Промовирани огласи »

За платежните картички ќе биде потребно време да се изработат

Додека граѓаните ги чекаат парите за трошење од Владата

Нина Ангеловска, министерката за финансии, на денешната прес-конференција најави дека ќе биде потребно време да се изработат платежните картички за социјално ранливите структури на граѓани, нископлатените работници, студентите и средношколците и според рокот, тие треба да им бидат издадени преку банките во јуни или јули.

- Аплицирањето сакаме да биде најлесно и наједноставно за граѓаните да ја добијат картичката, но и за банките како издавачи. Да се минимизира правењето гужви. Да се насочи каде што треба, кон домашните производи. Ќе треба постерминалите да се сетираат по шифрена дејност каде таа картичка ќе може да поминува. Картичката треба и да се сетира дека од неа нема да може да се подигнува готовина. Станува збор за пософистицирано користење на платежните методи, рече денеска Ангеловска.

Како што рече таа, со нив ќе се отвори можност да се забрза електронското банкарство

- Со традиционално решение, со хартија, многу проблеми же останат нерешени, смета министерката.

Во рамки на третиот пакет мерки, граѓаните ќе треба за трошење да добијат 25 милиони евра преку платежните картички.

Промовирани огласи »

ССМ: Недела да биде неработен ден за сите работници

Синдикатите бараат недела да биде неработен ден за сите

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека здравствена криза предизвикана од КОВИД-19 покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.

-Во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден, соопшти ССМ.

Воедно потсетува дека покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство во насока на заштита на работничките права и обезбедување баланс меѓу работата и семејството, ССМ веќе предложи ден на неделен одмор да бидат и сабота и недела.

-Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор. Анализите и примерите  покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството, за одмор и професионално надградување и дообразување, поврзано и со здравјето на работниците, а обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи ниту бизнисот, ниту работниците и граѓаните, оценува Сојузот.

ССМ смета дека со унапредување на работничките права и со создавање правна рамка за почитување на демократските вредности ќе се изнајде правно решение со кое недела ќе биде неработен ден.

-Ваквата иницијатива на ССМ веќе се покажува и во пракса и голем број работодавачи своеволно ја прогласија недела за неработен ден. Тоа е примерот што треба да го следат и останатите работодавачи, како и Владата, наведува ССМ.

Промовирани огласи »

Грција ќе прима туристи само од 19 држави и нема потреба од корона тест

Ова се првите држави од каде ќе може туристите да летуваат во Грција

Планот за рестартирање на туризмот на Грција што го презентираше министерот за туризам, Хари Теохарис, предвидува дека од 15 јуни, Грција ќе дозволи влез на туристи само од 19 држави. Тие се избрани врз основа на епидемиолошките критериуми.

Дополнително, Теохарис истакна дека за туристите кои ќе доаѓаат во Грција нема да биде потребно да прават тест за корона вирусот, ниту пак ќе бидат во карантин по пристигнувањето.

Според СКАЈ, првите туристи на кои Грција ќе им дозволи својот годишен одмор да го поминат таму се од следните 19 држави: 

Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Северна Македонија, БиХ, Хрватска, Полска, Унгарија, Словачка и Чешка. 

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

Најатрактивна припејд понуда на пазарот лансираше компанијата А1. Сите нови корисници на припејд услуги добиваат 10 GB интернет.

Поаѓајќи од зголемената потреба од гигабајти, неопходни за комуникација, забава и нови возбудливи доживувања, А1 Македонија креираше понуда која ќе ги задоволи токму овие потреби на корисниците, соопштуваат од компанијата.

Со активација на А1 Припејд СИМ –картичката од 299 денари или пак со А1 Duo од 399 денари, корисниците добиваат почетен пакет од 10GB интернет. Дополнително, покрај овие 10 GB интернет, сите нови припејд корисници на А1 добиваат и: неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата, 50 денари кредит кој може да се искористи по желба на корисникот, како и активација на пакетот А1 Пријатели со кој 30 дена се добиваат бесплатни и неограничени разговори со сите А1 Припејд корисници.

Промотивните 10GB интернет можат да се искористат во првите 2 недели од активирањето на СИМ картичката. По истекот на промотивниот период наведените пакети автоматски се обновуваат и тоа месечниот пакет со 10GB интернет за 499 денари, неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 денари и месечниот пакет A1 Пријатели за 59 денари.

Постоечките А1 Припејд корисници можат да го активираат месечниот пакет со 10GB интернет преку испраќање СМС порака на 1410 со текст – „START MESECEN 10GB“ за 499 денари.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »