Промовирани огласи »

За помалку од месец дена, македонските државјани ќе можат да патуваат во Европската Унија. 

Eврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Твитер oбјави дека Европската Унија планира да ги отвори своите граници за македонските државјани на 1 јули. 

„Европската комисија препорача на 1 јули да се укинат ограничувањата за патувања за државјаните на Црна Гора, Северна Македонија и Србија, имајќи предвид дека епидемиолошката ситуација во овие земји е слична или подобра од онаа во Европската Унија“, напиша Вархеји.

Донесена е одлука за укинување на сите гранични контроли во рамките на Шенген зоната до 15 јуни.

Поради пандемијата на коронавирусот, границите беа затворени. 

  

Промовирани огласи »

ССМ: Компании иако земале државна помош не им исплатиле плати на работниците

ССМ бара субвенции на плати и во јуни, ама исплатата да е директно на сметка на работниците

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара мерката за финансиска поддршка за исплата на плати да важи и за јунската плата, но овие пари да се исплаќаат директно на сметките на работниците.

Ваквото барање, како што појаснува ССМ во денешното соопштение, е поради тоа што во изминатиот период имало информации за злоупотреби, како и поради пријавите дека на работниците им се исплаќа помал износ на плата од она што работодавачите го добиле како финансиска помош, а на некои и воопшто не им се исплаќале плати.

По укажувањето на ССМ за појави во одредени компании кога работодавачите иако добиле субвенции од државата во висина од 14.500 денари по работник за исплата на платата, на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош, а има и такви компании кои иако земале државна помош воопшто не исплатиле плати на работниците, Управата за јавни приходи информираше дека е во постапка на вршење на анализа на компаниите на кои им е исплатена финансиска поддршка и на податоците за пресметани и исплатени плати од нивна страна. За компаниите каде ќе бидат утврдени неправилности, Управата за јавни приходи по службена должност ќе ги достави податоците до Државниот инспекторат за труд  и заеднички и координирано ќе постапува, се вели во соопштението од ССМ и се додава дека до УЈП има стигнато претставки за непочитување на оваа мерка.

Промовирани огласи »

Сопственикот на „Зара“ затвора 1.200 продавници

„Зара“ ќе затвори 1.200 продавници во светот

Сопственикот на модниот гигант „Зара“ планира да затвори 1.200 продавници ширум светот. „Индитекс“, најголемиот светски продавач на облека, го најави затворањето откако извести дека паднала продажбата во првиот квартал поради пандемијата на коронавирус.

Компанијата, која поседува модни брендови межу кои се Zara, Massimo Dutti и Pull & Bear, има речиси 7.500 продажни места во 96 земји.

Затворањето на продавниците е дел од новата стратегија на шпанската компанија вредна 4,5 милијарди долари, која ќе инвестира во нови технологии со цел на клиентите да им го олесни купувањето преку интернет.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Иселување од студентските домови од 15 јуни до 3 јули

Иселувањето ќе почне во понеделник

Согласно со протоколот за иселување на студенти од објектите на државните студентски домови, кој Владата го усвои на вчерашната 64-та седница, Државниот студентски дом „Скопје"  соопшти дека иселувањето ќе почне во понеделник.

-Процесот ќе започне во понеделник на 15 јуни 2020 и ќе се спроведува во период до 3 јули 2020 година, во работните денови од 8 до 16 часот, објави на Фејсбук Дарио Николовски, директор на Државниот студентски дом „Скопје".

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »