Промовирани огласи »

Владата размислува за целосно укинување на полициски час

Вторнички, уште една убава вест :)

Владата на денешната седница се очекува да донесе и одлука за целосно укинување на полицискиот час. Извори од Комисијата за заразни болести брифираат дека ваква препорака доставиле до владата имајќи предвид дека граѓаните се почесто го прекршуваат ограничувањето на движењето. 

Претходно Скопје Инфо објави дека денес се очекува Владада да донесе одлука за отворање и почеток со работа на угостителските објекти во земјава. 

Промовирани огласи »

Која професија ќе биде најбарана по пандемијата?

Тоа може да се нарече професија на иднината.

Пандемијата поради корона вирусот го „затвори“ цел свет, направи многу промени во начинот на живеење и функционирање на луѓето, а од таму доаѓа и прашањето: „Која професија ќе биде најпотреба по крајот на пандемијата?“

Програмерите ќе бидат најбарани работници на пазарот на труд во наредните неколку децении.

Тоа го изјави директорот за дистрибуција на технологија во Yandex, Григориј Бакунов, за порталот Gazeta.ru.

Тоа може да се нарече професија на иднината. Токму овие експерти ќе го придвижат човештвото напред“, изјави тој.

Бакунов смета дека ИТ сферата може да се промени поради масовното преминување на луѓето на работа од далечина за време на епидемијата од коронавирус.

Пандемијата покажа дека програмерите можат да работат и од далечина. Во врска со тоа, луѓето кои живеат во оддалечени региони и мали градови имаат повеќе шанси добро да работат во сериозни компании – тоа е фундаментална промена“, истакна експертот.

Минатата недела, експерти од Институтот за прогресивно образование соопштија дека по пандемијата, веројатно ќе бидат барани советници за кризи, експерти за дигитализација, менаџери за SMM (деловна промоција) и содржини, како и експерти за управување со време.

Промовирани огласи »

План за управување со сомнителен случај на Ковид-19, потребно е да имаат сите хотели и туристички објекти во Грција, согласно здравствените протоколи од Министерството за туризам, додека пак хотелите со капацитет од 50 и повеќе соби, потребно е да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со евентуален позитивен случај, јави дописничката на МИА од Атина.

Секој туристички објект треба да одреди лице одговорно за спроведување на планот за справување со сомнителен случај на коронавирусот, како и лекар соработник.

Паралелно, предвидена е и обука на персоналот за начинот на пренесување на вирусот, за процесот за информирање на одговорните во хотелот како и гостите, за одржување на основните правила за лична хигиена итн.

Секој туристички објект треба да има архива со податоците за персоналот и гостите (име и презиме, националност, датум на пристигнување и заминување, телефонски број, мејл и сл) за доколку се појави сомнителен случај, да биде полесно пронаоѓањето на лицата кои биле во контакт.

Паралелно мора да се почитуваат и правилата за заштита на личните податоци.

На рецепција, треба да има антисептик за гостите, вработените да ја држат потребната дистанца, се препорачува да постојат информативни проспекти со основните здравствени упатства на неколку јазици, се препорачува пријавувањето и одјавувањето да биде по електронски пат, а плаќањето со картица.

Поставувањето заштитен плексиглас не е задолжително.

Во туристичките објекти и хотели, според протоколите од Министерството за здравство на Грција, се препорачува да се отстранат декоративните предмети, списанијата, каталозите, на далечинските управувачи за климите и телевизорите да се користи заштитна прекривка за една употреба, секојдневно да се проветруваат просториите и се препорачува во секоја соба да постои антисептик.

Веќе одредените, општи правила и прописи што важат за угостителските услуги, просторите за деца, за спа центрите и базените, за конференициските сали, продавниците и сл, истите важат и за конкретните делови доколку се во рамките на хотелите.

Хотелите кои работат во текот на целата година ќе се отворат на 1 јуни, додека пак останатите туристички објекти, две седмици подоцна, односно на 15 јуни 2020 година.

Во здравствените протоколи на Министерството за туризам на Грција, како што објави МИА, вклучени се и организираните кампови, кои исто така треба да имаат план за управување со сомнителен случај на Ковид-19.

Меѓу влезовите на камп приколките, шаторите и слично, треба да има растојание од пет метри и три метри странично.

Во однос на туристичките автобуси, треба да работат со 50 отсто од капацитетот,  на влезот треба да има антисептик, а за сите патници за целото патувањето, задолжително е носењето маска. Се препорачува често проветрување на автобусите и темелно дезинфицирање после секое патување или на крајот од смената.

Компаниите што управуваат со автобусите потребно е да имаат план за управување со сомнителен случај на Ковид-19, доколку кај некој од патниците се појават симптоми. (МИА)

Промовирани огласи »

Градинките се отвораат следната недела, а границите на средина на јуни

Секој што ќе се врати од странство оди во самоизолација.

Кон почетокот на јуни ќе почнат со работа градинките, а очекувањата се границите да се отворат кон средината на  јуни. Оние лица пак, кои со хуманитарни летови влегуваат во државата, треба да приложат ПЦР тест за коронавирусот и наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатат во задолжителна домашна самоизолација.

Токму средината на јуни, според министерот за здравство, Венко Филипче е најразумен период кога би требало да се отворат границите, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

-Средина на јуни се очекува отворање на границите. Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче.

За оние лица кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, воведени се нови промени.

Согласно одлуката на Владата, тие пред влегување на територијата на државата треба да приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа, и наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

-Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, соопшти во текот на вчерашниот ден Владата.

И покрај очекувањата да се релаксираат мерките, министерот за здравство, Венко Филипче вчера истакна дека постои уште еден начин на пренесување на вирусот, што во моментов кај нас е актуелен, а тоа е преку близок респираторен контакт.

-Повеќе настани, повеќе семејни настани во меѓувреме се случија од каде што излегоа нови пациенти, меѓутоа во основа е истиот механизам на таков респираторен близок контакт, за жал непочитувајќи ги мерките кои се сега во сила, рече Филипче. (МИА)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »