Промовирани огласи »

Грција ќе прима туристи само од 19 држави и нема потреба од корона тест

Ова се првите држави од каде ќе може туристите да летуваат во Грција

Планот за рестартирање на туризмот на Грција што го презентираше министерот за туризам, Хари Теохарис, предвидува дека од 15 јуни, Грција ќе дозволи влез на туристи само од 19 држави. Тие се избрани врз основа на епидемиолошките критериуми.

Дополнително, Теохарис истакна дека за туристите кои ќе доаѓаат во Грција нема да биде потребно да прават тест за корона вирусот, ниту пак ќе бидат во карантин по пристигнувањето.

Според СКАЈ, првите туристи на кои Грција ќе им дозволи својот годишен одмор да го поминат таму се од следните 19 држави: 

Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Северна Македонија, БиХ, Хрватска, Полска, Унгарија, Словачка и Чешка. 

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

Најатрактивна припејд понуда на пазарот лансираше компанијата А1. Сите нови корисници на припејд услуги добиваат 10 GB интернет.

Поаѓајќи од зголемената потреба од гигабајти, неопходни за комуникација, забава и нови возбудливи доживувања, А1 Македонија креираше понуда која ќе ги задоволи токму овие потреби на корисниците, соопштуваат од компанијата.

Со активација на А1 Припејд СИМ –картичката од 299 денари или пак со А1 Duo од 399 денари, корисниците добиваат почетен пакет од 10GB интернет. Дополнително, покрај овие 10 GB интернет, сите нови припејд корисници на А1 добиваат и: неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата, 50 денари кредит кој може да се искористи по желба на корисникот, како и активација на пакетот А1 Пријатели со кој 30 дена се добиваат бесплатни и неограничени разговори со сите А1 Припејд корисници.

Промотивните 10GB интернет можат да се искористат во првите 2 недели од активирањето на СИМ картичката. По истекот на промотивниот период наведените пакети автоматски се обновуваат и тоа месечниот пакет со 10GB интернет за 499 денари, неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 денари и месечниот пакет A1 Пријатели за 59 денари.

Постоечките А1 Припејд корисници можат да го активираат месечниот пакет со 10GB интернет преку испраќање СМС порака на 1410 со текст – „START MESECEN 10GB“ за 499 денари.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Промовирани огласи »

Младите ќе добијат ваучери од 3.000 до 60.000 денари помош од Владата

Со 12 милиони евра, Владата ќе ги помага младите и нивната куповна моќ, преку три мерки кои ги воведува за нив.

Во рамки на третиот пакет економски мерки од КОВИД-програмата, 405 милиони денари се наменети за Министерството за образование. 


Ресорниот министер Арбер Адеми на својот фејсбук-профил објави дека средствата ќе бидат поддршка за учениците, студентите и младите.

– Ваучери од 6.000 денари се наменети за студенти кои потекнуваат од семејства со ниски приходи за покривање на партиципацијата за студирање, сместување во домови, приватно сместување итн. Ваучери до 30.000 денари се за кофинансирана обуки и академии, за информатика и дигитални вештини и ваучери од 3.000 денари по студент што може да се користи за услужни активности според кодот на активноста, напиша Адеми за поддршката од новиот пакет мерки за ублажување на последиците од пандемијата кои ги донесе Владата и денеска ги соопшти премиерот Оливер Спасовски. /МИА

Промовирани огласи »

Понеделник неработен ден за сите граѓани

Подгответе се за споен викенд, а потоа и за уште еден

Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството информира дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на Република Северна Македонија – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »