат земјата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »